Придружниот вокал на ДНК, Ана Костадиновска која успеа да се спаси од страшниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани напиша емотивна објава со фотографии по повод 40 дена од трагичниот настан кој ја потресе Македонија. „40 дена тага, болка, празнина“, напиша таа.
Како што може да се забележи посебно место во нејзиното срце има нејзината блиска пријателка и колешка Сара Пројковска. „И те нема и секаде те има, неизбежно те има… во себеси те носам!!!“, вели Костадиновска за Сара.