В недела на 18 мај се одржа меѓународниот турнир „Скопје опен“ – 2025 во организација на Џудо клубот Ипон од Скопје. На овој турнир настапија клубови од осум држави (Србија, Црна Гора, Бугарија, Косово, Молдавија, Грција, Албанија и Македонија) со околу 260 натпреварувачи. Џудо клубот Сеишин Прилеп учествуваше со 22 натпреварувачи при што се освоени 15 медали од кои три златни, три сребрени и девет бронзени. Во продолжение погледнете ги резултатите на ЏК Сеишин Прилеп поединечно:
Помлади Пионери-ки:
Ивана Митреска 3 место
Матеја Николоска 3 место
Ксенија Илиоска 3 место
Бисера Цеткоска 2 место
Тамара Стојкоска 3 место
Марија Марковска 3 место
Елдина Пупаловиќ 3 место
Марио Конески 2 место
Дила Пупаловиќ 3 место
Софија Ѓорѓиоска 1 место
Јована Цветкоска 2 место
Дино Кулески 2 место
Кадети-ки:
Тамара Илиоска 1 место
Теодора Илиоска 1 место
Ацески Марко 3 место
Одлични борби прикажаа и останатите членови кои не успеаја да изборат место на пиедесталот. Екипата ја водеа тренерите Мартин Ристески и Дејан Мицкоски. ЏК Сеишин продолжува со подготовки за следните меѓународни првенства.