МАКТЕЛ

    

15 ГОДИНИ „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ Постојано унапредување на стандардите за медицинска грижа

      

Во текот на изминатите 15 години, во болницата се извршени 205.000 хируршки интервенции, реализирани се 1.950.000 прегледи, а довербата да се лекуваат во „Аџибадем Систина“ болницата ја добила од над 1 милион пациенти од земјата и од регионот. Првата и најголема приватна клиничка болница во земјава „Аџибадем Систина“ одбележува 15-годишен јубилеј. Отворањето на болницата на 7 април 2010 година го означи почетокот на нов интегриран пристап кон медицинската грижа. Петнаесет години од отворањето, денес „Аџибадем Систина“ претставува синоним за доверба, сигурност и квалитет, болница што ги диктира трендовите на модерната медицина во земјава во повеќе нејзини области.

– Во текот на изминатите 15 години, во болницата се извршени 205.000 хируршки интервенции, реализирани се 1.950.000 прегледи, а довербата да се лекуваат во „Аџибадем Систина“ болницата ја добила од над 1 милион пациенти од земјата и од регионот. Фокусот на успешната приказна на „Аџибадем Систина“ се луѓето – висококвалификуваните лекари, медицинските сестри и целиот персонал, кои со својата експертиза и посветеност создаваат средина каде што секој пациент добива врвна грижа. Денес, „Аџибадем Систина“ е здравствен гигант кој брои 1.200 вработени. За здравјето на пациентите се грижи тим од 226 специјалисти од различни специјалности, 436 медицински сестри и друг средномедицински кадар, како и останатите помошни сервиси –  изјави д-р Никола Панчевски, член на Одборот на директори во „Аџибадем Систина“. По повод големиот јубилеј, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ на своите пациенти ќе им овозможи промотивен попуст од 15% намалување на сите здравствени услуги. Попустот ќе биде валиден од 7 април, во времетраење од 15 дена.

   

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРЕРАСНА ВО РЕФЕРЕНТЕН ЦЕНТАР ЗА ТРЕТМАН НА СИТЕ БОЛЕСТИ Клиничката болница „Аџибадем Систина“ стана лидер во земјава и регионот во сите медицински дејности, а секоја од нив успеа да стане референтен центар за дијагностика и третман. – Клиничката болница „Аџибадем Систина“ од самиот почеток ја разви кардиохирургијата и денес со гордост можам да кажам дека нашиот центар е еден од најдобрите приватни кардиохируршки центри во Европа. Во последните четири години, имаме  објавено над 10 стручни трудови во светски водечки кардиохируршки магазини. Покрај науката, кардиохирургијата на „Аџибадем Систина“ го започна процесот на лекување на срцева инсуфициенција, први изведовме вградување на механичко срце во земјава и на тој начин го покренавме националниот програм за трансплантација на срце – изјави проф. д-р Александар Николиќ, шеф на Одделот за кардиохирургија. – Во овие 15 години, „Аџибадем Систина“ го доби статусот на најголемо и најреномирано приватно родилиште во земјава, со вкупно родени над 23.000 бебиња. Посебен акцент ставаме и на Центарот за водење на ризична бременост, со што болницата значително влијае за намалување на стапката на предвремено родени новороденчиња во земјава – изјави д-р Гордана Петровска, шеф на Одделот за гинекологија и акушерство. – Добрата организираност на тимот и добропоставениот систем овозможија пациентите за многу краток период да добијат прецизна дијагноза и веднаш да им биде закажан хируршкиот третман, без непотребно губење време, кое за нив е драгоцено. Денес во „Аџибадем Систина“ работи тим од 54 искусни хирурзи, кои изведуваат од најрутински па сѐ до најкомплексни хируршки интервенции – изјави м-р д-р Тони Јосифовски, шеф на Одделот за хирургија.

КОМПЛЕТНА ПЕДИЈАТРИСКА БОЛНИЦА СО ДЕТСКА КАРДИОХИРУРГИЈА

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ прерасна во препознатлив педијатриски центар за третман на болести кај децата од сите возрасти, со тим составен од 30 педијатри кои секојдневно се грижат за најмалите пациенти. – Во поликлиничкиот дел годишно се изведуваат над 35.000 педијатриски прегледи и интервенции, а бележиме и бројка од над 1.000 хоспитализации годишно во болничкиот стационар. Станавме препознатливи и единствени и по комплетно уредениот Ургентен центар за деца, кој нуди педијатриска грижа 24 часа секој ден во неделата. Посебен акцент ставивме на развојниот дел, каде што отворивме Специјализиран центар за следење на деца со пречки во развојот – изјави прим. д-р мед науки Душко Фидановски, шеф на Одделот за детски болести. – Детската кардиохирургија во „Аџибадем Систина“ има исто така свој јубилеј од 5 години постоење. За овој период успешно се третирани повеќе од 600 деца со срцеви аномалии. Како основоположник на детската кардиохирургија во земјава, среќен сум што во последниве 5 години, благодарение на најсовремените услови за работа, тимскиот пристап и модерната медицинска опрема, детската кардиохирургија го доживеа својот најголем подем – изјави доц. д-р Владимир Чадиковски, шеф на Одделот за детска кардиохирургија.

Фото: Аџибадем Систина

СЛЕДУВААТ НОВИ ПРЕДИЗВИЦИ, ИНОВАЦИИ И РАЗВОЈ НА МЕДИЦИНАТА

Јубилејот од 15 години е големо достигнување, но во исто време и поттик за нови предизвици. Фокусот останува на понатамошен развој, проширување на медицинските услуги, вложување во човечкиот капитал и воведување иновации. – Она на што сакам да ставам акцент е клучната улога на болницата во поддршката и развојот на младите и перспективни кадри од областа на медицината. Еднакво се вложуваме и во едукација на средномедицинскиот персонал, во насока на едукација на идните сестри и акушерки. Нашата мисија е да овозможиме едукација што ќе им помогне на идните доктори да се изградат во врвни професионалци, кои ќе бидат столб на стабилен и квалитетен здравствен систем во државата – изјави проф. д-р Игор Кафтанџиев, медицински директор. – Горди сме што во овие 15 години сестринството во нашата болница прерасна во бренд, а нашите процедури за работа постојано добиваат признание од највисоките структури во земјава и пошироко, за што сведочи и трипати добиениот златен печат од JCI. Профилот на медицинска сестра, техничар, акушерка израсна во вискостручна и компетентна професија, подготвена за секојдневните предизвици со кои се соочуваме во работењето и општо во медицината – изјави Билјана Дилевска, главна медицинска сестра. Од најновите инвестиции во медицинската технологија, во Центарот за онкологија и радиотерапија се инсталира нов револуционерен акцелератор за зрачна терапија, кој наскоро ќе биде достапен за нашите пациенти. Годинава се очекува и надградба на информатичкиот систем на болницата, кој уште повеќе ќе ја поедностави работата на медицинскиот тим и ќе овозможи побрз пристап до информации за пациентите. Во однос на идните планови, фокусот останува на понатамошен развој, проширување на медицинските услуги и вложување во нови млади кадри, кои ќе бидат иднината на болницата.

БРЕНДОТ „СИСТИНА“  24 ГОДИНИ Е СИНОНИМ ЗА ПОСВЕТЕНОСТ И ГРИЖА

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е своевидно продолжување на брендот „Систина“, кој како специјализирана болница за гинекологија и акушерство е присутен во здравствениот сектор од 14 февруари 2001 година. – Како дел од основачите на брендот „Систина“, ни претставува чест што денес заедно ја согледуваме големината на болницата „Аџибадем Систина“, чиј дел сме уште од самите почетоци. Она што ја донесе болницата на врвот се ентузијазмот, напорната работа и тимскиот пристап на секого од нас. Уште од самите почетоци, се трудевме да бидеме пионери и да ја имплементираме современата медицина. Така и продолживме, со тоа што болницата веќе зазема огромни размери, но за нас, секогаш остануваат спомените кога еден мал тим доктори ја започна идејата за нов пристап во грижата за пациентите – изјавија д-р Слободан Лазаревски и д-р Слободан Дракулевски, кои сe дел од основачите на брендот „Систина“. На крајот д-р Панчевски се заблагодари на храброста и на моќната визија на бизнисменот Јордан Камчев за кој рече дека се вложил несебично и со сета своја енергија во градењето на болницата, набавката на опремата, воведувањето на модерните методи и едукацијата на младиот кадар, чија задача ќе биде да ја преземе работата и постојано да ги унапредува стандарите во лекувањето.

Фото: Аџибадем Систина

  

Најново

(ФОТО+ВИДЕО) СНЕЖНА БУРА ГО ИЗНЕНАДИ ЈУЖНИОТ СОСЕД Снегот ги покри Солун и Халкидики

Sase Ivanovski

Приведено лице од Штип, управувал возило со брзина од 114 км на час на место каде е дозволено 50 км на час

Sase Ivanovski

Лишен од слобода возач на „голф“, по сообраќајната несреќа во скопско каде загина малолетничка

Sase Ivanovski

Филипче: Какви лицемери седат во Владата, ги убедуваат работниците дека може да живеат со 400 евра

Sase Ivanovski

Приведени крадци од Битола и Прилеп, украденото вратено на сопствениците

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПОЖАРОТ ВО ДИСКОТЕКАТА „ПУЛС“ СЕ ПРОШИРИ МНОГУ БРЗО Еден од повредените раскажа за кобната ноќ во Кочани

Sase Ivanovski

КАШЕСТ СНЕГ ИМА НА ПАТИШТАТА ВО ЗАПАДНИОТ ДЕЛ НА ЗЕМЈАТА Укината е забраната за тешки товарни возила на патот Маврово – Дебар

Sase Ivanovski

МАКСО ТВРДИ ДЕКА НЕ ПРЕГОВАРА ЗА МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА Движењето ЗНАМ најави свој кандидат за градоначалник во Куманово

Sase Ivanovski

Пад на азиските и европските берзи – царините на Трамп ја продлабочуваат глобалната криза

Sase Ivanovski

Денеска во Кривичен ќе сведочи таткото на Вања

Sase Ivanovski

Крушево се разбуди под 24 сантиметри снег

Sase Ivanovski

ДУИ имплементира стандард чија цел е „систем за борба против корупцијата“

Sase Ivanovski

Партнерите во ВЛЕН му понудиле на Таравари 35 отсто од општините, тој најавува две можни опции

Sase Ivanovski

Трамп: Царините се прекрасна работа

Sase Ivanovski

СЗО: Една жена умира на секои две минути за време на бременост или породување

Sase Ivanovski

ЗНАМ: Нема преговори за размена на ресори со нашиот коалиционен партнер ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Тетовец загина во сообраќајка кај село Скудриње, сопатничката е тешко повредена

Sase Ivanovski

Левица: На локалните избори во конечна пресметка со десничарскиот режим

Sase Ivanovski

Едно лице загина, а едно е тешко повредено во сообраќајна несреќа

Sase Ivanovski

Лишен од слобода кумановец затоа што управувал возило под дејство на алкхол

Sase Ivanovski

2.553 сообраќајни прекршоци изминатиот викенд, 543 за брзо возење

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Мојата земја, во сè пофрагментиран свет, останува силно посветена на ефективниот мултилатерализам, со ОН во нејзиниот центар

Sase Ivanovski

„Светски ден на здравјето: Државата да ги зголеми инвестициите во здравствена превенција и квалитетна здравствена заштита на жените, децата и ранливите групи“

Sase Ivanovski

Честитка по повод 7 Април – Светски ден на здравјето

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Дволичниот Апасиев беше против извршителите, но кога станува збор за негова корист, не му пречат

Sase Ivanovski

Влада: Значително се зголемија платите на вработените во здравството, 4.815 денари за сите здравствени работници, за медицинските сестри 6.200 денари

Sase Ivanovski

И полицаецот што го лажеа дека возилото управувано од Срѓан Керим е службено – заработи дисциплинска

Sase Ivanovski

Одземени се 10 возила поради учество во диви трки

Sase Ivanovski

Како се сервисираат ПП апарати во јавни објекти за нецел денар, кога услугата реално чини 600 денари?!

Sase Ivanovski

Облачно и студено, претпладне услови за слаб снег

Sase Ivanovski

Торнада погодија неколку американски држави, загинаа најмалку 16 луѓе

Sase Ivanovski

Меџик Џонсон го споредува Никола Јокиќ со Крис Мулен…

Sase Ivanovski

Пет работи кои ги прават паметните, но мрзливи луѓе: Еве што можете да научите од нив

Sase Ivanovski

Најголем извор на инфекции: Предметите кои често ги користите имаат 400 пати повеќе бактерии од тоалетната школка

Sase Ivanovski

Што најмногу ги возбудува жените? Романтика е на 3-то место, а првото ќе ве изненади

Sase Ivanovski

Неколку едноставни чекори со кои ќе можете полесно да го преболите поранешниот партнер

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТОП 5 Најгледани голови во историјата на фудбалот

Sase Ivanovski

ТРАМП ПАРОДИЈА: НА КРАЈ НИЕ ЌЕ ГИ ЈАДЕМЕ КУЧИЊАТА И МАЧКИТЕ

Sase Ivanovski

ТРАМП ИМА НОВ СЛОГАН: MAKE MAGDA AGAIN

Sase Ivanovski

Станари се жалат на низа неисполнети законски обврски на инвеститор на зграда во Ѓорче П.

Sase Ivanovski

Како се прави цементот…

Sase Ivanovski

МВР потврди дека во ресторан, 6-та Управа го чувала сопругот на Силјановска

Sase Ivanovski

ЖЕРНОВСКИ: ЧУДНО Е КАКО ОД АМБАСАДОРИ НЕ СЕ ВРАТЕНИ ТРИ ПОРАНЕШНИ МИНИСТРИ НА ЗАЕВ

Sase Ivanovski

Научниците открија изненадувачки ефект од студените нуркања

Sase Ivanovski

Американскиот јавен обвинител: Третиот мандат на Трамп би бил тешка операција

Sase Ivanovski

СДСМ е консолидирана, почнуваме битка со најнеспособната влада порача Филипче

Sase Ivanovski

Венко Филипче официјално избран за претседател на СДСМ на внатрепартиски избори

Sase Ivanovski

Земјотрес со јачина од 4,9 степени ја стресе Грција

Sase Ivanovski

Неверство во ерата на социјалните мрежи: Што е микроизмамување и дали е тоа голема работа?

Sase Ivanovski

Човекот кој ја прогонуваше Скарлет Јохансон е уапсен откако се заканувал дека ќе активира бомба

Sase Ivanovski

Бил Мареј проговори за обвинувањето дека насилно бакнал жена: „Мислев дека само се забавуваме“

Sase Ivanovski

Тест на личноста: Она што прво го забележувате открива колку сте амбициозни и дали секогаш давате 100 отсто од себе

Sase Ivanovski

Улицата Елисие Поповски Марко остана без пешачки премини, луѓето не можат да се движат и од паркирани коли

Sase Ivanovski

Ендокринологот Ѓуро Мацут е мандатар за состав на новата Влада на Србија

Sase Ivanovski

Макрон: Потребна е силна акција доколку Русија продолжи со напади во Украина

Sase Ivanovski

Зеленски: Напредок во преговорите за распоредување на европски воен контингент во Украина

Sase Ivanovski

Нетанјаху се надева дека Трамп ќе ги намали царините за Израел

Sase Ivanovski

Во Клиничката болница во Штип ќе се вработат 19 специјализанти, но фалат медицински сестри и болничари

Sase Ivanovski

24 вистини за стареењето за кои никој не зборува

Sase Ivanovski

Будење со бомби, на денешен ден Хитлер ја нападна Југославија 1941 година

Sase Ivanovski

ПОТКАСТ „Со Ана на ТИ“ – Татјана Алексиќ: Неопходна е сексуална едукација, секој абортус е траума за девојчињата, а им се случува на 12-годишни деца

Sase Ivanovski

(ВИДЕОИНТЕРВЈУ) Коцарева: Париз е вистинското место за да ја покажам уникатноста на моите креации

Sase Ivanovski

Русија во протестите против Трамп гледа механизми на делување на „длабоката држава“

Sase Ivanovski

Десетина нови згради се планираат во Козле, ДУП-от од утре оди на јавна анкета

Sase Ivanovski

НЕВАЖЕЧКИ БИЛЕ 139 ЛИВЧИЊА Филипче доби 18.001 глас за претседател на СДСМ

Sase Ivanovski

Израелската армија призна дека по грешка убила 15 болничари во јужниот дел на Газа – пронајден мобилниот телефон на една од жртвите

Sase Ivanovski

ПАЃАЛЕ КАМЕЊА ОД МОСТОТ НАДВОЗНИК ПРЕД ВИЗБЕГОВО – граѓанин пријавил во ЦУК, штетите се санирани (ФОТО)

Sase Ivanovski

Фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки

Sase Ivanovski

Филипче: Градоначалниците на ДПМНЕ не испорачуваат резултати, СДСМ ќе понуди кандидати што ќе работат за граѓаните

Sase Ivanovski

Филипче: Сè што вети Владата, сè што кажаа – излажаа

Sase Ivanovski

Филипче: СДСМ е силна, СДСМ е спремна, за доброто на Македонија и на сите граѓани 

Sase Ivanovski

ЗНАМ: Демант на изјавите на ТВ21 во врска со можноста за реконструкција на владата

Sase Ivanovski

Венко Филипче доби силен мандат: Освоени 18.000 гласови – двојно повеќе од претходните избори

Sase Ivanovski

Само 18 илјади луѓе сметаат дека Филипче треба да ја води СДС, пораката е јасна, човекот нема кредибилитет и е продолжена рака на Заев

Sase Ivanovski

Таравари: Со Мицкоски имаме коректни односи, ако друг смета дека не ни е место во Владата не е проблем

Sase Ivanovski

ПРЕГОВОРИ БАРААТ ПОВЕЌЕ ОД 50 ДРЖАВИ Царините на Трамп предизвикаа хаос

Sase Ivanovski

УЛЦИЊ НЕ ГО ДАВАМЕ Абазовиќ се противи на дел од брегот да градат арапски инвеститори

Sase Ivanovski

СО МИЦКОСКИ ДОГОВОРИВМЕ СОРАБОТКА ЗА ЗАКОНИТЕ ОД ПЛАНОТ ЗА РАСТ Филипче повика на нова средба со сите лидери на партии

Sase Ivanovski

ФИЛИПЧЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СДСМ Членовите избираа меѓу Венко и неважечко ливче

Sase Ivanovski

(ФОТО) И ЗАЕВ ГЛАСАШЕ НА ПАРТИСКИТЕ ИЗБОРИ ВО СДСМ

Sase Ivanovski
Вчитувам....