Жител на Скопје завршил во болница со тешки повреди откако вчераутро го удрил возач со автомобил „Голф“. Несреќата се случила кај Клубот на пратеници.
„На 02.05.2025 година во 07:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата помеѓу улиците „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и „Аминта Трети“ (поранешна „Ленинова“) со сервисна улица во Скопје, патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од А.Б.(37) од Скопје, удрило во пешакот И.Н.(50) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ се здобил пешакот И.Н. За настанот известен е дежурен ЈО при ОЈО Скопје, а извршен бил увид од страна на екипа од СВР Скопје“, соопшти МВР.