МАКТЕЛ

     

360 степени – Истрага за Кочани: Како „веригата на пропусти“ се прекина на сегашните директори на ДПИ и ДЗС

      

Кога вчера соопшти дека е отворена истражната постапка за пожарот во Кочани, државниот јавен обвинител кажа дека под истрага се и двајца поранешни директори на Државниот пазарен инспекторат и тоа за неизвршување службени должности од 9.1.2020 година до 16.3.2025. Во тој временски период, сепак, директори беа четири лица, меѓу кои и актуелниот Засега не е познато и зошто Јавното обвинителство издвои и стави под истрага само еден директор на Дирекцијата за заштита и спасување и покрај тоа што од 2012 година, од кога почнува временското дејствие покриено со истрагата, функцијата ја извршувале четворица, вклучувајќи го и сегашниот

Министерството за внатрешни работи вчера ја презентираше кривичната пријава, а Јавното обвинителство официјалната теорија на случај во врска со пожарот во кабарето „Пулс“ во Кочани кој однесе 59 животи. Бројот од 34 лица под истрага (27 директно за пожарот и уште 7 полициски службеници кои ги гони ОЈО ГОКК) уште сега најавува судски процес со многу рочишта и, веројатно, многу обвинети во салата. Овој текст, сепак, не се однесува на тие што се опфатени со истрагата, туку на отсуството на логично објаснување зошто не се опфатени и други.

Верижни пропусти

Во сижето на случајот, пред да ја опише улогата на секое од лицата под истрага, државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски рече дека сите осомничени, во периодот од 2012 година до 16.3.2025 година, секој од аспект на своето работење, со непостапување според прописите за мерки за заштита во својата област предизвикале опасност за животот на луѓето од поголеми размери.

Љупчо Коцевски, јавен обвинител на РСМ

   

Потоа кажа дека станува збор за „верижни пропусти“.

„Верижните пропусти и незаконити дејствија на одговорните и службените лица, довеле до тоа при користење на пиротехничките средства на 16.3.2025 година за време на настапот на музичката група ДНК во кабаре ‘Клуб Пулс’ во Кочани да биде предизвикан пожар во кој настапила смрт на 59 лица меѓу кои 6 деца, а биле повредени уште 197 лица од кои 25 деца“,
рече Коцевски.

Водејќи се од таа логика, обвинителот потоа објасни дека под истрага се сите градоначалници кои ја воделе општината во споменатиот период, вклучувајќи го и сегашниот. Но, според јавно достапните информации, таа логика како да не важи и за другите функционери, особено тие што ги поставува централната власт. Најочигледна е недоследноста во „веригата“ кога станува збор за директорите на Државниот пазарен инспекторат. Еве и зошто. Во објаснувањето на улогата на оваа институција, временската рамка поставена од Обвинителството се однесува за периодот 9 јануари 2020 – 16 март 2025 г..

„Двајца поранешни директори на Државниот пазарен инспекторат и три службени лица инспектори, иако биле должни да вршат инспекциски надзор, не ги извршиле своите службени должности и во периодот од 9.1.2020 година до 16.3.2025 година во ниту еден наврат не извршиле контрола над работењето на правното лице за да утврдат дали има важечка лиценца, дали ги исполнува пријавените минимално-технички услови наведени во барањето за лиценца за вршење на угостителска дејност – кабаре, и другите пропишани услови согласно закон, со што овозможиле кабарето ‘Пулс’ незаконито да продолжи со вршење на угостителска дејност“,
изјави Коцевски.

Проблемот тука е што во временскиот период од 9.1.2020 година до 16.3.2025 година, на чело на Државниот пазарен инспекторат не се смениле двајца директори, колку што се под истрага, туку четворица:

  • Стојко Пауновски – јануари 2018 – април 2021, кадар на СДСМ;
  • Анета Симеска Димоска – мај 2021 – декември 2022, кадар на СДСМ;
  • Горан Трајковски – декември 2022 – октомври 2024, кадар на СДСМ, и
  • Влатко Стојковски – октомври 2024 – на функција, кадар на ВМРО-ДПМНЕ.

Прашањето што логично се наметнува и тоа во согласност со теоријата на случај презентирана од Јавното обвинителство, по кривичната пријава поднесена од МВР, е – зошто се под истрага само Симеска-Димоска и Трајковски? Како тие можеле да вршат или не вршат дејствија за целиот опишан период кога не биле на функција? „360 степени“ веќе го отвори прашањето за потенцијална одговорност на актуелниот директор на ДПИ и тоа на првата прес-конференција на премиерот во Владата по трагедијата. На прашањата на нашиот новинар, Христијан Мицкоски рече дека кабарето „Пулс“ немало валидна лиценца уште од 13 март 2024, односно дека во последна година поседувало фалсификувана.

Потоа следуваше прашањето – дали ќе го разреши актуелниот директор на Државниот пазарен инспекторат бидејќи не само што не направил надзор додека „важела“ лажната лиценца, туку и потоа – откако „истекла“?

Мицкоски: Прво, овој документ е фалсификат, лиценца нема. Правен документ објектот нема од пред повеќе од една година, овој документ е фалсификат. Дали Пазарниот инспекторат требало вчера да излезе токму во оваа дискотека, тоа не го пишува никаде во законот, ниту пак во надлежностите на Државниот пазарен инспекторат. Последен пат таму државен пазарен инспектор се појавил во 2022 година. Зошто тогаш не констатирал пропусти и недостатоци за коишто денес јавноста виде дека постои и во самата градба и во самата архитектура на објектот, тоа е веќе друго прашање и за тоа ќе следи дополнителна одговорност и истрага.

„360 степени“: За овие два дена, каде што нема контрола, нема да побарате одговорност? Тоа можам да го заклучам?

Мицкоски: Државниот пазарен инспекторат не е надлежен секој ден, 365 дена од годината, не постои таков документ, не постои таква одредба, ниту во кој било закон дека тој мора секој ден, 365 дена да ги контролира објектите. Тие се контролираат по пријава и никаде не го пишува тоа.

На 18 март Мицкоски повторно беше прашан за одговорноста на актуелното раководство на Државниот пазарен инспекторат. И тогаш одговорот беше во насока дека ДПИ нема законска одговорност во случајот.

Христијан Мицкоски, премиер (18 март 2025 година)
„До 2007 година, до измените во 2007 година, Пазарниот инспекторат е тој што како институција утврдува дали се исполнети минимум техничките услови (за кабаре или ноќен клуб н.з.). Со измените, правното лице доставува со изјава под полна материјална, морална и кривична одговорност дека се исполнети минималните технички услови, такви се измените. Пазарниот инспекторат не е точно, не шпекулирајте, не кажувајте лажни работи, пазарниот инспекторат постапува по пријава. Не е должен во временски период, ниту по стекнување на дозволата да излезе на терен“,
изјави премиерот.

За постапувањето или непостапувањето на актуелниот директор Влатко Стојкоски, кој е на функција во временската рамка на „верижни пропусти“ на обвинителството, но не е под истрага, вчера беше прашан и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Дали директорот вршел надзор во кабарето во Кочани? Тошковски не одговори конкретно.

Панче Тошковски, министер за внатрешни работи (21 март 2025 година)
„Во изминатиот период од страна на јавноста беа отворани многу прашања коишто директно или индиректно се поврзани со предметниот кривично-правен настан. Добро е што јавноста е будна, добро е што јавноста поставува прашања, ве охрабрувам и понатаму да продолжите во истата насока, но институциите мора темелно, законито и професионално да си ја сработат работата. Во оној момент кога ќе ги утврдиме сите потребни факти со предметниот кривично-правен настан соодветно и ќе постапиме, во однос на сите оние коишто имаат било каква, дали директна или индиректна поврзаност со предметниот кривично правен настан“,
рече министерот за внатрешни работи одговарајќи на прашањето.

Еден директор на ДЗС

Логиката што ја наметна Јавното обвинителство, а се однесува на „веригата на пропусти“, не се совпаѓа и за директорите на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Еве како Љупчо Коцевски ја опиша временската рамка и описот на дејствијата поради која под истрага, засега, е само еден директор на ДЗС.

„Осомничените тројца градоначалници на Кочани во периодот од 2012 година до 16.3.2025 година, како и осомничен поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување не ги извршиле своите правни обврски согласно Законот за заштита и спасување, со што овозможиле Кабарето ‘Пулс’ незаконито да продолжи со вршење на угостителска дејност, спротивно на Законот за угостителска дејност и другите пропишани услови согласно закон. За целиот тој период општината примала уплати по основ на надоместок за угостителски објект“,
изјави Коцевски.

Или, од обвинителството со оваа реченица ги поистоветуваат временскиот опсег за кој под истрага се и градоначалниците и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување. И додека по таа логика на истрагата е конзистентно тоа што се опфатени сите лица кои биле градоначалници на Кочани во тој период, вклучувајќи го и последниот, тоа не важи за Дирекцијата за заштита и спасување.

Во временскиот период – од 2012 година до сега, функцијата директор на ДЗС ја извршувале четири лица, и тоа:

  • Шабан Салиу – мај 2008 – август 2017, кадар на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ;
  • Аднан Џафероски – август 2017 – ноември 2020, кадар на СДСМ;
  • Беким Максути – ноември 2020 – август 2024, кадар на ДУИ, и
  • Џеват Селами – август 2024 – на функција, кадар на ВЛЕН (Демократско движење на Изет Меџити).

Сепак, истрагата засега го опфаќа само Беким Максути.

Прекината верига и кај полицијата

Тие не се во фокус, па и не е докрај јасно кои се полицајците за кои се води одвоена истражна постапка од ОЈО ГОКК. Министерот Панче Тошковски прво разреши седум актуелни полициски функционери – пет началници, еден помошник-началник и командир во СВР Штип и ОВР Кочани.

Следниот ден беше побаран притвор за седум полициски функционери бидејќи изготвиле и дале позитивно мислење за сообраќајот и јавниот ред и мир, во годините кога „Пулс“ имал валидна лиценца за кабаре. Прашан од новинарите, Тошковски кажа дека седумте полицајци за кои се бара притвор не се истите оние седум кои беа разрешени. Што повторно го отвора прашањето – нема ли сомнеж за вина и кај актуелните полициски функционери затоа што „Пулс“ работел спротивно на закон, како што има сомнеж и за актуелниот градоначалник?

  

Најново

Трамп повикува на „безусловно“ 30-дневно примирје меѓу Русија и Украина

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Пропагандни видеа се шират на Фејсбук: Москва е рајот, а европските метрополи пеколот!

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта дожд

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Драматична потера по напаѓачот од Штип пред Скопје – полицајците пукале откако ја пробил рампата кај Миладиновци

Sase Ivanovski

Секој четврти Британец смета дека Трамп е поопасен од терористичките организации

Sase Ivanovski

САД по прекинот на струја на аеродромот Њуарк ќе го модернизира системот за контрола на летање

Sase Ivanovski

Кошта идната недела тргнува на турнеја по Западен Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манчестер јунајтед и Тотенхем закажаа финале во Лига Европа

Sase Ivanovski

Србија: Гимназиски професор кој ги навредуваше студентите стана државен секретар

Sase Ivanovski

Мерц ќе воведува вонредна состојба за да ја спречи масовната миграција во Германија

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова упати честитка до новиот папа Лав Четиринаесетти

Sase Ivanovski

Томовски: Ако сакаме да бидеме сериозна држава треба да имаме соодветен владин авион

Sase Ivanovski

Димитриевски до Филипче: Самопрогласениот лидер да се занимава со себе и да види да не му се распадне зградата на Бихаќка

Sase Ivanovski

ЗА ВЛАДИНИОТ АВИОН ВЕЌЕ НЕМА РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ Соседните држави не собираат со нивни летала

Sase Ivanovski

(Видео): Овие документи потврдуваат голем скандал во Куманово – Димитриевски и Митевски, со поддршка на ДУИ, заработиле 350.000 евра!

Sase Ivanovski

БИЛ ГЕЈТС ОБЈАВИ КОМУ ЌЕ ДОНИРА 107 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Си даде рок од 20 години

Sase Ivanovski

Венс: Не би рекол дека Русија не сака прекин на војната, ама тие бараат премногу

Sase Ivanovski

24 Отворено – Политичка драма на повеќе фронтови

Sase Ivanovski

Вин-Вин: Кој е мастер планот за кого игра Таравари? – Интервју со Зијадин Села

Sase Ivanovski

Вучиќ: Остварив многу срдечни средби со разни лидери

Sase Ivanovski

Кога ќе профункционираат спортските објекти во Прилеп ?

Sase Ivanovski

Претрес на адвокатот на Кешишев: Како царот Палчо ги разочара поданиците, по убиствата на Вања и Панче

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Саемот на книгата е обид за културен натпревар на народите

Sase Ivanovski

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Крвавата пресметка ги вознемири штипјани

Sase Ivanovski

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Леоне XIV

Sase Ivanovski

Костадинов: Ќе ги рушиме угостителските објекти кои не исполнуваат стандарди!

Sase Ivanovski

„Прв американски папа, каква чест“: Трамп му упати честитки на новиот понтиф

Sase Ivanovski

РУСКА САЛАТА ОД ИЗГОВОРИ Еден по еден му откажуваат гостите на Путин

Sase Ivanovski

Прв говор на новиот папа: На човештвото му е потребен Христос како мост до Бога и неговата љубов

Sase Ivanovski

Новиот владин авион ќе нè чини од 20 до 50 милиони евра, ако сме сериозна држава, треба да имаме соодветно летало“, вели Томовски

Sase Ivanovski

Касами: Таравари ќе биде министер „уште некој ден“

Sase Ivanovski

Американецот Роберт Превост е новиот папа

Sase Ivanovski

(Видео) Пукање во Штип, едно лице убиено, нема информации за повредени

Sase Ivanovski

Родители на починатите во „Пулс“ со писмо до јавноста: Оваа трагедија е масовно убиство и загрозување на човековите животи и безбедноста. Бараме  правна разрешница и одговорност од сите инволвирани лица и институции

Sase Ivanovski

Ворен Бафет на 94 годишна возраст е горд што сè уште е жив со секојдневно јадење на брза храна и пиење кока-кола

Sase Ivanovski

Од ЕКВ и Дисциплина Кичме до Аца Лукас и Мира Шкориќ – „Коцка је бачена“ во МКЦ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филмски факт: Хероината на „Исправи се, Делфина“ меѓу реалноста и фикцијата

Sase Ivanovski

Новата сликовница „Девојчето со форичката“ ги едуцира децата за справување со емоциите

Sase Ivanovski

Утре еко час во „Лазо Ангеловски“ организација УНИЦЕФ и на Шведска

Sase Ivanovski

Изречена е казна затвор од една година за ширење расистички и ксенофобичен материјал кон ЛГБТИ заедницата како припадници на маргинализирана група

Sase Ivanovski

Нова продукциска куќа зад „Д-фест“, фестивалот останува во Дојран

Sase Ivanovski

Медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра фаќа прашина по болниците бидејќи нема кој да ја користи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Во завршна фаза е набавката за новите 120 автобуси, јавниот долг под просекот на ЕУ, се решава недостигот на човечки ресурси во болниците

Sase Ivanovski

Димовска- Касталди: парламентарните служби се клучни за демократија

Sase Ivanovski

Средба Гаши – Фонтана во Рим

Sase Ivanovski

Порака од Рим: Без интеграција во ЕУ на Балканот, ризикуваме создавање на географски вакуум

Sase Ivanovski

Од Скопје до Вол Стрит: Prime Capital by Adora — првата инвестициска консултантска компанија основана со македонски капитал со акредитација во САД

Sase Ivanovski

Томовски: Бројот на општини кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги освои нема да биде само повторен, туку ќе биде и зголемен

Sase Ivanovski

Томовски: СОЗР со неколку нови проекти во интерес на државата и граѓаните

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара

Sase Ivanovski

Вооружени крадци уапсени во кругот на поранешна „Железара“, со пиштоли им се заканувале на вработени

Sase Ivanovski

Гостиварец извадил нож при кавга во продавница, сега ќе одговара

Sase Ivanovski

Газда на фирма од Гостивар ќе одговара за смртта на работник од Бангладеш

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Скопјанец снимен од камера како краде засадено декоративно растение

Sase Ivanovski

Adora Business Group: Со особена гордост го најавуваме новиот стратешки потфат на Adora Business Group — лансирањето на Prime Capital powered by Adora, инвестициска консултантска компанија со седиште на Wall Street во Њујорк, меѓу највлијателните финансиски институции во светот

Sase Ivanovski

Мистерија околу исчезнувањето на 28 годишниот Миле Тодоров

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Хаос во Париз по победата над Арсенал

Sase Ivanovski

Филипче за можна коалиција со ДУИ и Таравари: Ќе разговараме со сите политички партии

Sase Ivanovski

Ангеловска-Бежоска на Kонференцијата на Светската банка: За повисок раст најважно е да се зголеми продуктивноста којашто е околу половина од европската

Sase Ivanovski

Коцевски: Можно е проширување на истрагата за „Пулс“

Sase Ivanovski

Апелација со повисоки казни за обвинетите во „Ласкарци“, сопственикот на „Дурмо турс“ наместо 4 години ќе лежи во затвор 10 години

Sase Ivanovski

Муцунски: Посветени сме на реформите, но очекуваме и Брисел да го исполни она што го вети кон Западниот Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Виктор Грозданов: Извини господине Ахмети ќе се соочиш со вистината која се вика опозиција

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода албански државјанин на Граничен премин Блато поради нудење поткуп

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ поднесе предлог Закон за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

(ФОТО) Голем интерес за селекција на отпад во Охрид: Комплетирана иницијативата за селекција како дел од РСУО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дамир Пух со нов инструментален сингл – „Saffron Skies“

Sase Ivanovski

(ФОТО) Средба на заменикот генерален секретар Ѓошевски со специјалната пратеничка на финското Претседателство со ОБСЕ

Sase Ivanovski

Средба на потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски со претставници од Секретаријатот на Партнерството за отворена власт

Sase Ivanovski

(ФОТО) Герасимовски: Ја отворивме првата градинка во Пролет по 50 години, за најмилите, за нашите дечиња

Sase Ivanovski

Максим Димитриевски: Цел на лагите на СДСМ не сум јас, туку ЗНАМ, како најбрзорастечка партија во Македонија

Sase Ivanovski

Дурмиши: Мерките на Министерството за економија и труд даваат резултат, цените на храната се стабилизираат, посветено работиме на заштита на животниот стандард

Sase Ivanovski

(ФОТО) Филипче: Градинката „Пролет“ е пример како треба да изгледа модерно Скопје – спротивно од кичот на Скопје 2014

Sase Ivanovski

Павле Арсоски Движење ЗНАМ – За наша Македонија во Крушево и Демир Хисар

Sase Ivanovski

(ФОТО) Максим Димитриевски во Долнени и Прилеп: Верувам во политиката што произлегува од теренот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки, до кога ЈО ќе молчи?

Sase Ivanovski

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ треба да го поддржи Законот за Кочани

Sase Ivanovski

Пренџов: ДУИ е партија базирана на ширење нетрпеливост, лаги и манипулации

Sase Ivanovski

(ФОТО) Потпреседателката на ЗНАМ, Бендевска на средба со членовите и симпатизерите во Кавадарци и Неготино

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против поранешен директор на ЈП „Колекторски систем“ Скопје – Подрачно одделение Охрид за злоупотреба на службената положба и овластување

Sase Ivanovski
Вчитувам....