10.8 C
Скопје
25/05/2025 07:58
МАКТЕЛ

     

Љупчо Поповски: London Calling

      

Не, ова не се познатите зборови кога од Лондон ги соопштуваат резултатите на Британија од гласањето за Евровизија. Ниту пак повикување на познатата песна на рок-групата „Клеш“. Ова е директната алузија на првите зборови London Calling на Светскиот сервис на Би-Би-Си за време на Втората светска војна најчесто за радио емисиите кон окупираните земји: „Лондон ја повикува Европа“. Емитувањата на англиски јазик беа дел од радио пропагандата и информативната војна насочена кон окупирана Европа. Воведните тактови од Петтата симфонија на Бетовен беа користени како поврзувачка музика. Кој би можел да се сомнева дека премиерот Винстон Черчил не ја слушал оваа програма кога седел во својот воен кабинет, размислувајќи и кроејќи планови и сојузништва како да се победат германските нацисти и италијанските фашисти. Сега вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, може да се соживее со черчиловската улога. Бидејќи толку пати пропагандно беше нагласувано дека Николоски ќе го потпишува договорот за стратешко партнерство со Велика Британија токму во оваа соба на Черчил.

И ставањето на потписите на македонските медиуми или социјалните мрежи да оди токму со воведните тактови на Петтата симфонија, заедно со кампањата V како победа. Тешко може да се најде некој во државава кој би бил против некаков облик на стратешко партнерство со Велика Британија. Па ние на Британците треба да им се заблагодаруваме уште долго време за поддршката што ја добивавме уште за време на Втората светска војна. Првата британска мисија меѓу македонските партизани пристигна во 1943 година. На крајот од 1992 година Британија беше таа која како претседавач на Европската зедница ги направи клучните потези на самитот во Единбург за да се анулира злокобната Лисабонска декларација поврзана со името на нашата држава. И, Британија претседаваше со ЕУ кога ѝ го додели кандидатскиот статус на Македонија.

   

Колку многу прашања: Во политиката, генерално, таквите работи не се забораваат. Неочекуваниот договор за стратешко партнерство со Британија и кредитни инвестиции во инфраструктурата и здравството повлекува со себе повеќе прашања отколку што засега нуди одговори. Може да наведеме многу, но да се задржиме само на неколку. Прво, како преамбула, произлегува прашањето дали ова е тајниот 1199. проект што не беше наведен во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи гласачите би биле сериозно вознемирени кога би им се претставиле задолжувања (а не инвестиции) од шест милијарди евра. И унгарските пари –кредитот од една милијарда евра – премиерот Христијан Мицкоски ги објави ден по изборната победа, а не се размавнуваше со неа во предизборието. Значи, со тајниот проект, Македонија е на патот да влезе во должнички вител.

Во преамбулата на тој проект можеби би требало да стојат и овие зборови: „Тргнувајќи од начинот на кој тогашниот министер за финансии, Никола Груевски, му кажа на тогашниот претседател на Светска банка, Џејмс Волфенсон, дека меѓународните финансиски институции нема зошто да бараат одговори како се трошат нивните пари во Македонија, државава реши да стои што е можно подалеку и од ММФ и од Светска банка и за својот развој и функционирање да бара средства од други извори“. Кои нема многу да се мешаат во овдешните работи. Понатаму следат други прашања. Прво политичките. Александар Николоски станува толку доминантен во владата, па можеби веќе треба да се нарекува алтернативен премиер. Не прв вицепремиер, како што е претставуван Изет Меџити, затоа што неговата улога е маргинална, сведена дури и на мажоретска.
Пред седум-осум месеци се чинеше дека Николски ја презема улогата на алтернативен министер за надворешни работи. Сега, работите изгледаат поинаку – Тимчо Муцунски изгледа како алтернативен министер за надворешни работи, додека дипломатскиот шеф на оваа влада е Александар Николоски. Не се тоа претерувања за вистинските улоги на двајцата потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа произлегува и од самиот политички материјал од кој се изградени.

Муцунски речиси и да не се симнал од авион, шета по сите континенти, дава бирократски изјави како сорта на политичар кој во времето на Југославија го нарекуваа „говорант опште праксе“, не може да поттикне ништо. Неговите зборови се забораваат уште пред да ги искаже до крај. Со соговорниците наместува една сериозна, полунамуртена фаца, да покаже дека тоа што го кажува е навистина вредно. Неговите резултати се минорни, а поминатите километри по авионите се недобројни. Македонија не мрднала ни чекор понапред кон ЕУ во последните десет месеци, кога се најавуваше дипломатска офанзива, „кршење” на сите затворени врати, нова преговарачка рамка… и ова, и она, и трето, и четврто. Муцунски не успеа да испорача ништо од тоа, што поради неумешност, што поради незнаење, што поради ограничувачката рамка во која го има ставено премиерот Мицкоски. Николоски испорачува секаде: Но затоа, вицепремиерот Александар Николоски испорачува и е таму каде што местото би им било на други министри. На пример, на 15 мај Николоски по кој знае кој пат беше во Будимпешта. Министерството за транспорт објави дека таму се сретнал со министерот за одбрана, Кристоф Салај Бобровнички. Средбата изгледа необјаснива. На неа се разговарало за соработка меѓу двете земји во одбранбениот сектор. Министерот за одбрана Владо Мисајловски (исто така, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ), како да е во длабока илегала. Владата и неговата партија не го вадат од уста НАТО (како тие да ја внесоа земјата во Алијансата), а Мисајловски кон сето тоа како да се однесува незаинтересирано. Па, гледа како министерот за транспорт разговара во Будимпешта за соработка во одбранбената индустрија. Ако навистина тоа била целта на оваа посета на Николоски на Будимпешта.

Така и Тимчо Муцунски гледа како Александар Николоски ги врши работите за кои е тој надлежен. Документите кои го цементираа стратешкото партнерство со САД одеа преку Министерството за надворешни работи (Муцунски нека го праша Антонио Милошоски), а сега таков договор ќе потпишува министерот за транспорт (без оглед на намерите за изградба на пругата). Па уште влада да носи специјална одлука дека го испраќа Николоски во Лондон да ја заврши работата. За време на посетата на владината делегација на Емиратите, Николоски (покрај премиерот Мицкоски) ги објаснуваше деталите за идната соработка меѓу двете земји и за можните инвестиции. Во туризмот, инфраструктурата и образованието. Тој ги заменува сите, а не само Муцунски. На самитот на Европската политичка заедница во Тирана заедно со Мицкоски беше Николоски, а не Муцунски. На овој голем дипломатски собир шефот на македонската дипломатија беше оставен во Скопје да ја пречека министерката за надворешни работи на Австрија. Во Тирана можеби ќе требаше „робусно“ да се омекнуваат европските ставови, откако ден претходно Антонио Кошта директно од владата кажа дека во ЕУ нема план Б, туку само план А за членството на Македонија: тој води преку уставните измени. Но изгледа дека за македонското раководство клучот на сѐ беше да се случи договорената средба со британскиот премиер Кир Стармер во Тирана. Европа може да почека.

А може да почекаат и другите министри. Дури и министерката за финансии. Таа ги завршуваше конечните детали околу унгарските една милијарда евра, наменети за враќање на еврообврзницата, за општините и за бизнисот. И за овие пари Николоски го трасираше патот. Министерката ќе ги почека деталите: Сега министерката за финансии уште не знае каков договор потпишал Николоски. Тој требало да ѝ каже кои се проектите, бидејќи тој бил „носител на проектот“. Убава функција – носител на проектот за задолжување од шест милијарди евра. А после Гордана Димитриеска-Кочоска, кога земјава во следните 10 годни ќе може да предлага зрели и готови проекти за кои ќе може да користи британски средства, ќе преговара како да одредуваат каматните стапки во зависност од роковите на заемите. Дали сега Александар Николоски почнува да ја супституира и министерката за финансии и определува негови „проекти“, за кои таа подоцна треба да одредува и рокови и камати? „Во овој момент не можам ништо повеќе да кажам зашто тоа е тоа што денеска се потпиша. Кога ќе имаме повеќе информации и детали, тогаш ќе зборуваме за попрецизни бројки. Министерот Николоски беше во Лондон за да го потпише меморандумот за соработка кој вклучува само два битни елемента, дека ќе бидат достапни пет милијарди фунти на македонската влада, пари кои ќе може да се повлекуваат во рок од десет години”, рече Димитриеска-Кочоска во четвртокот (22.05).

Одете разберете од оваа шарада – парите ќе се повлекувале во наредните 10 години, дека во овој момент таа (министерката) немала зрел проект пуштен во Министерството за финансии „врз основа на кој ќе барам понуди од повеќе банки и ќе кажам колку би била каматата“, дека никаде не пишувало оти е здолжително повлекувањето на сите пари… Можеби маглата ќе се крене во наредниот период. Лани летото Николоски егзалтирано зборуваше за парите што ќе ги даде Унгарија. „Виктор Орбан покажува една прекрасна визија за Македонија. Постигнат е одличен договор и Унгарија покажа дека е еден од најдобрите пријатели на Македонија“, велеше тој. Сега уште поегзалтирано зборуваше дека склучуваме стратешко партнерство со втората светска сила(?). Добро, таа е шеста економска сила во светот, има нуклеарни бомби (како што имаат Франција, Индија, Пакистан, се разбира и Кина). Поради непоправливата штета за економијата што ѝ ги нанесе „Брегзит“ владата на Стармер бара начин пак да доближи земјата до ЕУ. Во понеделникот, на самитот ОК-ЕУ, Стармер се согласи да попушти во најтешкиот дел од преговорите, што е рамно на национално предавство – да ги отстапи британските води за европските рибари (главно француските) на нови 12 години, до 2038-ма. Стармер триумфално ѝ порача на јавноста – „Британија се врати“, додека ги образложуваше договорите и во одбраната и трговијата, како и за мобилноста на младите луѓе.

Македонија нема каде да се врати. Таа си заминува и од онаму каде што не стигна. Јасно е како ден дека оваа влада не сака Македонија да влезе во ЕУ. Всушност, сака да влезе, но само според правилата што ќе ги одреди Македонија, а не членките на Унијата. Убаво звучи аматерско негување на егото и ќе се бараат излезни решенија со кои пропагандно ќе биде затрупана државата. Од ден во ден, од час во час, од минута во минута. Тогаш навистина договорот со Британија ќе ја одведе Македонија на ново ниво, како што вели Николоски. А за тоа време, додека се враќа од Лондон, Албанија со ракетна брзина оди на патот кон ЕУ. Вчера го отвори третиот од шесте кластери во преговорите. Досега има отворено 16 поглавја. А само до лани Александар Николоски ѝ гарантираше на македонската јавност дека Албанија никогаш нема да влезе во ЕУ.
Љупчо Поповски

   

Најново

Горан Михајловски: МАТЕМАТИКА И ЕМОЦИИ

Sase Ivanovski

Продолжува падот на бројот на население во Албанија, годинава 14% помалку новородени во споредба со лани

Sase Ivanovski

Рекорден број Американци бараат престој во Велика Британија

Sase Ivanovski

Бајден се појави во јавноста за прв пат по дијагнозата рак

Sase Ivanovski

Докторка отишла на работа во Газа, во болницата стигнале телата на нејзините седум убиени деца

Sase Ivanovski

Возач удрил пешак во Гостивар па избегал

Sase Ivanovski

Изет Меџити ги меша бројките, Таравари го поправа, има 25 Албанци не 35

Sase Ivanovski

Претепано дете во Скопје, два дена добивало закани преку социјалните мрежи

Sase Ivanovski

Златна палма за филмот „Тоа беше само несреќа“ на иранскиот режисер Панахи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Арсовска: Во Чаир продолжуваат криминални активности, Владата и МВР да престанат со филозофирање

Sase Ivanovski

„Македонисимо“ на Симон Трпчевски во Рим во чест на „Свети Кирил и Методиј“

Sase Ivanovski

Филипче повикува на средба

Sase Ivanovski

„Само Вистина” со Павле Трајанов и Стевчо Јакимовски

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Товарен брод му се насукал во дворот, а Норвежанец сето тоа го преспал

Sase Ivanovski

Бесправна експлоатација на коритото на Вардар во општина Аеродром?

Sase Ivanovski

Како „Apple Copycat“ Xiaomi направи еден од најбујните EV во Кина

Sase Ivanovski

Џевдет Хајредини: Еврообврзницата има висока камата | Biznis Muabeti

Sase Ivanovski

Стартува „споделување автомобили“ во Скопје – еве како ќе се користи

Sase Ivanovski

Како јапонската програма за училишен ручек се бори против дебелината…

Sase Ivanovski

Црквата Св. Кирил и Методиј во Струмица, претставува еден редок пример од сакралната архитектура во Македонија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НОЌНИ КЛУБОВИ И ДИСКОТЕКИ НА ДИВО ОРГАНИЗИРААТ ЗАБАВИ ЗА СКОПСКИ МАТУРАНТИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Најголемиот настан досега во Среќа Бар… се случи!

Sase Ivanovski

Ракија со кафенцето наутро е рецептот за убав почеток на денот на Здравко Чолиќ!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) “Пратеници голема (не)благодарност за поддршката” и “Системот убива” се двата транспаренти кои испраќаат порака до народните избраници

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Потресни сцени на маршот во Кочани: солзи и лелеци по загинатите деца

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) „Слободен печат“ направи анкета во која ги прашуваше туристите како им се допаѓа Македонија, како дознале за нашата држава и што ги привлекло да ја посетат

Sase Ivanovski

Харвард ја тужи администрацијата на Трамп поради забраната за упис на меѓународни студенти

Sase Ivanovski

Препорака за нова бесплатна игра за мобилни телефони – Game of Thrones: Kingsroad

Sase Ivanovski

„Правфонд“ финансирал руска пропаганда во Европа и на Балканот, открива меѓународно истражување

Sase Ivanovski

Два случаја на мајмунски сипаници, не значи дека во најава е некаква пандемија

Sase Ivanovski

Семејствата на жртвите во клубот “Пулс” ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон

Sase Ivanovski

Државниот врв со честитки за Денот на просветителите Св. Кирил и Методиј

Sase Ivanovski

МВР: Не паркирајте без потреба утре вечер кај салата „Борис Трајковски“

Sase Ivanovski

Основнотото јaвно обвинителство ја обжали одлуката за куќен притвор за Васев и за Нухи

Sase Ivanovski

Трамп се закани со царина од 25 oтсто за телефоните на Епл и Самсунг кои не се произведени во САД

Sase Ivanovski

Зеленски повика на дополнителни санкции врз Русија по најновиот напад врз Киев

Sase Ivanovski

Тренинг-програма за родова еднаквост: Од учење до акција преку критичко размислување за родовите прашања

Sase Ivanovski

Војници од Израел и Палестина предупредуваат за широка употреба на жив штит во Газа

Sase Ivanovski

ИЈЗ: Немаат симптоми лицата со кои биле во контакт заразените со мајмунски симапници

Sase Ivanovski

Измамник „извлекол“ 17.300 евра од 83 годишна Скопјанка

Sase Ivanovski

Калас: Важно е Македонија да остане на европскиот пат

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Директор на ЈП КХС: Се чувствувам должен да ви се обратам за една сериозна ситуација што се случува во Општина Чаир

Sase Ivanovski

Активното учество на Собраниска делегација на Марaкeшкиот форум како потврда за посветеноста на економски развој на Медитеранот

Sase Ivanovski

Филипче: СДСМ ги подготвува советничките листи, Герасимовски и Христовски сигурни кандидати за нов мандат

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филипче: Конструктивни сме кога е во интерес државата, в понеделник ќе понудам конкретни точки за лидерска средба

Sase Ivanovski

Филипче: Владата воведе данок на иднината а под хипотека се неколку идни генерации

Sase Ivanovski

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ГАШИ СО ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ПС НА МЕДИТЕРАНОТ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Данела Арсовска: И денес продолжува “филозофирањето” на МВР и претседателот на Владата кој не ги знаеше надлежностите на Градот Скопје

Sase Ivanovski

Мицкоски на прославата за Свети Кирил и Методиј, повика на единство: Обединети, не само што ќе опстанеме, само така и ќе победуваме

Sase Ivanovski

Оркестарот на АРМ утре со едночасовен концерт во Скопје

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Поради одржување на атлетска трка утре (недела) во Скопје ќе има посебен сообраќаен режим

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова ја посети базиликата Санта Марија Маџоре во Рим

Sase Ivanovski

Средба на претседателот Гаши со претседателот на Горниот Дом на Парламентот на Мароко, Мохамед Олд Ерашид

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Случајот Онкологија може и мора повторно да се отвори, сите знаат за одговорноста на Венко Менгеле

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Венко не го разбира поимот грабеж, грабеж е кога газда Венко и газда Филипче мора да ќарат на тендер

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: ОЈО да ја провери улогата на Филипче во случајот Онкологија

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Кога Филипче зборува за идентитет и јазик е како криминалец да се колне на чесност

Sase Ivanovski

Со ВМРО-ДПМНЕ на власт, просветниот кадар го добива заслуженото, до сега платите зголемени за 12%, а следува раст од 46 до 60 отсто

Sase Ivanovski

Посебен режим на сообраќај утре (недела) од Средно Водно до манастирот Св.Пантелејмон

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Богојески: Треба амнестија на украденото за да се вратат сите милиони и да се извадат од под перница и да се оданочат

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПАТОТ ГОСТИВАР-ТЕТОВО Е ЗАТВОРЕН, СЕ ПРЕВРТЕ КАМИОН

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Македонија директно надвор од National Geographic

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПРИЗМА: ВЕРСКИ ИМОТ ПОД ЛУПА

Sase Ivanovski

Започнува новата авиолинија Скопје-Ларнака Кипар

Sase Ivanovski

ЕВРОПСКИ ОБРАЗОВНИ ПРОГРАМИ И МАКЕДОНСКА МОБИЛНОСТ НА ОМРАЗА – БОГОЈЕСКИ, АТАНАСОВА – СТАДИОН НА КАНАЛ77

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) „УБИВАМЕ ВЕДНАШ, НЕМА ЗАТВОРЕНИЦИ“ Единицата „Ахмат“ со остра порака до странските платеници што се борат за Украина

Sase Ivanovski

МИГРАНТИ ПУКАЛЕ КОН СРПСКАТА ПОЛИЦИЈА Едно лице е убиено, четворица се уапсени кај Шид

Sase Ivanovski

(ФОТО) ОКО ЗА ОКО, ЗАБ ЗА ЗАБ – РУСИЈА ИЗВРШИ БРУТАЛЕН НАПАД ВРЗ КИЕВ Главниот град на Украина во пламен, паѓале делови од дронови насекаде

Sase Ivanovski

Европскиот пат: Уцени наместо принципи?

Sase Ivanovski

ГРМЕЖИ, ПОРОЕН ДОЖД И СИЛЕН ВЕТЕР Утре особено ќе биде опасно во источните и јужните делови

Sase Ivanovski

Познат идентитетот на загинатите во тешката сообраќајка во Скопје

Sase Ivanovski

„Сите за Кочани – трчаме заедно“: Хуманитарна трка во седум македонски градови

Sase Ivanovski

Голем пад на превозот на стока во камиони во првото тримесечје од 2025

Sase Ivanovski

(АРХИВА) Дали градежната дозвола за хотелот на Мијалкови е законска – не се спровела оцена за влијание врз животната средина?!

Sase Ivanovski

Трамп се закани со воведување 50 отсто царини за ЕУ

Sase Ivanovski

Русија ќе му достави на Киев нацрт-договор за прекин на огнот по размената на затвореници

Sase Ivanovski

Филипче во Штип: Од луѓето слушнав дека тешко се живее

Sase Ivanovski

Таравари: Вратата за тие што заминаа засекогаш е затворена, тие секогаш беа сателити

Sase Ivanovski

Семејствата на жртвите од Кочани ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон

Sase Ivanovski

Лишено лице од демирхисарско за предизвикување на општа опасност

Sase Ivanovski
Вчитувам....