Жена на 44 годишна вораст го загуби животот во синоќешната сообраќајна несреќа кај кружниот тек кај Гимназијата.
Имено таа со својот партнер се движеле по тротоарскиот дел од овој дел на Булеварот „Туристика“ каде патничко моторно возило марка “Голф“ од засега непознати причини поминало преку кружниот тек и излетало надвор од коловозот па удрило во приватна ограда на тротоарот.
Мажот кој бил заедно со жената и се движеле по тротоарот се здобил со тешки телесни повреди.
Лицето И.С., роден во 2003 година во Прилеп, управувал со возило марка Голф без да поседува возачка дозвола, што резултираше со незгода со фатални последици.
Покрај возачот И.С., мерка притвор ќе се бара и за сопственикот на возилото К.М., роден во 2006 година во Охрид, кој знаејќи дека И.С. не поседува возачка дозвола, сепак му го дал возилото на управувањеНадлежни екипи работат на расчистување на случајот
Фото: Охрид1