МАКТЕЛ

     

10 ГОДИНИ ДЕТСКА КАРДИОХИРУРГИЈА ВО МАКЕДОНИЈА, ИНТЕРВЈУ СО ДОЦ. Д-Р ВЛАДИМИР ЧАДИКОВСКИ

      

ГОЛЕМИОТ БРОЈ СПАСЕНИ БЕБИЊА СЕ НАШИТЕ ПЕХАРИ, ДРУГО ПРИЗНАНИЕ НЕМАМЕ: ДОЦ. Д-Р ЧАДИКОВСКИ ЗА СИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ ВО 10-ГОДИШНОТО ПОСТОЕЊЕ НА ДЕТСКАТА КАРДИОХИРУРГИЈА
Педесет професионалци предводени од доц. д-р Владимир Чадиковски, супспецијалист по детска кардиохирургија, секојдневно водат беспоштедна борба да се спаси детски живот. Од 120-150 бебиња, кои во нашава земја се раѓаат со вродена срцева мана на годишно ниво, доколку не се оперираат веднаш, имаат, за жал, 100-процентна смртност. Овој тим, кој работи како еден, е победнички, вели доц. д-р Чадиковски во денешното интервју за „Фактор“, по повод 10-годишниот јубилеј.

Д-р Чадиковски: Отворив врата за идните генерации да бидат подобри од мене. Направивме супспецијализација за детска кардиохиругија првпат на Медицинскиот факултет. Успеав да направам победнички тим, кој сега ќе негува нови генерации, дека на крајот секогаш се бројат само победите и успесите…
Една од најпрестижните области во медицината е детската кардиохирургија. 10 години предводите тим што успешно се соочува со низа неверојатни предизвици. Д-р Чадиковски, може ли да направите една паралела, како почнавте и до каде стигнавте во детската кардиохирургија, која благодарение на Вас почна да функционира во Македонија во 2013 година.

   

Д-р Чадиковски: Оваа година правиме 10 години откога започна проектот „детска кардиохирургија“ во нашата држава. На почетокот имаше едно прашање што цело време си го поставував – зошто досега нема ваква медицинска гранка (најтешка системска медицинска гранка) кај нас. 120-150 деца се раѓаат годишно со вродена срцева мана, ако не ги оперираш веднаш, имаат 100 проценти смртност (80 проценти во првите неколку месеци). 20 години децата одат да се оперираат во Софија, успеваат само 40-45 проценти да стигнат до операција, според нашите статистики што ги имаме досега. Значи, половина од децата годишно завршуваат без шанса за живот. Огромни средства се одлеваат од Фондот за лекување во странство и уште огромен број други придружни проблеми. За кратко време ќе сфатите зошто немало – дека е „пеколно“ тешко да се направи систем во систем и тим од 50 професионалци кои ќе работат како еден.

Сè започна со средба иницирана тогаш од министерот за здравство, Никола Тодоров, кој го покани проф. Вилијам Новик со цел негов тим во нашата држава, за да го започнеме овој проект. Откога се поставија основните постулати како тоа ќе се организира, започнав со работа која не беше поврзана со операции туку со организирање систем. Морав цела година да поминам по донаторски настани за собирање пари за реновирање на Одделот за детска хирургија, за да го подготвам за можност да се оперираат деца со срцеви мани. Прво започнав со амбасадорката Симоне Филипини, огормен број настани, а потоа се приклучи и Министерството за одбрана на САД, при што опремивме цел оддел за интензивно лекување, комплет апаратура, опремување на операционите сали, реновирање на целата клиника, амбулантите и три од 4 лифта на Одделот за хирургија.

Намерно оставив еден лифт за да видат како изгледало порано, дека нашиот народ бргу заборава. По една година подготовки, сè започна со оператива, при што во едукација учествуваа повеќе од 400 професионалци од повеќе од 30 држави. Беше навистина тешко во првите години, притисоци имаше од сите страни, но некако се успеа во таа борба. Во првите 3-4 години се оперираа повеќе од 200-250 деца. Павињонскиот тип клиники беше огромен проблем, дека клиниките се на различни позиции во кампусот. Чисто информативно, ние започнавме една година пред адултната кардиохирургија чии доктори цела година оперираа во нашите сали, а потоа се оформи нивната клиника.

Да, во последните 3 години веќе сме во „Аџибадем Систина“ и имам свој оддел акредитиран по ЈСИ-стандарди првпат во нашата држава и регионот, со повеќе од 50 професионалци едуцирани во оваа област, а сите услуги се покриени од ФЗОМ. Сите деца добиваат шанса за живот, значи со покриени трошоци од државата, добиваат најдобри услови за третман. Како илустрација, каде и да проверите во САД или Европа, кога една болница има детска кардиохирургија, тоа е болница со 5 ѕвезди, поради тоа што покажувате систем, тим што функционира како еден. Со тоа треба да се гордее и државата, дека има оддел што може да ги згрижи сите најтешки болни бебиња и деца.
Мора да признам дека сега од оваа перспектива гледано, многу труд се вложи за да успее сето ова.

Располагате ли со конкретни бројки во однос на тоа колку операции се досега направени и колкава е најмалата возраст на дете/бебе врз кое морало да се направи одредена кардиохируршка интервенција?

Д-р Чадиковски: Досега се третирани повеќе од 1 000 бебиња, со морталитет што е речиси идентичен со оној во околните држави и Европа, а што се однесува до тоа, мислам дека некаде 1500 грама е најмалото третирано бебе кај нас на одделот.
Во Вашето десетгодишно дејствување на ова поле, може ли да издвоите еден од предизвиците што засекогаш ќе го паметите?

Д-р Чадиковски: Драго ми е што веќе можеме да се справиме со сите предизвици во детската кардиохирургија, најсовремени оперативни техники, постоперативна нега, дијагностика, хибридни процедури, интервентна кардиологија, електрофизиологија, ехотомографија кај трудници и нивно следење. Првпат почнавме со ЕКМО и призма, хемодијализа кај бебиња и деца со одлични резултати.
Од каде сè имате пациенти?

Д-р Чадиковски: Ги згрижуваме веќе сите бебиња и деца со вродени срцеви мани во нашата држава, а веќе опериравме повеќе од 50 бебиња од Косово. Сега сме во преговори да започнеме со третман на деца од Албанија.
Која е најголемата награда со која се гордеете како единствен супспецијалист за детска кардиохирургија во Македонија?

Д-р Чадиковски: Знаете, најинтересно е што поминаа повеќе од 10 години, оперирани се повеќе од 1 000 бебиња кои се најтешките во државата за згрижување. Никогаш во историјата на македонското здравство не постоела ваква специјалност. Децата и родителите оделе во странство, повеќе од 1000 бебиња починале без борба пред да започне нашиот проект. Има само 4 центри во регионот: Белград, Софија и Атина и еден кај нас. Никој досега не се сети, без разлика која влада, градоначалник, претседател, да го награди со благодарница овој тим од 50 професионалци кои секој ден се борат со најтешките бебиња во државава. Ќе кажам, најголема награда на сите нас во тимот ни е кога ќе заминат дома родителите среќни со здраво дете. Не успеваме секогаш да ги спасиме сите, што ми е особено тешко, но на сите родители им кажувам, единствено нешто што им гарантирам е дека јас и целиот мој тим ќе дадеме сè од себе за да го спасиме нивното дете. Само тоа можам да им го гарантирам.

Ќе ни откриете ли кои се Вашите следни чекори и каде се гледате себеси во следните 10 години?
Д-р Чадиковски: Мојата кариера, вака или онака, ќе заврши за некое скоро време, не знам дали тоа што јас го поминав е добро или лошо, правилно или неправилно, успешно или неуспешно, знам единствено дека отворив врата на идните генерации да бидат подобри од мене. Направивме супспецијализација за детска кардиохирургија првпат на Медицинскиот факултет. Успеав да направам победнички тим кој сега ќе негува нови генерации, дека на крајот секогаш се бројат само победите и успесите, мојот тим е победнички, а пехарите се огромниот број спасени бебиња.
Извор – Фактор

   

Најново

Шилегов распали по Венко Филипче: Златна да визата!

Sase Ivanovski

ЛДП: Градскиот парк личи на џунгла, излегува на површина неспособноста на Арсовска

Sase Ivanovski

Апасиев: Во Влада се луксузираат, а во Собранието нема паркинг, кафе и јајца за доручек

Sase Ivanovski

Јаневска: Се залагаме за едносменска настава во сите училишта

Sase Ivanovski

Бендевска: За ЗНАМ е неприфатливо да седи во иста Влада со субјект кој се договара со ДУИ

Sase Ivanovski

Македонија 2025: Дигитализацијата клучна за економски развој, борба против корупција, поефикасна државна управа и подобри јавни услуги

Sase Ivanovski

ВРЕДИ: Оваа влада има доволно мнозинство за да продолжи со проекти во корист на граѓаните

Sase Ivanovski

Песков: Јазикот на ултиматум не може да се користи за дијалог со Русија

Sase Ivanovski

Анчелоти е нов селектор на Бразил

Sase Ivanovski

Тајани: Путин треба да одлучи дали ќе има мир во Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Трамп: Можеби ќе им се придружам на Путин и Зеленски на преговорите в четврток во Истанбул

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Не е здрава храна ако го намалиме лебот и го тргнеме „благото“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ова може да ја револуционизира иднината на возењето

Sase Ivanovski

Машен, Германија – Повеќе од град, тоа е еден од клучните железнички центри во Европа

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Орце Ѓорѓиевски: За нас, говорат делата!

Sase Ivanovski

Недела поладне во Белград! Pan-Pot во кафетерија

Sase Ivanovski

Фуркан Салиу: Каде што застана Груевски, продолжува Мицкоски

Sase Ivanovski

Масивната вежба на писта на американските воздухопловни сили со 53 авиони – испратена порака до ривалите како Кина

Sase Ivanovski

На многаја лета Свети Василиј Острошки…

Sase Ivanovski

Полска еднаш ги отвори вратите за милиони украински бегалци, но сега расположението се смени

Sase Ivanovski

Полска: Руската тајна служба стои зад пожарот во трговскиот центар во Варшава во 2024 година

Sase Ivanovski

Научниците откриваат колку точно тежина ви е потребно за да кревате за да стекнете мускули

Sase Ivanovski

САД и Кина се согласија да ги намалат царините во рамките на деескалацијата на трговската војна

Sase Ivanovski

Администрацијата на Трамп е подготвена да прифати „палата на небото“ како подарок за Трамп од Катар

Sase Ivanovski

Објавена е првата излезна анкета од изборите во Албанија, Социјалистичка партија и Еди Рама водат со 79 пратенички места

Sase Ivanovski

Зошто кинескиот борбен авион J-10C „Vigorous Dragon“ е во тренд…

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Бендот „Фанк Шуи“ со голем хуманитарен концерт за Кочани во МКЦ на 15 мај

Sase Ivanovski

Ќе се работи Студија за природните вредности на Јабланица, целта е да се прогласи за заштитено подрачје

Sase Ivanovski

Лишени од слобода четири лица во гостиварско затоа што управувале возила со поголема брзина од дозволената

Sase Ivanovski

ДИЦ: Освен во училишта, матурата годинава ќе се полага и на пет универзитети

Sase Ivanovski

Ретроспективната изложба на Анета Светиева

Sase Ivanovski

Изгубениот контекст на изјавите на Тони Блер

Sase Ivanovski

Муртезани на средба со известувачот за Северна Македонија, Вајц  во Брисел: стратешки разговори за напредокот во пристапниот процес и поддршка за реформите

Sase Ivanovski

Лишен од слобода тетовец затоа што управувал возило со 2,16 промили алкохол во крвта

Sase Ivanovski

(ФОТО) (Галерија) На Школка се одржа настанот „Гуш и бац е љубов“, децата учеа и се поврзуваа без предрасуди

Sase Ivanovski

Европските лидери го посетија Киев и и порачаа на Русија: 30-дневен прекин на огнот сега или ќе се соочат со огромни санкции

Sase Ivanovski

ОСНОВЦИТЕ ОД КАРПОШ ЌЕ СЕ ЕДУЦИРААТ, КАКО ТРЕБА ДА СЕ ОДНЕСУВААТ КОН СВОИТЕ СОУЧЕНИЦИ СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Sase Ivanovski

Наставници од земјава ќе учат како да применуваат нови методи во наставата

Sase Ivanovski

Претрес во Куманово, пронајдена дрога, приведен дилер

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова со претставници на македонската дијаспора: Во процес е формирање на Совет за дијаспората како институционален облик на соработка

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против две вработени во Управни работи во Куманово за несовесно работење во службата

Sase Ivanovski

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и измеќарите од ЗНАМ не можат да излажат никого

Sase Ivanovski

Министерство за финансии: Министерката Димитриеска-Кочоска во работна посета на Брисел на 11. Економски и финансиски дијалог со ЕУ

Sase Ivanovski

Вчера 968 сообраќајни прекршоци, 636 за брзо возење

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Пронајдена дрога во Кавадарци, лишени од слобода две лица

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Македонскиот павилјон меѓу 10-те највпечатливи на Венециското биенале, GOVTECH дигитална програма за решавање на проблемите на граѓаните, се зголемува довербата на граѓаните во финансискиот систем

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Акциска контрола синоќа во Скопје, 76 сообраќајни прекршоци, 20 санкционирани возачи на мотоцикл

Sase Ivanovski

Чествување на 195-годишнината од раѓањето на Прличев со промоција на книга од акад. Митевски во „Матица македонска“

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Венециското биенале ги поздрави СДС, успех за македонската делегација предводена од Љутков, македонскиот павилјон во првите 10

Sase Ivanovski

Од утре почнува Robomac по 13-ти пат

Sase Ivanovski

Филипче му ја честиташе победата на Еди Рама

Sase Ivanovski

Симеонов: Се зголемуваат платите на здравствените работници што е услов за квалитетен здравствен систем

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже со која болница преговарал за да добие виза?

Sase Ivanovski

Амбер Херд откри дека дочекала близнаци, кои и се придружија на големата сестра Унах (4)

Sase Ivanovski

Бугарија наскоро на референдум – ќе одлучува дали ќе го прифати еврото

Sase Ivanovski

Индија и Пакистан најавија директни преговори

Sase Ivanovski

Еди Рама на прагот на четврти мандат

Sase Ivanovski

Нови цени на горивата од полноќ: Дизелот поевтинува, бензинот поскапува

Sase Ivanovski

Почина кардиологот Агим Зеќири

Sase Ivanovski

“Ни падна нас да ги исправаме грешките од лековерност или незнаење на претходниците” беседеше премиерот интервјуиран од заменик министерката Трајков

Sase Ivanovski

Најмалку десет жртви во израелски напад врз училиште во Газа

Sase Ivanovski

Пакистански авион од кинеско производство собори два индиски борбени авиони, соопштија американските власти

Sase Ivanovski

ПКК објави дека се самораспушта и го запира вооружениот конфликт против турските власти

Sase Ivanovski

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Sase Ivanovski

Гардијан со детали: САД и Кина договорија намалување на царините за 115 отсто за период од 90 дена

Sase Ivanovski

Една епизода од Game of throns чини колку Х Македонски народни приказни

Sase Ivanovski

Слонот во собата и „куклите“ во Владата

Sase Ivanovski

Оптимизам на берзите во Европа по договорот меѓу САД и Кина за намалување на царините за 90 дена

Sase Ivanovski

Руско Министерство за одбрана тврди дека нивниот „Искандер“ уништил ХИМАРС на украинската армија

Sase Ivanovski

ЦЕЛТА Е ЕУ, НО ТРЕБА ДА ПОБЕДИМЕ И ВО ПАРИЗ, БЕРЛИН, РИМ… Мицкоски сака Македонија да биде трипати подобра од сите за да испрати порака

Sase Ivanovski

Голем триумф за Еди Рама – сам има мнозинство да состави Влада

Sase Ivanovski

ДУИ: Време е да се преиспита легитимитетот на политичките претставници на предвремени парламентарни избори

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Интрига или факт: Гајдов му удрил бокс/шлаканица на Зиков?

Sase Ivanovski

Основната разлика меѓу евро-интеграциите на Скопје и Кијив: Украина ја брани Европа сама по себе. ЕУ ја брани Северна Македонија самата од себе

Sase Ivanovski

САД и Кина се договорија да ги намалат царините!

Sase Ivanovski

Како причини за таа својствена одлика за Американците, се наведуваат американската култура и нивниот секојдневен живот

Sase Ivanovski

Костадинов до Ѓеоргиевски: Недостасува кадар во градинките во Струмица, зошто местата не се пополнуваат?

Sase Ivanovski

Хотел Златибор во Ужице, Србија е маестрален пример за социјалистичкиот модернизам

Sase Ivanovski

Бобан Стефковски: БЕЛОМОРСКИ ВИДУВАЊА 2025

Sase Ivanovski

Христијан Мицкоски: Денеска имавме чест и задоволство да оствариме прекрасна средба со Крис Павловски и Џанкарло Девасини

Sase Ivanovski
Вчитувам....