Полу-градоначалникот на општината Аеродром, Дејан Митески, ги става активностите на Јавното претпријатие Комунална хигиена во контекст на некакви политички игри на зброви, иако фактите го говорат сосема спротивното. Цела година уште полу градоначалникот на ВМРО ДПМНЕ кој нема ниту пола проект реализирано и не е способен ниту да ја искоси тревата на зелени површини под општинска надлежност, лаже дека чистел смет на Комунална хигиена.
Митески објавил еден куп фотографии каде што вработените во неговата општина собираат кабаст отпад, сите до една снимени во рамките на изминатата недела откако е започната неговата официјална општинска акција за собирање кабаст отпад. Па секако доколку имате акција дека ќе има и фотографии како го собирате отпадот господине Митевски, кога ги повикавте граѓаните да го фрлаат на тие локации. Не разбираме зошто треба друг да ви е крив за вашата неспособност да си го соберете отпадот од акцијата која самиот ја организирате, па уште и да сакате градот или Комунална хигиена да собира тоа што е ваша обврска.
Уште еднаш ве потсетуваме дека вакви активности екипите на ЈП Комунална хигиена Скопје спроведуваат 365 дена во годината, вашата општина е преполна со непрописно одложен кабаст отпад, дури и сега додека трае вашата акција, повторно неправилно се одлага кабаст отпад на јавни површини на целата територија на општината Аеродром. Од друга страна, вашите вработени продолжуваат отпадот што го собираат во канти низ сервисните реони што се во ваша надлежност да го исфрлаат во контејнерите наменети за одлагање комунален отпад. Ниту еднаш не сме забележале како по метењето или чистењето на сервисните улици собраните отпадоци се собираат со општински возила. Буквално секојдневно тој смет се исфрла во контејнерите на ЈП Комунална хигиена Скопје и потоа станува наша обврска за собирање и транспорт.
Се прашуваме што е всушност ваш интерес и за што служат овие секојдневни напади врз Претпријатито и Градот Скопје? Зошто не воведете ред на терен преку санкционирање на прекршителите на Законот за јавна чистота коишто секојдневно одлагаат кабаст и друг вид на отпад на јавни површини? Колку вакви прекршители сте санкционирале во текот на изминатиот месец, на пример? Господине Митевски, на вашата општина многу повеќе би и помогнале со спроведување продуктивни активности, отколку преку секојдневно пласирање невистини и напади врз ЈП Комунална хигиена-Скопје. Ама и очекуван е ваков популизам од полу-градоначалник без ниту еден проект реализиран во својот мандат.