На нашата веб-страница граѓаните ќе можат прецизно да дознаат каде има достапен лекар, какви услуги се нудат и колку чини секоја од нив, изјави министерот за здравство, Азир Алиу.
Новиот министер за здравство, Азир Алиу, информираше дека Министерството, во координација со ИТ-секторот, работи на развој на дигитален портал со јавно достапни информации.Порталот ќе биде визуелно разбирлив и прилагоден за јавноста, особено за новинарите, и ќе содржи податоци како: број и вид на лекари по болници и клиники, сите достапни здравствени услуги и нивните цени и типови на услуги што ги нуди секоја здравствена установа.
– Степенот до кој сакаме да одиме е толку детален, што ќе дадеме информации и за бројот на хигиеничари во секоја здравствена установа – нагласи министерот.Овој проект се реализира во соработка со Министерството за дигитална трансформација.
– На нашата веб-страница граѓаните ќе можат прецизно да дознаат каде има достапен лекар, какви услуги се нудат и колку чини секоја од нив – додаде Алиу.Министерот го презентираше и деталниот план за работата на Министерството во неговиот мандат, заснован на 5 главни столба. Планот е структуриран во три фази: краткорочен план за првите 3 месеци, едногодишен акциски план што бара дополнителен кадар и ресурси, и тригодишна стратегија до крајот на мандатот, која ќе вклучи странски институции и процеси на стандардизација.Како дел од таа стратешка рамка, во Кабинетот на министерот ќе бидат вклучени и експерти од Светската здравствена организација (СЗО), најави Алиу.