Во последните 5 години од Македонија се иселиле околу 60.000 млади,а истражувањата покажуваат дека секоја година по 10 отсто од студентите заминуваат на студии во странство.Начесто ги бираат земјите членки на ЕУ,посебно Словенија која за идните академци стана ветена земја.Ги прашавме средношколците зошто според нив врсниците им заминуваат надвор на школување и дали тие би ја напуштиле Македонија ?
-“ Па искрено размислуваат доста меѓутоа се трудам да ги убедам бидејќи имаме доста можности; -Не многу предобри ама не се ни лоши,јас лично одличен ученик сум, но во 4 години сите години аплицирав не добив ни еднаш стипендија и плус сум државен првак во мојата струка машински техничар;-Сега за сега размислувам да си продолжам во Скопје да си го продолжам моето студирање на Машински факултет” Иако бројот на студени во однос на период од пред 20-30 години е многу намален, универзитетските професори велат причина за тоа е намалениот наталитет и иселувањето на цели семејства.
“Ако видиме и бројот на ученици ни се намалува,генерално едни се иселуваат од почетокот на една школска година до крајот на другата школска година во некои градови дури пола класови се отселуваат”-вели Александра Силоска Николова –универзитетски професор. Ако индустријата се појача што зависи главно од политиката на нашата држава, ќе се појача интересот за студирање дали на машински,електро или на другите факултети”-вели доцент Александар Герасимоски. Државата и универзитетите прават огромни напори да ги задржат студентите дома,бидејќи нашите дипломи се меѓународно признати,а квалитетот на обрзованието не заостанува зад другите земји.
“Станува можеби збор за некој моментален тренд и помодарство кај младите, во контакт со колеги од другиве држави, не станува збор само за македонските студенти тој тренд е широко распростанет кај други каде,каде поразвиени западно европски земји од нас”-вели Билјана Ристаќовска Ширговска,асистент. Сепак дел од оние кои заминале не купиле билет во еден правец, добар дел од нив се вратиле и сега градат успешна кариера во нашата земја. Можеби заради престиж на тие универзитети, чисто да видат како е,имаме доста и што се враќаат назад”-вели Александар Карадимче,универизитетски професор
“Еве пример јас магистрирав во странство во Италија и се вратив тука и сега работам на факултетот” -вели Дамјан Пециоски,асистент. Никогаш не бо заминал од Македонија бидејќи овде може да се напредува,нашиот образовен систем овозможувапроширување на видиците на секој кој што сака да твори и создава за ова парче земја, велат нашите соговорници. По години шпекулации и мистерии околу приватниот живот на рускиот претседател Владимир Путин, јавноста конечно доби ретка можност да погледне зад вратата на неговата ексклузивна резиденција во Кремљ. Во видео објавено деновиве, Путин го дочекува локалниот новинар Павел Зарубин пред својот стан, кој се наоѓа во близина на неговата канцеларија. „Да, ова е стан. Како што можете да видите, не е далеку“, вели Путин, отворајќи позлатена врата и поканувајќи го новинарот внатре. Внатрешноста на станот ја одразува раскошната естетика со која често се поврзува рускиот лидер. Прекрасната сала е украсена со позлатени ѕидови, големи огледала во златни рамки, лустери и егзотични растенија. Во центарот се наоѓа голем портрет на рускиот император Александар III, додека неколку софи во светли бои се поставени низ просторијата. До прозорецот се наоѓа бело концертно пијано, за кое Путин призна дека ретко го користи.
Во дополнителни видеа, кои се дел од пошироко интервју што ќе биде објавено на 4 мај, Путин ја покажува и библиотеката со темни дрвени панели, две спални соби и мала домашна црква. Станот во Кремљ, според Путин, често се користи за неформални средби со светски лидери. Во март 2023 година, тој откри дека во овој стан го угостил кинескиот претседател Си Џинпинг, каде по работен ручек, разговорите продолжиле неформално, покрај каминот со чај. Ова објавување доаѓа во време кога се уште се водат дебати за контроверзниот „дворец на Путин“ во Геленџик, кој беше објавен од истражувачката мрежа на покојниот опозициски лидер Алексеј Навални. Дворецот, проценет на милијарда евра, долго време беше предмет на критики и исмејување поради својата екстравагантност – вклучувајќи стриптиз сала, наргиле соба, казино и дури и „аква-диско“.
Најновите снимки укажуваат дека овие содржини се отстранети, а наместо нив се поставени објекти што одразуваат „традиционални вредности“ – тема што Путин сè почесто ја користи во своите јавни настапи. Така, во резиденцијата е вградена и православна црква со позлатен олтар, икони, мурали и престол направен специјално за Путин. Според истражување на медиумите поврзани со поранешната Фондација за борба против корупцијата и независниот руски портал „Проект“, ова е можеби единствената просторија каде што директно се споменува сопственоста на Путин.
Оваа трансформација на личниот стил и вкус на Путин доаѓа веднаш по неговата инаугурација за петти мандат, по избори одржани во март 2024 година, кои беа широко оценети како нерегуларни и недемократски.