Ќерката и сопругата на сопственикот на кочанската дискотека „Пулс“ се повикани на распит во полиција, дознава Канал 5. Неофицијално, фалсификувана лиценца од Министерството за економија ја земала ќерката на газда Деко. Извор за телевизијата тврди дека во врска со пожарот во дискотеката се конфискувани 5 мобилни телефони.
Претходно, полицијата вршеше претреси во кафулето „Класик“ во Кочани, кое минатата недела беше демолирано за време на протестите. Објектот е во сопственост на Дејан Јованов Деко, неформален сопственик на дискотеката „Пулс“ во која загинаа 59 претежно млади лица. Претреси имаше и во подружницата на пазарна инспекција во Кочани.