Многу е разочарувачки да се види дека Израел сè уште учествува во натпреварувањето. Би сакал следната Евровизија да се одржи во Виена без Израел, изјави овогодинешниот победник на Евровизија за шпанскиот весник „Паис“. Победникот на овогодинешниот Евровизиски натпревар, Австриецот Џеј-Џеј, денес побара Израел да биде исклучен од музичкото натпреварување поради војната во Појасот Газа, пренесува Танјуг.
– Многу е разочарувачки да се види дека Израел сè уште учествува во натпреварувањето. Би сакал следната Евровизија да се одржи во Виена без Израел – изјави тој за шпанскиот весник „Паис“. Израелскиот претставник, Јувал Рафаел, кој го преживеа нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година, освои најмногу гласови од публиката и заврши на второто место, зад Џ.Ј.