14.8 C
Скопје
29/03/2025 14:30
МАКТЕЛ

    

Љупчо Поповски: Новото нормално изгледа прилично страшно

      

Вчера американскиот потпретседател Џеј Ди Венс отиде на Гренланд, на местото каде што не го сакаат, и каде што неколку часа пред слетувањето на неговиот авион во американската воена база, беше формирана новата гренландска влада која веднаш им порача  на САД да ги тргнат рацете од островот. Изјавите што ги даде Венс од воената база не се само неоколонијалистички, туку изгледаат и прилично застрашувачки за светскиот поредок. Речиси да имаат синоним во непредизвиканата руска агресија на Украина. И тие инстантно се претворија во најцрн дипломатски кошмар за Данска, бидејќи самоуправниот Гренланд формално е данска територија. Пред да наведеме некои од многу радикалните пораки на Венс ќе се навратиме на она  одушевување што го имаше (а можеби и сѐ уште го има) премиерот  Христијан Мицкоски  од говорот на американскиот потпретседател на Минхенската безбедносна конференција. На годишната конференција на американските конзервативци во Мериленд, Мицкоски не беше говорник, туку беше интервјуиран од политичката коментаторка Кеј Ти Мекфарланд. Во разговорот Мицкоски рече дека говорот на Венс во Минхен бил историски настан. „Не велам дека сум во право, можеби некои европски политичари ќе ми се налутат, но тоа беше инспиративен говор. Важно е дека по говорот некои од публиката го критикуваа Венс, а некои рекоа дека тоа било своевидно мешање во внатрешните работи на суверени држави, бидејќи потпретседателот Венс наведе многу примери кои не се во согласност со слободата на говорот, со демократијата, со нашите споделени вредности“. Потоа веднаш по враќањето дома во општина Гази Баба, ја повтори оваа егзалтација. „Таа е линијата, тоа е новото нормално што доаѓа од Вашингтон и што ќе го преплави светот. Тука нема играње. Ние сме тие што први го запоседнуваат теренот. Тоа е мојот начин на работа, нема втора шанса за прв впечаток. Запоседни го теренот, па потоа кој и да дојде, втор, трет се реди зад тебе. Мора да го запоседнеме теренот и да се пронајдеме во новото нормално“.

Христијан Мицкоски и Ричард Гренел
Фотографија: Nordmazedonischer Premierminister Hristijan Mickoski

Неколку дена подоцна, на 27 февруари, Мицкоски, одговарајќи на пратенички прашања во Собранието, ја нападна Европската унија, повторно цитирајќи го говорот на потпретседателот Венс за недозволивоста од мешање во внатрешните работи на други држави. „Ако некој не го сфати говорот на Венс за мешањето во внатрешните работи, што да кажеме“, рече Мицкоски, посочувајќи ги како такви примери промената на името и знамето на државата, а сега и барањето за промена на Уставот, додавајќи: „Ако тоа не е мешање во внатрешните работи, не знам што е“. „Данска не ја заврши својата работа“ А сега да видиме што е мешање во внатрешните работи и тоа од истиот тој Џеј Ди Венс, и тоа толку грубо да погрубо и не може да биде. Од територијата на Гренланд, од базата Питуфик, и тоа само неколку часа откако новиот премиер на гренландската влада, Јенс-Фредерик Нилсен го изјави ова: „Ние не сакаме да бидеме Американци. Не, не сакаме да бидеме Данци. Ние сакаме да бидеме Гренланѓани и сакаме своја независност во иднина… И сакаме сами да ја изградиме нашата сопствена земја“. Дали е важно во новото нормално  кога претседателот Доналд Трамп пред некој ден изјави дека „на овој или оној начин ние ќе го земеме Гренланд“. И дали е дипломатски умесно, па и навредливо за земјата чија територија е Гренланд, да се зборува со толку навреди токму од таа територија. Затоа, за да ги разберете облиците на тоа ново нормално еве неколку од изјавите на  Џеј Ди Венс од базата на Гренланд: „Видете, рече претседателот, јасно е дека не мисли дека воената сила ќе биде неопходна, но тој апсолутно верува оти Гренланд е важен дел од безбедноста, не само на САД, туку и на светот. Гренланд е исклучително ранлив во моментов и се надевам дека народот на Гренланд ќе биде партнер со САД“.

   

„Ние би можеле да ги направиме многу побезбедни, би можеле да направиме многу поголема заштита и мислам дека тие би стоеле многу подобро и економски“. „Ова мора да се случи, а причината поради која мора да се случи, мразам да го кажам тоа, е затоа што нашите пријатели во Данска не ја завршија својата работа за да ја зачуваат оваа област безбедно. Тие едноставно не го направија тоа“. „Она што мислиме дека ќе се случи е дека Гренланѓаните ќе изберат, преку самоопределување, да станат независни од Данска, а потоа од таму ќе имаме разговори со  народот на Гренланд“. „Не мислиме дека некогаш ќе биде потребна воена сила. Мислиме дека ова има смисла, и бидејќи мислиме дека луѓето на Гренланд се рационални и добри, мислиме дека ќе можеме да склучиме договор“.

Џеј Ди Венс во базата на Гренланд
Фотографија: Jim Watson/AFP

„Бидејќи она што значеше безбедносниот чадор на Данска е, всушност, тие сето тоа им го пренесоа на храбрите Американци и се надеваат дека ќе го платиме ние“. „Се надевам дека ќе изберат да бидат партнери со Соединетите Држави, бидејќи ние сме единствената нација на земјата која ќе го почитува нивниот суверенитет и ќе ја почитува нивната безбедност, бидејќи нивната безбедност е во голема мера наша безбедност“. „Треба да се разбудиме од неуспешниот 40-годишен консензус кој рече дека можеме да го игнорираме навлегувањето на моќните земји додека тие се прошируваат во нивните амбиции. Не можеме само да ја закопаме главата во песок или на Гренланд, да ја закопаме главата во снег, и да се преправаме дека Кинезите не се заинтересирани за оваа многу голема копнена маса. Знаеме дека се“. Овие повеќе цитати се важни да се разбере „новата нормалност“ на американската политика, заедно со тарифите од 25 отсто за сите странски возила што се продаваат во САД. Од што штета ќе има и македонската автомобилска индустрија. „Ефектите ќе бидат лоши, пред сѐ за автомобилската индустрија во Европа, но посредно и за компаниите во нашата земја кои произведуваат компоненти за автомобилската индустрија“, рече Виктор Мизо, генерален директор на „Костал Македонија“ и прв човек на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија во изјава за „Независен“. Тревога во Словачка. Друг еден европски играч, словачкиот премиер Роберт Фицо, исто така беше воодушевен од новата нормалност во Америка. Тој имаше и посебен говор на конференцијата на американските конзервативците во февруари. Па дури и претседателот Трамп поименично го спомена во своето обраќање на конференцијата заблагодарувајќи му се лично. Фицо таму се сликаше со Илон Маск, лобираше словачката автоиндустрија да биде поштедена од санкциите што уште тогаш се најавуваа, но сега разбра дека тој и неговата земја биле само една од играчките во „новото нормално“. Словачка е автомобилски центар. Во земја со 5,4 милиони жители, минатата година се произведени околу еден милион возила. Автомобилската индустрија е движечка сила на економијата на земјата, која вработува 200.000 луѓе. Словачка е домаќин на четири производители на автомобили, поддржани од голем број производители на компоненти. Покрај „Киа“, „Јагуар Лендорвер“, „Стелантис“ и „Фолксваген“, наскоро ќе им се придружи и фабрика на „Волво“. Владата на Фицо се надева дека тарифите на некој начин ќе се одложат. А ако не се одложат, тоа може да предизвика социјална и економска експлозија во земјата.

Дали некој во Македонија, особено оние што ги глорифицираат Трамп и Маск, и оние како Мицкоски кои го сметаат Венс како проповедник, пастор на новото време, воопшто помислуваат на понижувачкиот однос што го има новата американска администрација спрема Европа. Ако не помислиле, или не размислиле, само нека прочитаат некои секвенци од експлозивниот разговор преку апликацијата Сигнал на клучните луѓе во Вашингтон, на кој сосем случајно беше приклучен главниот уредник на-  списанието „Атлантик“, Џефри Голдберг. Европски „неблагодарници“ Ако не сте ги прочитале деталите, еве само неколку од нив за да го сфатите презирот кој овој Вашингтон го негува спрема Европа, за време на  споделувањето на воените планови за нападот на Хутите во Јемен. „Мислам дека правиме грешка“, напиша Венс до групата. „Три проценти од трговијата со САД тече низ Суец, а 40 проценти од европската трговија се одвива преку Суец“. Тој мислеше на Суецкиот канал меѓу Азија и Африка. „Не сум сигурен дека претседателот е свесен колку е ова неконзистентно со неговата порака за Европа во моментов“, додаде Венс. Потоа, подоцна во размената, тој напиша: „Едноставно мразам повторно да ја спасувам Европа“.

Доналд Трамп, Џеј Ди Венс, Пит Гегсет и Мајк Волц
Фотографија: Mandel Ngan/AFP via Getty Images

Министерот за одбрана Пит Хегсет му рече на Венс: „Целосно ја споделувам вашата омраза кон европската неблагодарност. ПАТЕТИЧНО Е“. Во интервју објавено во саботата, специјалниот пратеник на Белата куќа, кој е вклучен во преговорите со Русија, Стив Виткоф, му рече на поткастерот Такер Карлсон дека „Европа денес е нефункционална“. Тој додаде уште една точка: „Европа умира, за жал“. Во анализата на американскиот магазин „Њусвик“ под наслов „Каков проблем има Џеј Ди Венс со Европа“, поранешниот француски министер за надворешни работи Ибер Ведрин ја претстави својата теорија за ставовите на Венс. „Администрацијата на Доналд Трамп  не гледа сојузници, само зависни лица кои ги смета за паразити“, рече Ведрин. Запрашан дали тонот на Венс – и, во продолжение, самиот став на САД –  може да ја поттикне Европа кон долго посакуваната стратешка независност, Ведрин рече: „Немаше веќе глобален поредок под американско водство, само структура на воена доминација. Сега треба да одлучиме – дали ќе се браниме или ќе се рспаднеме под идејата дека заштитата повеќе не е бесплатна“. Ведрин истакнува дека улогата на Венс се чини дека е да внесе јасност меѓу американските сојузници преку Атлантикот. „Неговото непријателство кон сојузите е намерно. Тоа е вкоренето во идејата дека надворешната политика треба да служи на тесен домашен наратив… Тоа го прави опасен, но, на некој начин, корисен. Тој ја принудува Европа да се соочи со прашање што го избегнуваше со децении“. Ако е така, тогаш македонското водство треба добро да размисли зошто  нашата држава прва од регионот ги доби првичните 52,4 милиони евра  од Планот за раст на  Европската унија.  Од нив 24,4 милиони веќе се легнати на сметката на Министерството за финансии во Народната банка, 15 милиони се грант и се префрлени во Инвестицискиот фонд за Западен Балкан, а останатите 13 милиони евра се заем и се во процедура на исплата. Исто така треба да размисли и за податоците од најновиот Евробарометар дека тројца од четворица Европејци гледаат корист од членството во ЕУ. Во бројки, тоа се 74 отсто од Европејците во сите земји-членки кои веруваат оти нивната земја има корист од членството во ЕУ. Рејтингот на ЕУ е на рекордно високо ниво откако прашањето за првпат беше поставено во 1983 година. Дури и во Унгарија на Виктор Орбан, 74 проценти сметаат дека има голема корист, пред Италија (67%) и Франција (65%). Бугарите во анкетата се на последно место, 61 отсто мислат дека имаат корист од членството во ЕУ. Кога уште ќе се додаде дека огромниот дел од најтешко повредените во трагедијата во Кочани беа префрлени во европски болници, благодарение на системот за помош на ЕУ во вонредни ситуации, а од американскиот Стејт департмент не стигна ни порака со сочувство до нашето МНР или државата, а сите европски лидери го направија тоа, тогаш изгледа дека премиерот некако погрешно го разбира „новото нормално“. Тоа навистина изгледа како „ново нормално“, но тоа е на голема штета на Европа, а ние, колку што разбира географија секој основец, сме дел од Европа, а не од американската држава. Тоа веќе брутално го разбра словенечкиот премиер Роберт Фицо, а кога тоа по 2 април ќе почне да се разбира во фабриките за автомобилски делови во Охрид, Битола, Кавадарци, Прилеп, Скопје може да биде многу болно. Тогаш премиерот можеби ќе се потсети на неговите зборови: „Тука нема играње”.

  

Најново

ПОВЕЌЕ ЛИЦА НАПАДНАЛЕ ДВАЈЦА БРАЌА ВО ГАЗИ БАБА Со метален предмет им го оштетиле возилото

Sase Ivanovski

Викендов почнува летното сметање на времето

Sase Ivanovski

Левица: Братучед на пратеничка од ДПМНЕ назначен за командир

Sase Ivanovski

„Кој е следен“ за обвинувањата од сестрата на трагично загинатата Фросина: Причината за нашите протести е нефункционалниот систем

Sase Ivanovski

,,Кој е следен“ бара да се објават сите документи за дискотеката „Пулс“

Sase Ivanovski

Експлодира лимузината на Путин

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи, Тошковски и Ристовски: Центарот за обука на МВР е клучна алка во системот на безбедност, со меѓуресорска соработка до подобра спортска инфраструктура

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Петрушевски: Тендерот за анкетите е согласно годишниот план, за разлика од тендерите на СДС, не е во 4 очи, а ако одиме по аналогијата на СДС за донации во Кочани треба да оди хациендата на Филипче на Водно

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ, Петрушевски: Трпе Деановски од УПОЗ со плата од 104.000 денари, додека со Трендафилов ги лажат работниците за минимална плата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Јаревски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ по скратена постапка го менува Законот за јавен ред и мир, со што се става ред за употреба на пиротехнички средства во затворен простор

Sase Ivanovski

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ОДГОВОРНОСТ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ, НО БЕЗ ПОЛИТИЧКИ МАНИФЕСТАЦИИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ненад Марковиќ: Од мажи шовинисти дојдовме во ерата на феминистки кои мразат мажи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ненад Марковиќ: Мажите во светот се за Русија а жените за Америка

Sase Ivanovski

На иницијатива на кумановецот Марјан Стошевски дел од повредените во Кочани на одмор на Златибор

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дафи првпат се појави по 10 години откако го откри киднапирањето

Sase Ivanovski

АКО НЕМА НУКЛЕАРЕН ДОГОВОР, ЌЕ СТАНЕ НЕПРИЈАТНО ЗА ИРАН Трамп испрати предупредување до Техеран

Sase Ivanovski

Да му помогнеме на Кочани, да и помогнеме на Македонија-Стоилов, Ефремов, Николов-Стадион

Sase Ivanovski

Бесплатни стоматолошки прегледи за студентите на УКИМ

Sase Ivanovski

СДСМ: Владата да ги поништи тендерите за анкети и оценка на медиумите и парите да ги пренамени за Кочани

Sase Ivanovski

Зеленски: Драматично е проширен американскиот предлог за ретките минерали

Sase Ivanovski

Пронајдена дрога во Кочани, приведени четири лица

Sase Ivanovski

Каја Шукова, потпретседателка на СДСМ: Бараме темелна истрага за еколошката катастрофа во Крива Паланка…

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче од една страна глумат разумни и повикуваат на единство од друга страна нема ден да не постапуваат како некрофили, правда ќе има

Sase Ivanovski

Фатени крадци на дело во Куманово, следува пријава

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Дволичноста на СДС е доказ дека сакаат селективна правда, наместо да се оградат од мали Фрчко и да побараат истрага од институциите, тие продолжуваат да молчат

Sase Ivanovski

До каде е проширувањето на истрагата за Кочани со актуелни функционери и службеници?

Sase Ivanovski

Најновиот сојузник на НАТО за прв пат ги испраќа своите авиони Грипен направени за војна со Русија да патролираат по границите на Алијансата

Sase Ivanovski

Претседателот на Иран вели дека американските бази ќе бидат погодени доколку Трамп го нападне Иран

Sase Ivanovski

Ова е планот на Трамп да ја принуди Украина да ја врати гасната империја на Путин…

Sase Ivanovski

Путин лансираше подморница на нуклеарен погон

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) За Мерцедес нема смрт, буквално…

Sase Ivanovski

КАНA-РИНАЦ

Sase Ivanovski

Македонската ракија во Австралија

Sase Ivanovski

Андреа Јанков објаснува за свлечиштата на Водно и месноста викана “Љути Дол”

Sase Ivanovski

Големо невреме со град кај наплатната станица Кадрифаково на автопатот Штип – Миладиновци

Sase Ivanovski

За таткото кој продаваше имот, а се прошири веста дека тоа го прави за да покрие трошоци за своето дете кое е на лекување во Анкара, беше прашан министерот за здравство, Арбен Таравари…

Sase Ivanovski

Топ Тема – Од каде треба да почне ресетирањето на системот?

Sase Ivanovski

360° season 11, show 49 – За истрагата за Кочани и лекувањето на повредените во Солун и во Софија

Sase Ivanovski

Ѓоршиевски: На покана на советникот во град Скопје, Мартин Стојановски, со мојот колега Борче Митевски присуствувавме на ифтарска вечера со нашите браќа од исламска вероисповед

Sase Ivanovski

Ова село плови на море веќе 130 децении и е единствената пловечка населба во светот

Sase Ivanovski

Тошковски: Присуствував на настан по повод одбележувањето на 5 години од членството на Македонија во НАТО, во касарната „Илинден“

Sase Ivanovski

Станбен комплекс во Екбатан, Техеран, Иран

Sase Ivanovski

Hyatt Regency San Francisco, дизајнирана од Џон Портман и завршена во 1973 година, ја олицетворува интеграцијата на бруталистичката архитектура со функционалните јавни простори

Sase Ivanovski

ЛУКАРЕВСКА: СДСМ НЕ СТОИ ЗАД БАРАЊЕТО НА ССМ ЗА МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 500 ЕВРА!

Sase Ivanovski

Големо невреме вечерва погоди делови од источна Македонија, а на автопатот меѓу Штип и Свети Николе имаше и силни врнежи од град, кои целосно го обелеа и го оковаа патот во мраз

Sase Ivanovski

Трамп назначи Марк Брновиќ за нов американски амбасадор во Белград

Sase Ivanovski

Русија вели дека Украина „виртуелно ја уништува“ гасната инфраструктура во Суџа

Sase Ivanovski

Израел уништи 70% од сите згради и 88% од инфраструктурата на Газа од почетокот на неговата геноцидна војна на 7 октомври 2023 година

Sase Ivanovski

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, беше домаќин на ифтарска вечер, во чест на големиот празник, светиот месец Рамазан

Sase Ivanovski

Илон Маск го продава X на сопствената xAI за 33 милијарди долари во зделка за сите акции

Sase Ivanovski

Откриено ново наоѓалише на злато во Србија кое крие 92 тона злато и скоро 3 милиони тони бакар

Sase Ivanovski

„Политиканти“ со Ненад Марковиќ, Борјан и Сашо, сезона 3, епизода 17

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Огромна пукнатина по земјотресот во Мјанмар

Sase Ivanovski

Возете внимателно по влажни коловози

Sase Ivanovski

Повеќе од 1.000 загинати во силниот земјотрес во Мјанмар

Sase Ivanovski

(Видео) Лефков: Целиот систем е девастиран – главната одговорност е во МВР

Sase Ivanovski

Рубио го потврди де факто распуштањето на УСАИД

Sase Ivanovski

Трамп: Ако не можеме да постигнеме договор, работите ќе станат непријатни за Иран

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Големо невреме на автопатот Штип-Миладиновци, се чистат одрони од Делчево до Берово

Sase Ivanovski

(АРХИВА) Кичевската „2 СС“ ја основал директор на Агенцијата за пошти од ЛДП, кој му продал акции на сватот на Ахмети!

Sase Ivanovski

Кочани: Последното предупредување | ИРЛ

Sase Ivanovski

Лидерите на ВЛЕН на ифтар кај Курти ќе разговараат и за локалните избори

Sase Ivanovski

Зеленски не признава долгови кон Америка

Sase Ivanovski

Трамп: Ни треба Гренланд, мора да го имаме!

Sase Ivanovski

Апелација го укина обвинението за убиството на малата Данка

Sase Ivanovski

Иницијативата „Кој е следен“ денеска пред Собранието

Sase Ivanovski

Стрелките на часовниците одат еден час напред, почнува летното сметање на времето

Sase Ivanovski

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Облачно и дождливо, можно е невреме

Sase Ivanovski

„Неканетиот гостин“ Џеј Ди Венс од Гренланд ја нападна Данска дека не вложува во островот

Sase Ivanovski

Поранешниот директор на полицијата во Црна Гора осуден за шверц на цигари

Sase Ivanovski

Трамп назначи политичар со српско потекло за нов американски амбасадор во Белград

Sase Ivanovski

Скопјанка пријавила дека 11 години помладиот партнер ја натепал на паркинг во Аеродром

Sase Ivanovski

Вучиќ: Добивме ново одложување на американските санкции кон НИС за 30 дена

Sase Ivanovski

Внимателно на патот Делчево-Пехчево- Берово, се чистат одрони

Sase Ivanovski

ОО ДОМ Охрид: Против уништување на јавниот здравствен простор – „Маларична“ мора да остане во служба на граѓаните

Sase Ivanovski

Во насока на подобрување на достапноста на здравствените услуги за пациентите, во системот Мој Термин е воведена опцијата за верификација на телефонскиот број

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Извештајот на ММФ говори за катастрофалното владеење на СДС/ДУИ

Sase Ivanovski

ХЕРА: Младите од Западен Балкан усвоија Декларација, бараат активна вклученост во процесеите на носење одлуки

Sase Ivanovski

Северна Македонија станува дел од СЕПА: полесни и побрзи плаќања во евра

Sase Ivanovski

КОНКУРС “ЈАС, ИТАР ПЕЈО”

Sase Ivanovski
Вчитувам....