Бугарскиот политичар и поранешен европратеник, Ангел Џамбаски повторно бара вето за Македонија откако вчера Основниот суд од Битола го осуди Љубчо Ѓоргиевски, претседателот на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ од Битола на затворска казна од една година, со услов од две години да не го повтори кривичното дело, поради предизвикување национална и расна омраза и нетрпеливост, како и ширење расизам и ксенофобија преку компјутерски систем.Според Џамбаски, „срам и предавство“ е што бугарската Влада не го санкционира тоа што се случува во Македонија.
„Скопскиот суд го осуди Ѓоргиевски на затвор затоа што го цитирал Иван Михајлов, чиј портрет виси во канцеларијата на претседателот на ДПМНЕ. Оваа пресуда е дрска антибугарска демонстрација. Ова е исто така пресуда против Бугарите во Македонија. Против нивното право на бугарски национален идентитет и самоопределување. Во Скопје ги осудуваат Бугарите затоа што се Бугари, а Софија молчи. Неприфатливо и недозволиво. Време е за остра реакција“, стои во објавата на Џамбаски.Најави дека во недела ќе се одржи протест пред македонската амбасада во Софија по повод осудителната пресуда за Ѓоргиевски