19.8 C
Скопје
09/05/2025 18:38
МАКТЕЛ

     

Јубилејна изложба „90 години од раѓањето на Стефан Маневски (1934 – 1997)“

      

Ве известуваме дека Националната галерија на Македонија ја подготвува јубилејната изложба „90 години од раѓањето на Стефан Маневски (1934 – 1997)“. Одбележувањето на 90-годишнината од раѓањето на Стефан Маневски (1934 – 1997), еден од најинвентивните македонски скулптори, чие творештво е особено важно за еволуцијата на македонската скулптура, е во сообразност со задачата на Националната галерија да ги чува и презентира најсеопфатно можно достигнувањата на најзначајните македонски уметници земајќи ја предвид улогата што ја имале во создавањето и трасирањето на тековите на македонската модерна и современа уметност. Изложбата ќе биде отворена на ден 23.4.2025 година (среда), во 20 часот, во објектот Даут пашин амам.

Местото што го зазема Стефан Маневски во македонската историја на уметноста се должи на неговиот исклучително индивидуален, автентичен и рафиниран однос кон скулпторскиот израз, кој следи една логична и нагорна развојна линија, особено нагласена во неговата продлабочена визија за трансформација на металот, материјал што за него нуди бескрајни експериментални можности низ кои ги преточува повеќеслојните естетски егзистенцијални доживувања на современиот свет.

   

Започнувајќи ги својот творечки пат и креирањето, односно дефинирањето на својот препознатлив авторски израз на Академијата за ликовни уметности во Белград (која ја завршува во 1960 година, а подоцна и специјализира на истата академија во 1963 година) преку дела во кои е иницирано надраснувањето на академска пластичност. Раскинувањето со класичните поуки се надополнува со пројавени реминисценции кон архаичната пластика на старите народи со нивната тотемска идолатриска поедноставеност на формата, која сепак останува во доменот на асоцијативната фигурација во делата работени во гипс, со архаистична строга фронтална поставеност и расчленети површини. Строгата и нагласено вертикална моделација која постепено добива надреални белези, како навестување за понатамошните интереси на авторот. Понатамошните истражувања уметникот ќе ги насочи кон анализа и расчленување на вертикалата, како и кон спроведување извесен симболично-декоративен концепт, при што делото се разрешува како вертикала, со завршница во форма на диск во кој е впишан зракаст мотив. Неговите скулптури во седмата деценија на ХХ век се под влијание на неговите професори Кратохвил и Петровиќ, кога го развива конструктивистичкиот градителски пристап кон формата, за почеток како своевиден ангажиран пристап со егзистенцијалистички призвук.

Маневски Стефан, Без наслов, 1984, обоен декопиран плех

Енформелистичките тенденции и доживувањето (и претставувањето) на егзистенцијалистичките немири и дилеми во уметноста се „совпаѓаат“ со почетокот на скулпторскиот израз во метал на Стефан Маневски. Тој започнува да ги користи изразните можности на металот критикувајќи го модерниот техницизам и цивилизациските придобивки, а металните отпадоци и апаратот за заварување беа главен негов реквизитариум во оформувањето на облиците, на објектите и во структурирањето на разиграните динамични површини. Тотемските фигури на Маневски сега го продолжуваат својот развој и живот во иста вертикална насоченост, со завршница на кружен диск или раскрилена форма (на врвот на обелиск), концентриран околу одредено „светлосно“ јадро, при што во оваа скулптура на материјата го потенцира материјалот – металот и металните делови, металните остатоци кои се вклопени во целината што личи на филигран, како носители на значењето.

Кон крајот на седумдесеттите години, конструктивистичките преокупации на Стефан Маневски се насочени кон создавање творби кои се навидум вклопени во одредена рамка, но пулсирањето на скулптурите и/или нивните делови се базира врз мултипликација на еден брановиден линеарен мотив што ги потенцира спротивностите на материјалот, односно хармоничната испреплетеност на брановидните ленти. Како спротивност се дефинира играта на светло – сенка, постигната низ односот на ритмичност и статичност на формите, односно на суптилните поп-артистички референции во монохроматскиот нанос на бојата која е нанесена на широките статични партии, наспроти сјајот на динамичните форми, со што во овие скулптури особено доаѓа до израз техничката и технолошка совршеност на изработката, со нагласена рационална и естетска природа на релјефност, движење, линеаризам и веќе пројавената тактилност.  Последните скулптурални остварувања на Стефан Маневски се фокусирани кон егзистирањето на еден примарен брановиден облик со комплетно редуцирање (отфрлање) на сегментите со малите метални брановидни ленти. Всушност, овие дела, изведени во боен метал, со компактен волумен, се чини дека издвоено ја претставуваат, со извесно предимензионирање, токму онаа единствена брановидна линија што во претходните остварувања беше со минимални димензии и мултиплицирана.

Маневски Стефан, Композиција, , молив во боја, хартија, Маневски Стефан, Композиција, , молив во боја, хартија

Иако првенствено препознаван според скулпторската практика, Стефан Маневски негува особен интерес за цртежот и графиката, кои се исто така многу високо вреднувани. Стефан Маневски со своите цртежи создава сложени асоцијативно-симболични опстановки. Неговата често композитна техника, во која цртежот како обичен потег на перото или на четката алтернира со боени плохи или колажи на колористички исечоци (обично исполнети со форми од светот на техниката и механиката), е погоден инструмент за такви настојувања. Кореспонденцијата на цртежите со скулптурите на Маневски, во ликовно-пластична смисла, не се одвива толку во насока на директна заемна формативна, обликовна сличност. Меѓутоа, нив ги сврзува токму мисловно-емоционалната атмосфера која им е заедничка. Во цртежите, меѓу фини градации на колористички површини, во кои е втиснато чувството на одминување, на патина, на преплетување на органското со механичкото, се раѓа необична симболика на форми: чудна асоцијативност на некакви тотемско-сакрални објекти и, од друга страна, на ‘технички‘, ‘машинизирани форми.

Стефан Маневски е роден на 25 декември 1934 година во Скопје, од мајка Тана и татко Ристо. Во 1954 година го завршува средното образование во Средното уметничко училиште во Скопје. По две години се запишува на Академијата за ликовни уметности во Белград, каде што дипломира во 1960 година. Уште како студент, во 1957 година ја добива првата награда, поточно III награда за скулптура на Универзитетскиот одбор на белградските студенти. Маневски во 1963 година ги завршил постдипломските студии на истата академија во класата на професорот Јован Кратохвил. Истата година се враќа во родното Скопје и се вработува како наставник по ликовно образование во ОУ „Кирил и Методиј“, кое се наоѓа во центарот на градот. Се зачленува во Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ) во 1963 година и оттогаш започнува активно да твори и изложува. Во 1965 година, во Работничкиот дом во Скопје била отворена неговата прва самостојна изложба, куратор на изложбата бил Влада Урошевиќ. Сè поприсутен во уметничката јавност, Маневски освојува уште повеќе награди, меѓу кои во 1968 година ја добива наградата „11 Октомври“ за скулптура. Истата година во Музејот на современата уметност – Скопје (МСУ) ќе биде отворена уште една негова самостојна изложба, за која Борис Петковски ќе напише: „Стефан Маневски припаѓа на оној дел на македонските современи ликовни уметници, во чие творештво се обликува една димензија од извонредна важност за нашата ликовна култура“. Во 1971 година, Маневски престојува во Париз како добитник на стипендијата „Моша Пијаде“, а следните години започнува да остварува поголеми зафати, на пример, релјефот „Монументален релјеф“ (боен метал и панел, 4 х 2,5 м) од 1978 година во просториите на тогашната Комерцијална банка во Скопје. Со отворањето на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1980 година и потребата за професионален кадар, во 1981 година е вработен и Маневски, кој во два мандата бил декан на факултетот во период од 1988 – 1989 и 1995 – 1997 година. Во 1984 година, во Уметничката галерија (денес Национална галерија) била отворена неговата петта самостојна изложба, за која се назначува дека „неговото творештво е од особено значење за еволуцијата на македонската скулптура“. Едно од неговите последни остварувања е изработката на монументалниот релјеф „Без наслов“ (1993, обоен метал и панел, 5,65 х 1,80 м) во фабриката „Раде Кончар“ во 1993 година. Починал ненадејно во Скопје на 12 јули 1997 година, на возраст од 62 години.

Куратори на изложбата се Маја Чанкуловска Михајловска и Маја Неделкоска Брзанова, а текстовите се на Викторија Васева Димеска и Маја Чанкуловска Михајловска. Изложбата е дел од програмските активности на Националната галерија за 2025 година, кои се финансиски поддржани од Министерството за култура и туризам. Националната галерија им изразува особена благодарност за соработката за подготовката на изложбата и каталогот на семејството Маневски; Музејот на современата уметност, Скопје и Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид.  

Изложбата ќе биде поставена три до четири недели со можност на продолжување во рамките на нашиот програмскиот календар.

    

Најново

(ВИДЕО) 360 СТЕПЕНИ: Почна и менувањето закони за да се казнува со камерите на МВР – ова ќе биде постапката

Sase Ivanovski

Камник Био Органик: ПРВА И ЕДИНСТВЕНА ФАРМА ВО МАКЕДОНИЈА СО СЕРТИФИЦИРАНИ ОРГАНСКИ ЈАЈЦА ОД ОТВОРЕНИ ПАСИШТА

Sase Ivanovski

БЕРЕТЕ ИМ ГАЈЛЕ НА ФИСКАЛНИТЕ КАСИ Важно предупредување од УЈП до сите даночни обврзници

Sase Ivanovski

ПРЕСУДАТА ЗА ВАСИЛ ЈОВАНОВ ЌЕ БИДЕ ИЗРЕЧЕНА НА 13 МАЈ Семејството бара максимални 20 години затвор, одбраната бара да престане линчот

Sase Ivanovski

ДЕЦА СО ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА СЕДАТ ДОМА ОТИ ДНЕВНИТЕ ЦЕНТРИ НЕ НАБАВИЛЕ ГОРИВО ЗА СПЕЦИЈАЛНИТЕ КОМБИЊА Од Министерството очекуваат проблемот наскоро да се реши

Sase Ivanovski

РУДАРСТВОТО ТОНЕ Излезот на економијата е во зелената транзиција

Sase Ivanovski

„ПОТАМАНИЛЕ“ ПОЛОВИНА МИЛИОН ЕВРА ПРЕКУ ЗЛОУПОТРЕБИ СО ПРЕВОЗ НА УЧЕНИЦИ Поднесени пријави против екс-директорка на средно училиште во Куманово, 2 фирми и 6 вработени во МОН

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 200 СУДИРИ ЗА ЕДЕН ДЕН, УКРАИНСКИ ДРОН ЈА НАПАДНА АДМИНИСТРАЦИЈАТА ВО БЕЛГОРОД Киев и Москва се обвинуваат за кршење на тридневното примирје

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КАДЕ БЕШЕ ВУЧИЌ НА ПАРАДАТА, А КАДЕ НА ВЕЧЕРАТА? Српските медиуми се поделени за приемот на српскиот лидер во Москва

Sase Ivanovski

ЛИСТА НА ГРАДОВИ НАЈДОБРИ ЗА ЗДРАВЈЕТО НА ЛОКАЛЦИТЕ И ТУРИСТИТЕ: Која европска метропола е лидер?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Снимка од пукањето во Штип, но и бркањето на пукачот по автопат

Sase Ivanovski

Либертас: Мицкоски тргнал на патување од „приватен карактер“ – По закон должен е да ја извести јавноста дека е надвор од земјата, но тој заминал „тајно“

Sase Ivanovski

Апасиев нема мандат да зборува во име на македонскиот народ

Sase Ivanovski

ГЕРАСИМОВСКИ: Електронски упис на првачиња во Центар, постапката за запишување во прво одделение никогаш полесна

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Васил Јованов призна вина за смртоносното прегазување на Фросина Кулакова на пешачки премин

Sase Ivanovski

Приведени лицето кое пукаше и четворица помагачи, сите турски државјани, во врска со синоќешното убиство во Штип

Sase Ivanovski

Трамп предлага намалување на царините за Кина на 80 проценти

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) ГОРДОСТ НА СДСМ, УЧИЛИШТЕТО КИРО ГЛИГОРОВ ВО КАПИШТЕЦ НАВИСТИНА ИМПРЕСИОНИРА

Sase Ivanovski

Бримора за МИА: Посетата на претседателот на Советот на ЕУ на Скопје силен сигнал дека ја поддржуваме државата

Sase Ivanovski

Сијарто ги отфрли наводите за унгарска шпионска мрежа во врска со Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Маж со нож се шеташе и закануваше по Широк Сокак, по пријавата на ТВ21 итно е уапсен

Sase Ivanovski

Имам грижа на совест и носам голем товар за тоа што го сторив и не можам да ви објаснам какво каење чувствувам, рече Јованов во завршниот збор

Sase Ivanovski

ЗНАМ со реакција: Максим Димитриевски не е предавник. Тој е огледало

Sase Ivanovski

Николоски може да праша во ВМРО-ДПМНЕ од каде е информацијата за 5-6 милијарди евра од странство

Sase Ivanovski

ГЕРАСИМОВСКИ: Да се стане родител е најголемата чест, но и најголемата обврска. Затоа сме тука – да подадеме рака, да ги охрабриме и да ги потсетиме родителите дека не се сами

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Човекот што висеше на бандера во Скопје: Толку брзо ли го заборавивте Кочани? Дојдоа деца без прсти, дај да им помогнеме!

Sase Ivanovski

Велковска кажуваше дека не ја дава лиценцата додека е жива, но по десет години Македонија оди на Мис на свет во организација на Шаќир Села!

Sase Ivanovski

Мерц: За царините со САД членките на ЕУ можат да преговараат само заедно

Sase Ivanovski

Полицијата вчера напиша 777 сообраќајни казни, најмногу за непрописно паркирање и брзо возење

Sase Ivanovski

Малолетник од Тетово добил труење од алкохол во Струга

Sase Ivanovski

Рокас: Тешките времиња се можност да ги подобриме работите на долг рок

Sase Ivanovski

ГЕРАСИМОВСКИ: По повод Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, Општина Центар организираше обука за ракување со противпожарни апарати

Sase Ivanovski

Затворениците во затворот во Струга започнаа штрајк поради укинувањето на викендите што им следуваат

Sase Ivanovski

Малолетничка од Скопје од дома зела 25.000 евра за да им даде на соученици кои ѝ се заканувале

Sase Ivanovski

Костовски: Голем број членови на движењето ЗНАМ се враќаат во СДСМ, разочарани од она што се случува

Sase Ivanovski

Брошот на Тамара – симбол за реалноста во која живееме!

Sase Ivanovski

Толку ли брзо го заборавивте Кочани: Човекот кој беше врзан на плоштад во Скопје апелираше за помош на настраданите

Sase Ivanovski

ЕВН волонтираше во рамки на еколошката акција „Генералка викенд 2025“

Sase Ivanovski

Муцунски од Украина: Поддршка за безусловен прекин на огнот од страна на Русија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЉУБЧО: ПАРИТЕ ЗА БИЗНИСИТЕ МИ СЕ ОД КРЕДИТИ

Sase Ivanovski

Момчето од Кочани кое денеска со часови беше залепено за бандера на плоштадот во Скопје, се симна и прозборе пред јавноста

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЉУБЧО: БРЗАТА ПРУГА Е ПРОЕКТ НА СРБИЈА, НИЕ СЕ ЛЕПИМЕ НА ТОА КАКО КЛЕНОВИ

Sase Ivanovski

КОЈА Е СРПСКАТА АЛТА БАНКА ШТО ЈА „ПИКИРА“ НАШАТА СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА – ова се податоците за нејзината сопственост и профити

Sase Ivanovski

ПРЕДЛОГОТ ЗА КАНДИДАТ ЗА ИДЕН ГУВЕРНЕР ЌЕ СЕ ЗНАЕ НА ПОЧЕТОКОТ НА СЛЕДНАТА НЕДЕЛА – кој ќе седне на престижната функција во Народната банка

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЉУБЧО: Во градежната фирма до скоро имав околу 100 вработени, сега имам 20

Sase Ivanovski

ФЕД ГИ ЗАДРЖА КАМАТНИТЕ СТАПКИ И ПОКРАЈ ПРИТИСОКОТ НА ТРАМП – економијата и понатаму е под притисок поради царините

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЉУБЧО: Профитните маржи на банките се 100 пати поголеми од тие на маркетите, но јавноста е гневна на маркетите?!

Sase Ivanovski

ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА ГИ ШОКИРАА ТУРИСТИТЕ: Еве што да очекувате сезонава во омиленото летувалиште

Sase Ivanovski

„ДА ВИ КАЖАМ КОГА ЌЕ СЕ ВРАТАМ ДА ЛЕЖАМ ЗАТВОР…“ – Горан Ангелов Ќосето со остра реакција за укинувањето на притворот на Јахоски

Sase Ivanovski

„НАРОДНА БАНКА ПОКАЖА ОТПОРНОСТ ВО СПРАВУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИТЕ“: Кјобе, шефицата на Мисијата на ММФ во Македонија

Sase Ivanovski

ВО НЕГОТИНО Е ТРЕТИРАНО: Стручни лица ќе проверат од Кавадарци до Гевгелија дали се раширил отровниот плевел

Sase Ivanovski

ВОЈНИЦИ, АРТИЛЕРИЈА, АВИОНИ… Еве колку чини воената парада во Москва

Sase Ivanovski

Просечна плата во МЕПСО забрзано се движи кон 1.000 евра

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Љубчо Георгиевски во „Бизнис муабети“: Најдобрите економски години за Македонија беа кога јас бев на власт

Sase Ivanovski

Фактор анализа ВЕЛЕС 2024: Кој го дрма Велес? Еве ги најголемите фирми во градот на Гемиџиите!!!

Sase Ivanovski

РАФУНА И АЗЕСКИ ВО СКОПЈЕ РАЗГОВАРАА ЗА НОРМАЛИЗИРАЊЕ НА ПРОТОКОТ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ НА МАКЕДОНСКО-КОСОВСКАТА ГРАНИЦА

Sase Ivanovski

АЗЕСКИ: Комората во изминатиот период, исполнет со кризи, покажа дека е можно кризите да се претворат во шанса ако се има јасна цел, а таа е доброто на државата

Sase Ivanovski

КОЈ ЌЕ БИДЕ НОВИОТ ГУВЕРНЕР НА МАКЕДОНИЈА – се споменуваат четворица кандидати, кого ќе предложи претседателката

Sase Ivanovski

ЦЕНИТЕ НА АВТОМОБИЛИТЕ СКОКААТ ЗА 40 ПРОЦЕНТИ! Реномирани производители тврдат дека за пет години возилата нема да бидат достапни за граѓаните

Sase Ivanovski

РЕКТОРКАТА НА УКИМ, БИЛЈАНА АНГЕЛОВА ЗА ФАКТОР: Новите згради на ФИНКИ И ФФОСЗ ќе ја зачуваат бруталистичката архитектура

Sase Ivanovski

ЗБОРУВА 7 ЈАЗИЦИ И ГО САКА ТЕНИСОТ: Кој е Роберт Франсис Превост, новиот папа – ова е неговиот пат до поглавар на Католичката црква

Sase Ivanovski

Колку заработија најголемите фотоцентрали во Македонија лани?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Љупчо Георгиевски: Десет години работев со маркети, но ги затворив – профитните маржи беа ниски

Sase Ivanovski

Фактор анализа БИТОЛА 2024: Бабам Битола – големи бизниси! Кои фирми направија од 10 милиони евра па нагоре?

Sase Ivanovski

НАРОДНАТА БАНКА КАЖА НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ЛАНСКАТА ДОБИВКА НА ДОМАШНИТЕ БАНКИ – профитот, сепак, растел побавно од претходната година

Sase Ivanovski

Ќе има ли Македонија државни енергетски капацитети – планови и инвестиции? Божиновска за ТВ24: „Најдобро е државата сама да ги гради“

Sase Ivanovski

Кој е „идеалниот“ број на сексуални партнери? Студијата ја открива слатката точка – и тоа не е она што мислите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЉУБЧО: ДВА ПАТИ СЕ ВИДОВМЕ СО МИЦКОВСКИ ОТКАКО СТАНА ЛИДЕР НА ВМРО ДПМНЕ, НО ОЧИГЛЕДНО ЗА НИШТО НЕ СЕ РАЗБРАВМЕ

Sase Ivanovski

Реакција на прес-конференција на Советничката во Советот на општина Куманово од СДСМ Атина Мургашанска, одржан на 09.05.2025 година

Sase Ivanovski

(ВИДЕО+ФОТО) Министерство за внатрешни работи: Министрите Тошковски и Дачиќ потпишаа договор за „One Stop“ систем со едно застанување и брза заедничка контрола, имплементација пред летната сезона

Sase Ivanovski

Месна заедница Галичник: ПОТРЕБНА Е ИТНА САНАЦИЈА НА ПАТОТ ВО ГАЛИЧНИК

Sase Ivanovski

(ФОТО) Општина Куманово – Панихида во спомен на загинатите бранители од Диво насеље

Sase Ivanovski

(ДЕН ПОТОА) ТАМАРА ТОДЕВСКА: ЕМОЦИИ, МУЗИКА И ЉУБОВ – ДА ОСТАНЕМЕ ОБЕДИНЕТИ

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Директорот на БЈБ, Јанев на работна средба во касарната „Ѓорче Петров“ и СВР Куманово

Sase Ivanovski

Миистерство за внатрешни работи: Кривична пријава против поранешна директорка на средно училиште од Куманово, шест вработени во Министерството за образование и наука, две правни лица од Куманово и нивните сопственици за злоупотреба на постапката за доделување договор за превоз на ученици

Sase Ivanovski

(ФОТО) СКРИЕНОТО ТРЕТО: Некаде помеѓу присуството и отсуството

Sase Ivanovski

Ден на Европа – прослава на единство, култура и поврзаност

Sase Ivanovski

ИНЖЕНЕРИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА: 54 МИЛИОНИ ЕВРА СЕ ТРОШАТ БЕЗ КОРИСТ – ПОТРЕБНА Е РЕАКЦИЈА ОД ОБВИНИТЕЛСТВОТО

Sase Ivanovski

(ФОТО) ГАШИ – ЧЕЗА: ЧЛЕНСТВОТО ВО НАТО ЗНАЧИ ЗАЕДНИЧКИ ВРЕДНОСТ И СПОДЕЛЕНА ОДГОВОРНОСТ

Sase Ivanovski

Викторија Трајков ќе учествува на панел-дискусија насловена: Патот на Македонија кон ЕУ-предизвици и можности во 2025 година!

Sase Ivanovski
Вчитувам....