Изминатата ноќ на грчкиот остров Санторини беше најтешка во последните неколку дена бидејќи околу 20 земјотреси со јачина над четири степени според Рихтеровата скала ја потресоа областа од еден часот по полноќ.
Последниот голем земјотрес е регистриран во 07.51 часот по локално време, североисточно од Анафи, со јачина од 4,5 степени. Силен земјотрес (4,8 степени според Рихтеровата скала) ја погоди областа Санторини во 05:51 часот. Земјотресите над четири степени според Рихтеровата скала принудија голем број жители на островот да скокнат од кревет во страв, објави Прототема. Сеизмичката активност продолжи синоќа во морската област меѓу Аморгос и Санторини. Оваа област во изминатите девет дена ја погодија повеќе од 6.400 земјотреси.