Денес имав голема чест, со г-дин Љубчо Георгиевски, претседател на ВМРО НП и поранешен премиер, во една пријатна атмосфера да разговараме и размениме мислења на многу политички теми. Ми беше огромно задоволство да разговарам со Георгиевски за историјата, за распадот на Југославија, за процесот на стекнување на независноста на Македонија и Босна и Херцеговина. Секако, важно место имаше и темата за опозициските предизвици и лутањето од стратешките цели на Северна Македонија.
Ако е нешто познато во овие три и кусур децении, познато е дека г-динот Љубчо Георгиевски е храбар во рушењето на разни табуа во политичкиот простор, како и човек кој секогаш користи и прифаќа агрументи во дебатите. Посебен придонес во убавата атмосфера има и денешниот Ден на независноста на БиХ, како и првиот ден од светиот месец за муслиманите на Рамазан.