На што планира да работи следната влада е напишано на 60 страници. Документот, наречен програма за работа на владата, ќе се најде пред пратениците заедно со изборот на новата влада А според напишаното во владината програма, дел од предизборните ветувања веќе заминаа во заборав. Но има и работи на кои новата влада ќе работи, а не беа ветени во предизборието од ниту еден од коалиционите партнери
Со платформата 1198 и исто толкав број проекти, Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ предизборно тргна во лов на гласови.
„Оваа програма е срочена за да гарантира целосно функционирање на системот, заштита на националните интереси, квалитетно образование, како и модерен здравствен систем“,
кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, презентирајќ ја Платформата 1198.
Коалицијата „Вреди“, составена од повеќе партии на Албанците во земјава, бараше поддршка врз основа на програмата насловена „План 2030“.
„Нашата програма се однесува на економскиот развиток, интегрирање на државата во ЕУ, како и на подобрување на меѓуетничките односи, односно подобрување на правата на Албанците кои ги претставуваме“,
кажа Билал Касами – претседател на БЕСА и дел од Коалиција „Вреди“.
Движењето ЗНАМ настапи самостојно на парламентарните избори со Проглас за достоинствена Македонија, програма напишана на пет страници.
„Ние строго ќе се држиме до нашите црвени линии“,
велеше лидерот Максим Димитриевски.
По изборите, овие три политички субјекти се договорија да ја создадат следната владина коалиција. А со предлогот за состав на нова влада, според Уставот, мора да се поднесе и програма за работа на владата.
„Штотуку во архивата на македонското Собрание ја поднесов предлог програмата за работа на идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ“,кажа мандатарот Мицкоски во средата.
Колку и кои предизборни ветувања од програмите на новите коалициски партнери влегоа во владината програма?