За да не му биде досадно, корисникот може да гледа филмови или видеа од Јутјуб на мал екран.
Капсула која автоматски го измива човекот и потоа го суши за не повеќе од 15 минути беше претставена во Јапонија.Комапанијата Science Co. разви „машина за перење луѓе“. Капсулата сама ги избира притисокот и начинот на перење. Машината го мери степенот на контаминација, а со напредна технологија ги отчитува отчукувањата на срцето за да ја прилагоди температурата врз основа на физичката и емоционалната состојба на корисникот. За да не му биде досадно, корисникот може да гледа филмови или видеа од Јутјуб на мал екран.Компанијата планира машината „Mirai Ningen Sentakuki“ насокоро да биде лансирана за домашна употреба.
Раководителот на компанијата Јасуаки Аојама ја добил идејата за машината од проект за слична „ултразвучна бања“ од 1970 година, па решил да го оствари својот детски сон. Вели дека бил четврто одделение кога ја видел машината на саем, а неговата фантазија полудела. Во тоа време, многу куќи во Јапонија немале бања и луѓето по обичај користеле јавни бањи.
– Бев возбуден да размислувам за тоа каква ќе биде иднината – се сеќава тој. Весникот „Ибица“ споменува дека оригиналната машина за перење луѓе во ултразвучна када од 1970 година била затворена када во облик на јајце висока два метри во која било потопено лице за да ги мие алиштата без да ги соблекува, користејќи систем на топла вода, ултразвучни бранови и пластични топки погодни за масажа на телото на лицето.