Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој се предвидуваат казни до 5.500 евра (500.000 рубли) за продажба на енергетски пијалоци на деца, беше објавено на веб-страницата на официјалното издание на руските правни акти. Предвидена е казна до 5.500 евра за граѓаните и правните лица, а до 2.200 евра за службените лица, објави РИА Новости.
Претседателот на руската државна дума, Вјачеслав Володин, претходно изјави дека овој закон ќе биде продолжение на систематската законодавна работа за заштита на здравјето на помладата генерација. Пратеникот на Државната дума, Алексеј Говирин, истакна дека во некои региони ограничувањето за продажба на енергетски пијалоци на малолетници било на сила порано, но дека само во некои региони биле предвидени казни, на пример, во Московскиот регион и Санкт Петербург, и дека тие се значително пониски од она што е утврдено врз основа на новиот закон.