33-годишен затвореник од Куманово вчера бил пронајден мртов во затворот „Идризово“, соопшти МВР.
„На 18.03.2025 во 22:55 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека во установата бил пронајден починат осуденикот З.М. (33) од Куманово. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција“, пишува во полициското соопштение.