Путин за Украина го мисли истото што и Милошевиќ за Косово, изјави поранешниот британски премиер Борис Џонсон. Toj интервју за Скај њуз, рускиот претседател Владимир Путин го спореди со починатиот поранешен српски претседател, Слободан Милошевиќ. Џонсон вели дека Путин „катастрофално згрешил“ кога одлучил да ја нападне Украина.
„Сите ние во британската влада го читавме неговиот луд есеј за Украина, кој го објави минатото лето. Тој фундаментално погрешно ја процени Украина. Беше исто како да го читате Слободан Милошевиќ на темата Косово“, кажа Џонсон.
Според Џонсон, Милошевиќ мислеше дека Косово е интегрален дел од голема Србија и духовниот дом на српската нација. „Мислам дека Путин го мисли истото за Киев и потеклото на православната вера“, кажа Џонсон.
Тој рече дека Украина е слободна и независна европска земја со сопствен идентитет, со сопствени амбиции и судбина. Британија донираше оружје за Украина, а воедно и обучуваше нејзини војници. Русија на 24 февруари ја нападна Украина.