Двајца млади луѓе, повредени во пожарот во Кочани, попладнево од Воената болница Ниш се префрлени во Универзитетскиот клинички центар во тој град, јавија српските здравствени власти.
Како што соопштија од Универзитетскиот клинички центар Ниш, пациентите, на возраст од 18 и 24 години, се пренесени на континуирана хируршка нега и нивните витални параметри се стабилни. Вкупно тројца пациенти повредени во пожарот во Кочани се лекуваат во Универзитетскиот клинички центар Ниш. Во моментов во воени и цивилни здравствени установи во Србија се лекуваат 30 пациенти кои беа тешко повредени во пожарот во Кочани.