Поголем дел од светот нема своја претплата на „YouTube Premium“ а доколку имате платежна корисничка сметка повторно ќе бидете подложни на спамирањето со реклами и со оваа најнова употреба на вештачка интелигенција. Ситуацијата со рекламите на Јутјуб секојдневно оди кон полошо поради тоа што со употреба на вештачката Интелигенција ќе се анализира патерни на однесување, и преку алгоритми ќе одредува кога сте „најфокусирани“ за во тој момент да добивате повеќе реклами. Поголем дел од светот нема своја претплата на „YouTube Premium“ а доколку имате платежна корисничка сметка повторно ќе бидете подложни на спамирањето со реклами и со оваа најнова употреба на вештачка интелигенција. Самиот Јутјуб веќе со години има сервис којшто се нарекува „YouTube Premium“ кој е фокусиран на тоа доколку го плаќате да немате реклами во вашите видеа, да можете да симнувате видеа, да стримате песни исто така без реклами. Но и по доаѓање на овој нов сервис креиран со вештачка интелигенција, повторно ќе бидете подложни на спамирањето со реклами.
Пример во почетокот на правење лични статиски од овој вид на корисници е тоа што на Јутјуб доколку долго слушате музика, самиот сајт прави „пауза“ на емитување, но ако кликнете за да се продолжи да се гледа песна или видео – ги обавестувате дека токму во тој момент сте најфокусирани. Нормално дека самиот сајт прави маркетинг истражувања за различни таргет групи и ги употребува, но сите тие податоци интегрирани и разработени со ваштачка интелигенција. им нудат голем увид во вашите навики на гледање на видеа или слупање музика на Јутјуб .

Новите генерации користат термини како „Life Hack“ или „Brain Crack“ за слични појави. Но ова станува многу посериозен проблем за гледачите. Причината е тоа што ќе го влоши искустувото на користењето на YouTube сајтот и ќе бидат „бомбардирани“ со уште повеќе реклами во најбитните моменти. Замислете пред самиот рефрен на песната ви излегува реклама со траење од 30 секунди. Ова ќе создаде многу фустрација кај многу корисници на платформата. Но секако сето ова може да се одбегне со апатката и програма на Google Store која се вика „Add Blocker“. Add Blocker буквално ги спречува сите реклами на YouTube целосно. Оваа програма е малку „сива зона“ на легалност иако долги години се користи ширум светот на сите платформи. До толку е несопирливо решение за непрекинато гледање на YouTube што и други видови разновидни сајтови бараат да направите „Disable Add Blocker“ (да исклучите Add Blocker) за пристап на одреден сајт којшто во позадина ви е прикажан зад барањето да се отклучи оваа програма.
Програмот сега доаѓа во повеќе верзии и има и платежна верзија, но самата бесплатна верзија го овозможува целосниот ефект на непрекинато гледање Јутјуб видеа тотално без реклами. Програмерите тврдат дека иако е сето ова функционално дека оваа алатка што може да се стави како плагин на вашиот пребарувач и е интегрирана во „Brave“ пребарувачкот како основица, „може да наштети на вашиот компјутер дека отвара различни портови и не е безбедна“, во мое лично искуство „Add Blocker“ само помогнал за заштедување време и нерви и никогаш не нанел штета. Сепак со развитокот на вештачката интелигенција се уште ништо не се знае како ќе испадне, секаде каде што се користи како дополнителна алатка за механички работи (па и во програмирање и маркетинг анализа на пазарот). Извор: Новинска агенција МЕТА