Кандидатот за претседател на Јужна Кореја, Ли Џе-мјунг, предложи враќање на воена телефонска линија меѓу Сеул и Пјонгјанг. Џе-мјунг вели дека ризиците мора да се елиминираат за да се оживее економијата и да се обезбеди стабилност во животот на луѓето. Ли Џе-мјунг ги повикува двете страни да се воздржат од дејствија што предизвикуваат тензии.
Од април 2023 година, Cеверна Кореја престана да одговара на закажаните повици на воената телефонска линија. Откако Пјонгјанг лансираше шпионски сателит таа година, Сеул делумно се откажа од договорот од 2018 година за намалување на воените тензии. Како одговор, севернокорејците објавија целосно повлекување од договорот. Јужна Кореја конечно се откажа од неговото спроведување во летото 2024 година.