СЗДМ и Здружението на лица со дијабетес „АЛЕГРИЈА“ од Скопје, со особена чест и задоволство Ве ПОКАНУВАМЕ дека организираме едукативен и промотивен настан чија цел е градење на дијабетс култура и кревање на свесноста за дијабетесот во нашата земја. Имено на 26.05.2024 година на Школка во Градскиот парк во Скопје, со почеток во 11.00 часот ќе се одржи настанот под мотото „СЕ ЗА НАС – ЗА НАС“ Настанот е поддржан од средства финансиран од Global Found Tip 1.
Целта е да се реализира еден интерактивен собир на лица со дијабетес ТИП 1, особено млада популација до 25 години и преку комуникација ќе може да се потсетиме на основните постулати при секојдневното живеење со дијабетес и тоа:
· Броење јаглехидрати – преку поставени штандови со корпи и обучени лица секој ќе може да се потсети колку јаглехидрати содржи секое овошје или зеленчук
· Физичка активност – во самиот парк просторот ќе биде организиран така што ќе бидат подготвени едукативни игри и активности соодветни заљ лицата со дијабет преку кои младите лица ќе се може да се едуцираат за тоа која активност како влијае на нивото на шеќерот и како да се направи соодветно регулацијат ана истиот
· Мерење на шеќер во крвта – ќе има специјално поставени штандови каде ќе има глукомери и ленти за мерење на нивото на шеќер во крвта, дополнително ќе се делат флаери со информација за видовите на дијабетес ТИП 1 , ќе се дава едукација како да се препознаат истите, што е тоа инсулин, што се CGM апарати. Дополнително и особено важно е што ќе се даваат и насоки и разговори за дестигматизирање на дијабетот и лицата со дијабет.
· Ова ќе биде една одлична можност за подигнување на свеста на целата популација за тоа како живеат лицата со дијабет, како да им се помогне кога е потребно и најважно од се како да бидат дел од нашата заедница на исто ниво како и сите други.
Однапред благодариме на посветено време да го посетите овој настан. Лице за контакт: Виктор Лукарски Мејл [email protected] Телефон 070 448 718.
Со почит, Сојуз на здруженија на Дијабетичари на Македонија, Претседател, Димче Велев.