Ќоку упати апел до другите албански пратеници, особено до оние кои го поддржаа крилото на Арбен Таравари, да се вратат во групата, за да го спроведат до крај мандатот кој го добиле од граѓаните. Пратеничката група на Вреди до денеска брои девет члена, а во наредните денови, велат дека ќе им се приклучи уште еден. Со тоа, како што рече на денешната прес-конференција координаторот на пратеничката група на Вреди, Беким Ќоку, со 10 члена се најголемата албанска пратеничка група во Собранието и дека можно е да стигнат до 14 члена. Ќоку рече дека се во разговори со сите пратеници, особено со оние од крилото на Таравари кои како што рече, ни самите не знаеле што се случува со партијата.
Тој нагласи дека пратениците остануваат лојални на договорот кој се склучил со членовите на Вреди и дека ги поддржуваат нивните политики. „Остануваме лојални на договорот што го склучивме со нив на 8 мај 2024 година и дека сме доследни и непоколебливи кон програмските определби и изборните ветувања со кои нѐ овластија да бидеме нивни претставници и претставници на народот“, рече тој. Упати апел до другите албански пратеници, особено до оние кои го поддржаа крилото на Арбен Таравари, да се вратат во групата, за да го спроведат до крај мандатот кој го добиле од граѓаните. „Вреди продолжува уште посилно и пообединето. Убеден дека албанскиот граѓанин мрази поделби и сака единство. Локалните избори наесен ќе бидат доказ дека бевме и сме во право и дека она што го направивме, навистина вредеше“, рече Ќоку. Пратениците кои се дел од оваа група, покрај Ќоку се Африм Гаши, Аднан Азизи, Беким Сали, Мерита Коџаџику, Калтрина Беќири, Имерлије Салиу, Саранда Имери и Фериде Хаџиу.