Судот во Јужна Африка ги отфрли тврдењата за геноцид врз белите луѓе во таа земја како измислени и нереални обвинувања, а во својата одлука ги оспори тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот советник Илон Маск. Оваа одлука беше донесена откако истиот суд ја блокираше донацијата на милијардерот од Грантланд, Мајкл Бреј, за белата супрематистичка група Boere Legion, наведува Би-Би-Си, наведувајќи дека Бреј сакал да донира 2,1 милиони долари на групата за да и помогне да продолжи да шири пораки за расна омраза и поделеност.
Во образложението на судот се нагласува дека оваа донација е незаконска, нејасна и спротивна на јавниот интерес. Пред тоа, Доналд Трамп зборуваше за масовните убиства на фармери во Јужна Африка, додека Илон Маск тврдеше дека во Јужна Африка се врши геноцид врз белите луѓе. И покрај тоа што вети дека ќе ја заостри американската имиграциска политика, Трамп рече дека белите јужноафрикански фармери ќе можат да добијат статус на бегалци во САД поради прогонот со кој тврдат дека се соочуваат.