25.8 C
Скопје
31/05/2025 15:38
МАКТЕЛ

     

Ќе имаме 20 министерства за помалку од 2 милиони жители: „Треба да ги следиме препораките на Европската комисија, иако ова не е реформски закон“

      

Реорганизацијата на државната управа е се уште актуелна, особено ако се земе во предвид дека со изгласаните законски измени се зголемува бројот на министерства од 16 на 20. Дел од јавноста, но и опозициските партии не се согласија законските измени да се носат по скратена постапка и како што велат – без дебата и консултација на експертите. Критиките се упатени поради фактот дека отсега ќе имаме 20 министерства за помалку од 2 милиони жители во Македонија и зголемен број на вработени во администрација.

Каде одат реформите на администрацијата?
Експертите од областа сметаат дека ова не е реформски закон. Универзитетскиот професор Борче Давиткоски во разговор за „Локално“ вели дека ВМРО-ДПМНЕ во 1998 година донесе ваков сличен закон, со кој се формираше „африканска Влада“ со скоро 30 членови.

   

Борче Давитковски
-Оттогаш, значи повеќе од 25 години, постојано се прават реформи на јавниот сектор, но никако не се разграничија (функционалната анализа на надлежностите на постоечките министерства) надлежностите меѓу старите и новонастанатите министерства. Сега ќе биде иста ситуацијата што значи и во наредните 30 години постојано ќе правиме реформи за да ги избегнеме дуплираните, а некаде и триплинарните надлежности помеѓу министерствата!?, оценува Давитковски.

Според професорот, во теоријата постојат принципи и начела на кои мора да се темели секоја нова реорганизација на органите на управата. За жал, додава Давитковски, кај нас теоријата никој не ја консултира и почитува, ниту се слушаат и бројните невладини организации кои се занимаваат со реформите на јавниот сектор.

-Вака набрзина кројачки, шнајдерски се формираат 4 нови министерства, се разбира со цел инструментариум/вработени во нив, без направена соодветна стручно фундирана анализа. За жал,кај нас победникот го зема целиот плен, односно власта и може да прави се што ќе посака, предупредува соговорникот.

Времето, потенцира професорот, ќе покаже колку овој Закон е реформски, а колку ќе ја продолжи интенцијата за партизација на јавниот сектор што е ракот на нашиот политички систем.

-Многу скоро граѓаните ќе ги „почуствуваат“ бенефициите од ваквите „реформски“ закони, а и извештаите на ЕУ за состојбата во јавниот сектор, секако ќе го истакнат и овој Закон, дециден е Давитковски.

За новата реорганизација на министерствата, поразговаравме и со Јулијана Караи, која е виш истражувач при Институтот за европски политики, експерт за јавна администрација. Објаснува дека ако ги следиме препораките на Европската комисија сите изминати години, недвосмислено се нагласуваше дека продолжувањето на процесот на реорганизација и оптимизација на органите на државната управа, дигитализацијата и интероперабилноста, како и донесувањето на Законот за висока раководна служба се од клучно значење за напредокот на реформата на јавната администрација.

Јулијана Караи
-Подготовката на Законот за организација на државната управа започна уште во 2021 година поради утврдениот недостиг на рационална организација на органите на централната власт и непостоењето јасни линии на отчетност и одговорност што негативно се одразува пред се’ на испораката на услугите кон граѓаните поради слабата ефикасност на органите на државната управа. Тој процес во тоа време затаи, дали поради отпорот на одредени функционери или поради недоволната решеност да се надминат овие горливи прашања, вели Караи во разговор за „Локално“.

Според неа, сега, со донесувањето на законот овој процес на реорганизација конечно формално ќе започне, но треба да се има предвид дека станува збор за исклучително голем предизвик кој ќе бара и време и голема политичка волја за негово спроведување.

-Сепак, би сакала да нагласам дека на донесувањето на законот не претходеше консултација со јавноста, а не сум во тек ни дали претходел процес на подготовка на проценка на влијание на регулативата што е првиот чекор во постапката на донесување на законите. Како што беше објаснето од страна на ВМРО ДПМНЕ, законските измени, биле работени со претставници на ЕУ и се дел од ИПА програмата, така што претпоставувам дека бил земен предвид Извештајот од ноември 2021 година подготвен од страна на ИПА Проектот за поддршка на реорганизацијата на органите на државната управа, поддржан од ЕУ.

Она што е јасно е дека во моментов делумно се адресира предизвикот наречен реорганизација на целокупната државна управа преку неколку приоритетни интервенции на постоечката законска рамка и соодветно утврдување на надлежностите на министерствата, објаснува Караи.

За потсетување, реорганизацијата првично започна во 2022 година во вид на пилот проект што го спроведуваа Министерството за информатичко општество, Министерството за земјоделство и Министерството за економија. Тогаш, беше предвидено во пилот фазата овие три министерства да ја реорганизираат работата и да ги укинат оние тела кај кои се јавуваше преклопување на надлежностите, но засега Караи нема информација каков е статусот на оваа „вежба“.

На прашањето дали ова значи „полнење“ на администрацијата со партиски војници, експертката вели дека лично се радува што процесот мрдна од мртва точка, иако со зголемување на бројот на министерства наместо со нивно намалување, „но би сакала да верувам дека тоа нема да значи формирање нови агенции, установи итн., односно дека отсега ќе постои јасна линија каде завршуваат ингеренциите на едно, а каде започнуваат истите на друго министерство“.

-Исто така, се најавува постигнување на рационализирана алокација и групирање на функциите во министерствата. Ова се несомнено позитивни тенденции, така што, би му дала шанса на обидот за реорганизација, без шпекулации дека ова е само нова можност за партиски вработувања, додава Караи.

Запрашана дали и како очекува со новите институции, граѓаните да добијат подобра услуга од државата, експертката истакнува дека новата Влада е исправена пред голем предизвик, бидејќи оваа реформа бара многу време, посветеност и административен капацитет.

-Сметам дека е рано да се каже дека придобивките ќе се почувствуваат за брзо време, но битно е од некаде да се започне, а целта на сето ова е секако поголема ефикасност, а со тоа и подобри услуги, заклучува соговорничката.

Секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски синоќа истакна дека со Законот за реорганизација на министерствата се отворил патот кон реформите. Според него, Македонија е едната од ретките држави во која што министерствата се формирани со закон во 2000-тата година што значи дека 24 години никој односно многу мали биле можностите да промени.

-Затоа фокусот на овој закон освен реорганизација на министерствата, почитување на дел на препораките на ЕУ преку Сигма извештаите, третиот дел беше ургенции во дел од законот кои што не се никогаш променети, а материјалната состојба е променета. На пример имате управи, агенции, служби кои што воопшто не постојат повеќе како што е на пример Агенцијата за информации, кои што никогаш не биле укинати со овој закон. Значи според словото на овој закон тие се уште би требало да постојат, појасни Андоновски.

Со 88 гласа „за“, 22 „против“ и без воздржани, Собранието во саботата наутро го донесе Законот за организација и работа на органите на државната управа, со што се отвори пат за реструктуирање на државната власт.

Предлог-законот беше доставен на собраниска седница во петокот на разгледување по скратена постапка. Истиот ден помина низ Комисијата за политички систем и правната комисија. Во идната влада на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ, за која мандат доби претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, наместо досегашните 16, ќе има 20 министерства.

За измените на законот гласаа и неколкумина од народните избраници од коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ, за кои беше потребна поддршка од 80 пратеници. Со новиот Закон, Министерството за економија го интегрира ресорот – Труд, а Социјална политика се проширува со демографија и млади. Треба да се надгради она за Дигитална трансформација и администрација, а Култура ќе ја опфати и туристичката дејност. Реорганизацијата креира нови министерства – за Спорт, и за Енергетика, рударство и минерални суровини.

   

Најново

Пендаровски бил непријанто изненаден од некадарноста на владата на Мицковски

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ: Ние сме прв случај во историјата на европските интеграции која од позиција на кандидат за членство поставува услови кон земја-членка на ЕУ… Бугарија да признае 14 пресуди од Стразбур, да признае постоење на македонско малцинство итн

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ: Трамп е политичар пазарџија, ние нема што да му дадеме, ниту авион ниту минерали

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ: Интересот на Британците за балканот е да биде центар за мигранти

Sase Ivanovski

Стево Пендаровски во мега интервју за Дојче Веле: Одиме кон држави кои не се демократски, владата нема намера да оди кон ЕУ, од Трамп го добивме само…

Sase Ivanovski

Падна кран на градилиште во старата касарна во Битола, има повредени

Sase Ivanovski

Поранешен шеф на ЦИА тврди дека Путин ќе нападне уште една земја – откри и која

Sase Ivanovski

„Арсовска да пријави и соработува“ – ОЈО вели подготвено е веднаш да ја сослуша за сите сомненија, сознанија и закани

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: 780.000 евра за два тендери, перење пари за промоција на Мицкоски

Sase Ivanovski

СТВАРНО СМЕ БРАЌА: Бугарите се бунат против воведување на евро

Sase Ivanovski

Штипјанец возел под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајка

Sase Ivanovski

Уапсен маж од Дебарца, во неговиот дом пронајдени 140 стебла канабис

Sase Ivanovski

Седумдесетгодишен возач прегази жена на паркинг во Скопје

Sase Ivanovski

ЛДП во понедеделник ќе поднесе предлог закон за една изборна единица и отворени листи

Sase Ivanovski

Тројца сегашни началници на ОВР Кочани биле распрашувани од Обвинителството

Sase Ivanovski

Дете под 5 години е најмладиот евидентиран корисник на дрога во Македонија

Sase Ivanovski

ФЗОМ не им дава надоместок на плата за боледување на дел од преживеаните во „Пулс

Sase Ivanovski

МАСК ПИЕЛ ПО 20 АПЧИЊА ДНЕВНО ДОДЕКА РАБОТЕЛ СО ТРАМП Милијардерот има тешка зависност и депресија?

Sase Ivanovski

ЛУЃЕТО ЗГРОЗЕНИ ОД НОВИОТ ПРОИЗВОД НА СЕКСАПИЛНАТА АКТЕРКА „Одвратно, понижувачки“

Sase Ivanovski

„ТАТКО МИ ИЗВАДИ 10 МАРКИ НА МАСАТА И НИ СООПШТИ ДЕКА ТОА Е СЀ ШТО ИМАМЕ“ Ѓоковиќ се присети на најтешките моменти во животот

Sase Ivanovski

ПАК ГОВОР НА ОМРАЗА И НЕТРПЕНИЕ ОД СОФИЈА Поранешен политичар бара Бугарија да ѝ воведе санкции на Македонија

Sase Ivanovski

Владо Јаневски заминува во Австралија!

Sase Ivanovski

„ИДРИЗОВО“ КАКО ТЕЛЕКОМ ОПЕРАТОР Затвореници сокриле десетици телефони, полначи, блутут слушалки и дрога

Sase Ivanovski

Обвинителство: Течат законските рокови во кои одбраната може да изврши увид во доказите за пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

Истрагата за пожарот во „Пулс“ заврши

Sase Ivanovski

КОЧО АНЃУШЕВ ГО ФИНАНСИРА ЗАВРШУВАЊЕТО НА ФРЕСКОЖИВОПИСОТ ВО „СВЕТИ КОНСТАНТИН И ЕЛЕНА“ Со нетрпение се очекува да блесне духовниот храм во срцето на Скопје

Sase Ivanovski

ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК ЌЕ СЕ НОСИ СО КОНСЕНЗУС Вистината излезе на виделина, нема лажни сертификати за Бојан Христовски

Sase Ivanovski

„ОНИЕ ШТО ШИРАТ ЛАГИ ЌЕ СЕ ИЗВИНАТ“ Јанев ги отфрла обвинувањата за дипломата, остава ДКСК да докаже

Sase Ivanovski

ШОКАНТЕН МОМЕНТ ВО СУДНИЦАТА Диди покажа фотографија од разголените Ријана и Серена Вилијамс во кревет!

Sase Ivanovski

НЕПТУН СО ИТНА ПРОДАЖНА АКЦИЈА НА КЛИМА УРЕДИ Опфтени се инвертери од глобално реномирани брендови

Sase Ivanovski

ЗА ПРВПАТ МИКРОБРАНОВА АБЛАЦИЈА НА ТИРОИДА ВО „8 СЕПТЕМВРИ“ Минимално инвазивна процедура која значително го подобрува животот на пациентите

Sase Ivanovski

Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, денеска изјави дека нуклеарното оружје е „неприфатливо“

Sase Ivanovski

МАКРОН Ѝ СЕ ЗАКАНИ НА КИНА Алијансата може да се прошири во Азија

Sase Ivanovski

Петрушевска: Би било чесно пред меѓународната заедница и Велика Британија опозицијата да ја објасни тезата зошто тргна со наратив против еден ваков стратешки Договор

Sase Ivanovski

Започнете ја вашата академска авантура на Американскиот универзитет на Европа – ФОН!

Sase Ivanovski

МАКРОН СЕ ЗАЛАГА ЗА ПРИЗНАВАЊЕ НА ПАЛЕСТИНА АМА ИМА НЕКОЛКУ УСЛОВИ Бара Хамас да не учествува во управувањето со државата

Sase Ivanovski

КАДЕ ШТО ИМА ДЕЦА, ТУТУНОТ МОРА ДА ИСЧЕЗНЕ Франција го забрани пушењето цигари на сите јавни места

Sase Ivanovski

Митева за отфрленото обвинение против директорот на АНБ: Вистината е дека не постојат лажни сертификати, тоа се лаги на СДСМ

Sase Ivanovski

Невреме ја погоди североисточна Индија, најмалку петмина загинати

Sase Ivanovski

Екстремните временски услови предизвикале штета од близу шест милијарди евра во Германија

Sase Ivanovski

(ФОТО) Само што се исчисти старата, „никна“ нова депонија кај Железничка

Sase Ivanovski

Турските власти издадоа налози за апсење на 47 опозициски функционери, досега приведени 28

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЧАИР СЕ ДАВИ ВО ЃУБРЕ

Sase Ivanovski

Украденото возило на АРМ од пред еден месец пронајдено на паркинг

Sase Ivanovski

Клиентите не може да се изборат со банкоматите, граѓаните најнезадоволни од големите банки

Sase Ivanovski

Јаневска: Очекувам државната матура да помине во најдобар ред и со помалку препишување

Sase Ivanovski

Прилепчанец криумчарел тутун и текстил, полицијата го приведе

Sase Ivanovski

Утре Скопје под посебен сообраќаен режим

Sase Ivanovski

Вреди: Апасиев е во служба на Данела и ДУИ, коалицијата на срамот е официјализирана

Sase Ivanovski

Хакиран телефонот на шефицата на кабинет на Белата куќа Вајлс

Sase Ivanovski

Македонија се празни – младите сакаат да живеат во средена држава

Sase Ivanovski

Како Демократска обнова на Македонија (ДОМ), со задоволство ја поздравуваме иницијативата на премиерот за воведување на една изборна единица

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НА ПРОШТАЛНАТА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА СО ТРАМП, МАСК СЕ ПОЈАВИ СО МОДРО ОКО

Sase Ivanovski

ТЕА ТАИРОВИЌ ИТНО ДА СЕ ЈАВИ НА ГЛАВНА КАСА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ДРАМАТИЧЕН НАСТАП НА ДАНЕЛА АРСОВСКА НА ТВ 24: Се расплака, тврдеше дека ќе ја убијат, потоа гледаше во камера и им се закануваше на Меџити и Ганиу!

Sase Ivanovski

Хана Селмани, млада Албанка од Скопско, ја објави својата прва научна студија за иновативна програма која користи вештачка интелигенција за откривање и дијагностицирање на депресија со импресивна точност од 99%

Sase Ivanovski

На Васко Ковачевски ќе му се суди во отсуство

Sase Ivanovski

Наместо автомобили, чешките работници ќе склопуваат пушки

Sase Ivanovski

Хути: Ќе почнеме да гаѓаме израелски цивилни авиони

Sase Ivanovski

Проданоски: Постојат индикатори кои покажуваат дека економијата се движи во позитивен правец

Sase Ivanovski

Обвинителството ја повикува Данела Арсовска веднаш без одлагање ако сака, да ја сослуша за дивоградбите и заканите по живот

Sase Ivanovski

Демократската партија на Турците избра нов лидер: Дали опозициската партија ќе го смени политичкиот курс?

Sase Ivanovski

Верниците денес на мирен протест пред резиденцијата на г.г. Стефан

Sase Ivanovski

Картаполов: Условите за Украина се влошуваат, ако одбијат мир, ќе останат без повеќе територии

Sase Ivanovski

Трамп најавува удвојување на царините за челик

Sase Ivanovski

(Видео) Навивачите на Црвена звезда упаднаа на стадионот на Партизан

Sase Ivanovski

Осми „Марш за ангелите“ во Кочани

Sase Ivanovski

Охриѓани со “шарена револуција!” ќе бираат нов митрополит!?

Sase Ivanovski

ДАНЕЛА И ВИСАР ШОУ

Sase Ivanovski

Нов руски напад врз Херсон, има и загинати

Sase Ivanovski

Над 15 илјади матуранти денес ќе го полагаат првиот екстерен испит од државната матура

Sase Ivanovski

Авионска дезинсекција против комарци денеска и утре во Скопје

Sase Ivanovski

Времето денеска сончево со максимална температура до 26 степени

Sase Ivanovski

Колумбија: Фатена „наркоподморница“, запленети шест тони кокаин вредни 300 милиони долари

Sase Ivanovski

Куба ги обвини САД дека ги охрабрува Кубанците да прават кривични дела

Sase Ivanovski

На денешен ден во 1903 година во Санкт Петербург свечено е отворен Троицкиот мост над реката Нева

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: За еден месец во Штип почнува со градба ветерен парк вреден 500 милиони долари

Sase Ivanovski

МИЦКОСКИ: Денеска остварив средба со претседателот на Владата на Унгарија, Orbán Viktor

Sase Ivanovski

Протест на медицинскиот персонал во тетовската болница, два месеци се без плата

Sase Ivanovski

ВЕ МОЛАМ НЕМОЈТЕ ДА ПРЕПИШУВАТЕ Јаневска им подели совети на учениците пред утрешното полагање државна матура

Sase Ivanovski
Вчитувам....