Континуирано со секојдневните превентивни активности од страна на полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи со цел граѓаните да се потсетат и предупредат за важноста од доследно почитување на сообраќајните правила и прописи, МВР продолжува со интензивните сообраќајни контроли низ патиштата во земјава.
Вчера (27.03.2025), во рамки на тие активностите на полициските службеници на ниво на целата држава, беа издадени 597 платни налози, од кои 200 се однесуваат на непрописно паркирање, а во 92 случаи стануваше збор за непочитување на пропишаната брзина на движење.
Покрај ова, а по однос на прекршоците по основ на неносење сигурносен појас и користење мобилен телефон при возење, евидентирани беа 47, односно 16 прекршоци. Полициските службеници исто така детектираа 50 лица што учествувале во сообраќајот без возачки дозволи, во осум случаи санкционирани се возачи кои управувале под дејство на алкохол, додека пак изречени се и четири мерки за возачи на моторцикли кои неноселе заштитна кацига, а изречени се и 13 санкции за прекршоци што ги прават пешаците.
Следствено одредбите од Законот за возила вчера беа детектирани 17 нерегистрирани возила во сообраќајот а седум возила се исклучени од сообраќај поради техничка неисправност. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.