12.8 C
Скопје
05/03/2025 10:00
МАКТЕЛ

    

ЌЕ СВЕДОЧИ ЛИ ДЕНЕСКА ВТОРООБВИНЕТИОТ ВЕЛИБОР МАНЕВ? Судењето за убиствата на Вања и на Панче влегува во финишот

      

Денеска се очекува да сведочат двајца полицајци од СВР Велес, а доколку не дојдат или ќе се испитува обвинетиот Велибор Манев или ќе се изведуваат материјалните докази со кои ќе се брани првообвинетиот Палевски.

Со сведоци на одбраната на првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо денеска во Кривичниот суд во Скопје ќе продолжи судењето на обвинетите за грабнувањата и за убиствата на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес и на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје. За тешките злосторства извршени на 22 и на 27 ноември 2023 година, покрај Палевски се обвинети и Велибор Манев, Боре Видевки и Влатко Кешишев, а Александар Ѓорчевски е обвинет за помагање во извршувањето на грабнувањето на неговата ќерка Вања. Одбраната на  Палевски, адвокатите Марјан Витановски и Јовица Страшевски, за сведоци предложи двајца полицајци од СВР Велес, на кои судијата Ивица Стефановски им испрати покани за денешното рочиште. Тоа се полицајците Мартин Панчевски и Стојан Кујунџиевски.

Неизвесно е како ќе продолжи рочиштето доколку не дојдат полицајците Панчевски и Кујунџиевски – дали ќе се испитуваат обвинетите или ќе се изведуваат материјалните докази што ги предлага обвинетиот Палевски. Судијата Стефановски најави можност доколку не дојдат сведоците, одбраната на Манев да биде подготвена за испитување на второобвинетиот Велибор Манев. Во врска со материјалните докази кои ги предлага првообвинетиот Палевски, судијата ги задолжи неговите адвокати да состават листа.

   

– Со оглед дека Палевски даде повеќе поднесоци за изведување на докази, како и барање на обезбедување на докази, ја задолжувам одбраната да состави листа каде секој доказ поединечно ќе биде нумериран, за да може Судот да се изјасни. Направете селекција, затоа што многу поднесоци се во прашање – ги задолжи судијата адвокатите на Палевски на последното рочиште.

Доколку денеска почнат исказите на обвинетите, судењето за двете убиства ќе влезе во завршната, „најжешка“ фаза. Прв од обвинетите ќе сведочи Манев, потоа Видевски, Кешишев, Ѓорчевски и последен Палевски. На првото рочиште сите обвинети се изјаснија за невини, а во истражната постапка Манев, Видевски и Кешишев го признаа делото. Во текот на судењето, пак, Кешишев  призна што сторил со зборовите „тоа се дела за кои одговарам“ во писмото со кое го негираше своето претходно писмо, за кое рече дека го напишал по налог на Палчо. Велешанецот Велибор Манев е тој што ги однел полицајците до местото каде го закопале телото на Панче Жежовски. Штипјанецот Влатко Кешишев ги однел полицајците до местото каде е закопано телото на Вања.

Јавноста со нетрпение ги очекува испитувањата на обвинетите за убистата во надеж дека ќе се дознае повеќе за мотивите на грозоморните убиства. Јавноста не е уверена во мотивот кој е изнесен во обвинението дека убиствата се извршени од користољубие – Панче е убиен за да му се одземе возилото, а Вања е грабната со цел за неа да биде баран откуп од семејството. Ова особено што убијците не побарале откуп за Вања и не ја однеле на место каде што ќе ја чуваат до откупот, туку среде ливада со ископана дупка и ја убиле околу час и половина по грабнувањето. Јавноста не е уверена и дека таткото Александар има врска со грабнувањето на неговата ќерка.

Од сведочењата на обвинетите јавноста очекува да дознае детаљи кој ги предложил злосторствата, како ги планирале, што им била намерата, како се грабнати Панче и Вања, зошто е убиени, од кого планирале да бараат откуп за Вања, какви им биле намерите откако евентуално ќе го добијат откупот итн. На минатото рочите сведочеше член на партијата Десна, чиј претседател беше Палевски, кој се обиде да му даде алиби на Палевски за утрото кога е убиена 14-годишната Ѓорчевска. Тврдеше дека од 8.20 до 9 часот комуницирал со Палчо, но немаше доказ за комуникацијата, која, според него, се одвивала на таен канал на мрежата Телеграм и се самоизбришала по 30 минути.

На предминатото рочиште обвинителките презентираа снимки од надзорните камери од куќата на Манев, на кои се гледаат четворицата обвинети како се собираат кај Манев вечерта пред убиството на Панче, пред неуспешниот обид за грабнување на Вања на 24 ноември 2023 година, како и вечерта пред убиството на Вања. На снимките, за кои Судот рече дека утврдил дека се гледаат лицата на обвинетите, се гледаат четворицата како пробуваат ракавици, носат слушалки и микрофони, како и радиостаници. На една снимка по неуспепниот обид за грабнување на Вања, се гледа Манев како вади лопати од рено кангу и како од гепекот вади вреќа за пиење, ја дипли и ја враќа.

  

Најново

Годишната седница на кинескиот Национален народен конгрес – обавување политички и економски цели на Пекинг за 2025 година

Sase Ivanovski

Трамп: Путин е силен и умен лидер, се разбираме и тоа може да ја одврати руската агресија

Sase Ivanovski

ПЕТГОДИШНО ДЕТЕ ИСПИЛО АНТИДЕПРЕСИВИ Состојбата му е стабилна, продолжува опсервацијата на Детска клиника

Sase Ivanovski

Арапските лидери ја поддржаа египетската алтернатива на планот на Трамп за Ривиера во Газа

Sase Ivanovski

Демократите ќе се самоорганизираат на алтернативни онлајн платформи кои не се контролирани од Илон Маск и таквите како него

Sase Ivanovski

Вучиќ за нередите во Собрание: Ова не се случило 35 години, ќе бараме одговорност

Sase Ivanovski

Белорусија тргнува во лов по ретки минерали: Лукашенко нареди пребарување на депонии по изјавата на Путин

Sase Ivanovski

Трамп: Објаснете му на „гувернерот“ Трудо дека САД ќе воведат дополнителни реципрочни царини за канадските царини

Sase Ivanovski

Кога ми ги „чепна“ децата, решив да го пријавам, вели неготинскиот градоначалник за момчето осомничено за демнење кое заврши во притвор!

Sase Ivanovski

Трамп во неговиот голем говор пред Конгресот го најавува „златното доба“ на Америка

Sase Ivanovski

Денеска во струшкиот суд две одвоени судења против Мерко

Sase Ivanovski

„Топлoтната купола“ доаѓа во Европа, какво влијание ќе има на времето во Македонија?

Sase Ivanovski

ТАЈНАТА НА ЕКОНОМСКИОТ ПРОСПЕРИТЕТ НА ОВАА ЗЕМЈА: Високи плати, кратко работно време и пет недели одмор

Sase Ivanovski

ЕВРОПА ОПАСНО СЕ НАОРУЖУВА: Рекордни 800 милијарди евра за одбрана – за што се подготвува унијата?

Sase Ivanovski

ЗА 4.000 ЕВРА СИ ГО ДАЛА БЕБЕТО НА ПОСВОЈУВАЊЕ Мајката е во притвор

Sase Ivanovski

СОНЧЕВО И ТОПЛО Утрото ќе биде студено

Sase Ivanovski

Љупчо Николовски доби син

Sase Ivanovski

Во посета претседателот на хрватското собрание

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Српска пратеничка добила мозочен удар и е во критична состојба по инцидентите во Собранието

Sase Ivanovski

Сашо Дранго што се сликаше со убиена мечка доби замена: Македонија пат има нов директор

Sase Ivanovski

Од денес до петок посебен режим на сообраќај во Скопје

Sase Ivanovski

Орбан: Срамно е што процесот на зачленување на Македонија во ЕУ оди споро

Sase Ivanovski

Мариника Тепиќ: Смислија дојава за бомба во Парламентот за да ни влезат во канцелариите

Sase Ivanovski

Црвена Звезда со специјална награда за Бошко Ѓуровски: Горд сум, овој клуб е мојата судбина

Sase Ivanovski

Ватикан соопшти како е денеска папата Франциск

Sase Ivanovski

Дојава за бомба вечерва во Српскиот парламент

Sase Ivanovski

Илија Димовски: Трамп е рационалист и тоа е добро за светскиот поредок

Sase Ivanovski

Во новата геополитика Македонија треба да го следи својот интерес, вели Андреј Петров

Sase Ivanovski

„Ројтерс“: Украина и САД се подготвуваат да го потпишат договорот за минералите идната недела

Sase Ivanovski

Вака изгледа снимен повик на криминалната мрежа што “цеди” илјадници евра за лажни сообраќајки во Македонија

Sase Ivanovski

Лишен од слобода 19-годишен возач поради сообраќајна несреќа во која загина едно лице

Sase Ivanovski

90 ГОДИНИ ОД „OPEL OLYMPIA“ Моделот кој е пионер на современото автомобилско производство

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЛШ: Мадридското дерби за Реал, Арсенал му даде седум гола на ПСВ

Sase Ivanovski

Економијата во последниот квартал од 2024 година пораснала за 3,2%

Sase Ivanovski

Франција: Европските земји треба да ги здружат силите за да ја надоместат американската помош за Украина

Sase Ivanovski

Рубио: Стејт департментот ги прогласи Хутите за странска терористичка организација

Sase Ivanovski

Во новата геополитика Македонија треба да го следи својот интерес, вели Андреј Петров

Sase Ivanovski

Макрон ја поздрави спремноста на Зеленски да го продолжи дијалогот со Трамп

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ не ги прифаќа економските предлози на опозицијата

Sase Ivanovski

Сијарто: Војната лесно може да ескалира, европските лидери се обединуваат против Трамп

Sase Ivanovski

Мемеди откри детали за состојбата на петгодишното дете затруено со таблети

Sase Ivanovski

Уапсен е 19-годишниот возач кој ја предизвикал тешката несреќа на автопатот Тетово-Гостивар

Sase Ivanovski

„Ројтерс“: Украина и САД се подготвуваат да го потпишат договорот за минералите идната недела

Sase Ivanovski

Најдебелиот пациент во Македонија има 288 килограми, годинава ќе се оперираат 40 обезни лица на товар на ФЗОМ

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Стојаноски: Нема да го прифатиме предлог законот на опозицијата, затоа што е уште едно од низата на промашени мерки на СДС

Sase Ivanovski

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со Сојуз на борци на НОАВМ и граѓани продолжувачи

Sase Ivanovski

ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје: Ја информираме јавноста дека најостро ги демантираме наводите на општина Карпош дека дрвото било обележано за сечење

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Fw: Денот во 60 секунди- Билатерална средба Мицкоски-Орбан и вмрежување со Унгарија на економско поле, раст на БДП како резултат на добрите политики

Sase Ivanovski

САД ја суспендираа целата воена помош за Украина по спорот меѓу Трамп и Зеленски

Sase Ivanovski

АХВ: Се засилуваат контролите на увезените пратки со овошје и зеленчук од сите земји

Sase Ivanovski

Што сè треба да направи еден матурант за да заврши средно образование и да се запише на факултет?

Sase Ivanovski

МВР: Граѓаните да не наседнуваат на повиците за лажни сообраќајки

Sase Ivanovski

Десетици универзитети, академии и компании ќе бидат дел од Саемот за образование на 15 и 16 март

Sase Ivanovski

Сите граѓани кои добиле високи сметки за струја да поднесат приговор или самите да си ги читаат броилата, апелираат Министерство за енергетика и РКЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) „Steam Next Fest“ нуди одлични бесплатни демо верзии на квалитетни игри

Sase Ivanovski

Немири во српското собрание: Фрлени димни бомби, тепачки, повредени пратеници

Sase Ivanovski

Трамп воведува нови царини од 25 отсто за Мексико и Канада

Sase Ivanovski

Костадиновски: За еден месец истекува рокот кој му го дадовме на Собранието да интервенира во одредбите за мета-податоци

Sase Ivanovski

Кликови, пари и избори: Политичките онлајн реклами да имаат дигитални отисоци

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мажи не купувајте ништо за осми март, џабе е се!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Енергетската заедница за независноста на РКЕ, бара одговори од Владата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Српска пратеничка погодена со шок-бомба, се бори за живот

Sase Ivanovski

ПАРИТЕ СЕ НА РУСИЈА, НЕ Е ФЕР ДА ИМ СЕ ЗЕМАТ Франција е против употребата на замрзнатите руски средства за војната во Украина

Sase Ivanovski

ЗЕЛЕНСКИ И МЕРЦ ДОГОВОРИЈА СОРАБОТКА Германија е лидер во снабдувањето на Украина со противвоздушни системи

Sase Ivanovski

КАСАМИ МУ ПОРАЧА НА АХМЕТИ ДА СИ ЅИРНЕ ВО МИНАТОТО Има кој да се грижи за правата на Албанците

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Врховното јавно обвинителство на Србија за инцидентите во Собранието: Имунитетот не ги штити пратениците од гонење за сторени кривични дела

Sase Ivanovski

Светски ден на дебелината, еден од најзначајните здравствени предизвици на денешницата

Sase Ivanovski

Трамп: Мислам дека договорот со Украина не пропадна, Зеленски треба да биде поблагодарен

Sase Ivanovski

Џеј Зи ја тужи жената што го обвини за силување: „Изгубив 20 милиони долари поради нивните лаги и закани“

Sase Ivanovski

Куче трагач го пронајде живо 2-годишното девојче кое исчезна во Србија

Sase Ivanovski

Дмитриј Песков: Преговори меѓу Русија и Америка за Украина откако амбасадите ќе профункционираат

Sase Ivanovski

МВР се премисли – ја ревидираше идејата за контроверзни промени во Член 31 од Законот за полиција

Sase Ivanovski

Трудо: Канада денеска ќе воведе соодветни тарифи за американските производи

Sase Ivanovski

Двегодишната Дуња била пронајдена како лежи на нива – зашеметена и расплакана

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Нови измами со лажен полицаец и сообраќајка – две пензионерки од Скопје останале без 13.000 евра

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова: Жените мора да внимаваат на зборовите и не е лошо човек да се извини

Sase Ivanovski

Петровска поднесе претставка до антидискриминациска: Министерката ме дискриминираше по основ на брачен и семеен статус

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Продолжува хаосот во српското Собрание – пратеник ги прскаше колегите со ПП апарат

Sase Ivanovski

„Невидливите бесови на срцето“ – ново издание на Три кое ја менува дефиницијата за љубовта

Sase Ivanovski

Дрво падна врз дете во парк, итно пренесено во Ургентен центар

Sase Ivanovski
Вчитувам....