Првата детска амбасада во светот – Меѓаши годинава ја одбележува 33-годишната посветеност на заштитата на детските права, постојаната ангажираност и активната улога во градењето мир и меѓусебно разбирање. Со непоколеблива посветеност и визија за праведен свет за секое дете, продолжуваме!
👉 По тој повод, Меѓаши со гордост ја најавува промоцијата на повеќе значајни активности и материјали:
🌐 Нова веб-страница – современо дизајнирана и функционална платформа која овозможува подобра достапност на информации и услуги за децата, јавноста и институциите. https://www.childrensembassy.org.mk/pocetna.nspx
🎥 Документарен филм: ,,30 години Меѓаши” – Документирано сведоштво за развојот, достигнувањата и влијанието на Меѓаши низ годините
➡️ Како настана и започна Меѓаши!
Исто така, достапни се уште два кратки видео-прилози поврзани со историјата и работата на организацијата:
📺Како започна приказната на Меѓаши
📺Како Меѓаши влијаеше на општеството
📖Монографија: “30 години Меѓаши” – Публикација која ја отсликува историјата на организацијата, активностите и резултатите во изминатите три децении:
🔢Меѓаши низ бројки – Преглед на главните достигнувања, иницијативи и влијанието на Амбасадата во текот на 33 години. Преку овие промотивни материјали, Детската амбасада МЕЃАШИ не само што го документира своето повеќедецениско активно дејствување, туку и ја засилува својата мисија за поттикнување на одговорноста, едукација и активирање на пошироката јавност во поддршката на децата, воедно потсетувајќи на важноста од мировното образование и градење култура на мирот од најмала возраст.