14 медали за младите аеродромци на државното првенство во пливање
14 медали за младите аеродромци на државното првенство во пливање
На базенот во Аеродром, вчера се одржа Националното државно првенство во пливање за учениците од основните и средните училишта, при што учениците од нашата општина освоија 4 златни, 4 сребрени и 6 бронзени медали.
Во организација на Општина Аеродром, Федерацијата на училишен спорт и Сојузот на училишен спорт, 140 млади таленти од целата држава се натпреваруваа во повеќе пливачки дисциплини во машка и женска конкуренција.
На овој начин, продолжуваме со остварувањето на нашата цел за Аеродром да биде општина која ќе нуди соодветни услови во образованието, нови содржини кои го јакнат компетитивниот дух кај младите и го промовираат спортот како најдобар начин за правилен психофизички развој.