Годинава БМВ слави 105 години постоење. Долговечноста на компанијата опфаќа домаќинско работење, добра организација и квалитетен производ. Оваа компанија произведува исклучително автомобили од премиум класата, односно луксузни. Директни конкуренти на БМВ се: Акура, Алфа Ромео, Ауди, Генезис, Лексус, Инфинити, Мерцедес – Бенц, Полстар и Волво.
Во едновековното постоење БМВ остави повеќе траги по кои е познат. Тоа е посакувана марка од поширок круг возачи. Уште од основањето на компанијата нејзините модели имаат спортска нота. Поклониците на старовремските автомобили многу ги почитуваат моделите 1600 и 2002 и посебно турбомоторот со четири цилиндри во линија со зафатнина од 1,5 литри. Токму овој мотор со „малку“ доработки го доведе тимот на Бребем до шампионска титула во Формула 1. Легендарната тројка со фабричка ознака „е 30“ е многу барана, особено купе моделот, како и моделот 507 од 1955 година. Тука се и мотоциклите што се прв производ на БМВ. Негувањето на традицијата на две тркала продолжува и денес. Сведоци сме на мноштво мотоциклистички настани во кои на добар глас се старите примероци. Меѓу старовремските најбарани се примероците од БМВ, а вистинска реткост се тие со странична приколка.
Напишал Мухамед Лимановски од Аврам Писевски 6а