Скопје, 27.11.2023, 10:00–17:00,
Hotel DoubleTree by Hilton Skopje, бул. АСНОМ 17
Прилеп, 28. 11. 2023, 10:00–17:00,
Центар за култура „Марко Цепенков“, бул. Гоце Делчев бр. 18
Битола, 29. 11. 2023, 10:00–17:00,
Културен и информативен центар, Офицерски дом, Широк Сокак 145
На настаните ќе се претстават 30 истакнати словенечки работодавачи од цела Словенија, кои нудат добри и стимулативни услови за работа и живот и заедно вработуваат повеќе од 20.000 работници. Најголем дел од нив се од здравствената и социјалната заштита и градежната индустрија, а ќе присуствуваат и работодавачи од области како: производство, транспорт и складирање, технички дејности, угостителство и други.
Настаните за вработување имаат за цел претставување на тековните потреби на истакнатите словенечки работодавци, кои се соочуваат со значителен недостиг на кадар; презентација на потребните професии кои се неопходни за реализација на санациските работи по катастрофалните августовски поплави и свлечишта во Словенија и во кои може да се вработат странски работници и обезбедување веродостојни информации за условите за живот и работа во нашата држава со цел да се обезбеди соодветна заштита на работниците дел од работната миграција, во што е можно поголема мера.
Во првите десет месеци од годинава, во Словенија се издадени 3.688 согласности за единечна дозвола за престој и работа за државјани на Северна Македонија, што е за 40,3% повеќе од истиот период лани.Заводот за вработување на Република Словенија на овие настани ќе обезбеди индивидуално кариерно советување за сите баратели на работа.Во 12:00 и во 15:00 часот се организираат и специјални презентации за животот и работата во Словенија, каде ќе може да се добијат одговори на прашања поврзани со образовниот систем, признавањето на професионалните квалификации, регулирањето на условите за живот итн.