Според она што нашата екипа го дозна уште при нивното поаѓање натаму тркалото на еден од автобусите излегло при што вистинска среќа е што не дошло до поголема катастрофа. Децата со часови часови чекале да дојде нов автобус како замена и да ги однесе со дестинацијата. Сепак изненадувањата продолжиле и таму, бидејќи како што се пожалија родителите, хотелот каде биле сместени нивните деца имал ужасно ниски услови.
Сепак најлошиот дел од ова патување е дека автобусот кој требал да ги врати во Македонија повторно има дефект па сега сите тие дечиња повторно со часови се заглавени во Албанија и не можат да се вратат. Родителите се исклучително загрижени бидејќи голем дел од младите каратисти останале без батерии на нивните телефон, а се загрижени за нивната безбедност како и за тоа во каков автобус би биле вратени дома кај нив. Родителите гневни прашуваат каква е оваа држава која дозволува нејзината иднина, младите спортисти да патуваат со небезбедни и неисправни автобуси?