13.1 C
Скопје
28/03/2025 09:52
МАКТЕЛ

    

ТУРСКИОТ ГИГАНТ МКЕ ЌЕ ОТВОРИ ФАБРИКА ЗА БАРУТ ВО МАКЕДОНИЈА Ново поглавје во соработката во одбраната меѓу двете земји

      

Особено значајно од оваа соработка е тоа што вклучува и отворање на нова фабрика што ќе резултира со отворање на нови работни места и директен придонес кон националната економија, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски велејќи дека меморандумот потпишан меѓу турската МКЕ и македонската АТС Груп е битна стратешка рамка за соработка во одбранбената индустрија.

Единствената македонска компанија од одбранбената индустрија АТС Груп, попладнево потпиша Меморандум за соработка со  МКЕ – најголемата државна компанија од индустријата на Турција, кој опфаќа отворање на нова фабрика за производство на барут во Северна Македонија, со заеднички инвестиции на двете страни. Свеченото потпишување се одржа во Клубот на пратеници во Скопје, во присуство на високи претставници од владите на двете земји. Со ова се отвора ново поглавје во билатералните економски и безбедносни односи меѓу Северна Македонија и Турција. Меморандумот беше потпишан од страна на генералниот директор на МКЕ Илхами Келеш и сопственикот и извршен директор на АТС Груп, Шефшет Демировски. Како што истакнаа потписниците, со оваа соработка ќе се поттикнат активностите на двете компании и ќе се зголеми нивното присуство на меѓународниот пазар, особено во Турција и Северна Македонија.

На настанот присуствуваа министрите за одбрана и за надворешни работи и надворешна трговија, Владо Мисајловски и Тимчо Муцунски, како и заменик-министерот за национална одбрана на Турција, Хеибет Муса. Во своето обраќање Муцунски посочи дека целта на меморандумот е да воспостави рамка за соработка и решенија за одбранбената индустрија, вклучувајќи стратешки активности и производство на производи од одбранбената индустрија. Како што рече, партнерството на двете компании е од големо значење за државата како членка на НАТО.

   

Министерот најави дека во следниот период се планираат проекти за воспоставување на нови производствени линии од страна на МКЕ, користејќи ја експертизата и технологијата на АТС Груп.

– Со оваа соработка ќе се отвори можност за зголемено присуство на меѓународниот пазар, како и пазарот на двете земји. Особено значајно од оваа соработка е тоа што вклучува и отворање на нова фабрика што ќе резултира со отворање на нови работни места и директен придонес кон националната економија. Ова е доказ за посветеноста на Владата за привлекување на странски инвестиции, забрзан економски развој, креирање на работни места и подобрување на животниот стандард на граѓаните. Дополнително во следниот период се планираат проекти за воспостаување на нови производствени линии од страна на МКЕ користејќи ја експертизата и технологијата на АТС Груп во оваа специфична област – рече Муцунски. Потпишувањето не е само деловна одлука, додаде Муцунски, туку силна порака за доверба во нашите индустриски капацитети и признание за кадровскиот потенцијал. Заменик-министерот за национална одбрана на Турција Хеибет Муса искажа задоволство од потпишувањето на меморандумот „кој е стратешки чекор што дополнително ќе ги зајакне односите на двете сојузнички и пријателски земји“.

Како што рече, не само што претставува документ за техничко партнерство, туку и доказ за пријателство и доверба меѓу Македонија и Турција. Од се срце верувам, рече тој,  дека нашата соработка ќе придонесе кон целите за одржлив развој и дека договорот ќе биде корисен, а нашите две земји и за целиот регион. Генералниот директор на МКЕ, Келеш, пак, во обраќањето истакна дека соработката претставува манифестација на взаемна доверба и силна волја за заедничка иднина меѓу двете земји, која ќе придонесе кон унапредување на екосистемот на одбранбената индустрија на нашиот регион и ќе ги отвори вратите за нови можности и силни партнерства.

– Почестен и среќен сум што сум сведок на овој вреден Меморандум за соработка што го потпишавме со АТС Груп во нашата пријaтелска и братска земја Северна Македонија. Оваа соработка не е само техничко партнерство помеѓу две компании, туку и значајна манифестација на пријателството, взаемната доверба и силната волја за заедничка иднина меѓу нашите земји. Ние веруваме дека оваа повеќеслојна  соработка, не само само што ќе ги унапреди способностите на нашите компании, туку ќе го унапреди и екосистемот на одбранбената индустрија на нашиот регион и ќе ги отвори вратите за нови можности и силни партнерства – посочи Келеш.

Соработката вклучува трансфер на технологија, техничко знаење и експертиза за производството и подобрување на производствените капацитети, модернизација на производни линии, подобрување на извозните можности, заеднички истражувања за зголемување на извозниот потенцијал на меѓународните пазари, обука и техничка помош, развој на програми за обука и подобрување на техничка експертиза Министерот за одбрана Владо Мисајловски, денеска (27 март) во Министерството се сретна со заменик-министерот за одбрана на Турција, Муса Хејбет кому му се заблагодари за медицинската помош од страна на пријателска Турција во згрижувањето на дел од повредените во трагедијата во Кочани. Во контекст на одбранбената соработка, Мисајловски порача дека таа е пример за тоа како сојузниците соработуваат и се поддржуваат меѓусебно.

– Македонската Армија се модернизира и опремува и со опрема произведена во сојузничка Турција, што покажува дека таа е согласно највисоките стандарди на Алијансата и дека имаме апсолутна доверба во турската воена индустрија – порача министерот. Годинава се очекува во арсеналот на Армијата да пристигнат артилериските хаубици „Боран“ како и системот за контрола на оган за артилериски орудија од фирмата „Аселсан“. Турција е еден од најголемите поддржувачи на развојот на капацитетите на македонската Армија – преку донации во различни видови на возила, оружје и муниција, како и информатичка и комуникациска опрема.

  

Најново

МАРАТОНСКИОТ МЕЧ ЗАВРШИ СО ПОБЕДА ЗА КАЛИН ИВАНОВСКИ Македонскиот тенисер го совлада Биелински во Опатија

Sase Ivanovski

БРАЗИЛСКО ЗАСИЛУВАЊЕ ЗА ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР Хекберт е двоен шампион на Јужна Америка

Sase Ivanovski

ОВА НЕКА НИ БИДЕ ПОСЛЕДЕН АЛАРМ Гаши вели дека трагедијата во Кочани треба да ги отрезни институциите

Sase Ivanovski

ВЛАДАТА ЌЕ НАПРАВИ СÈ ЗА ЕКОНОМСКИ И СОЦИЈАЛЕН ПРЕПОРОД НА КОЧАНИ Мицкоски вели дека се вложуваат натчовечки напори за спасување на повредените

Sase Ivanovski

Касами: Партиите од ВРЕДИ заедно ќе настапат на локалните избори во октомври

Sase Ivanovski

Јаневска: Во најголем дел од училиштата во земјава постои исправна противпожарна опрема

Sase Ivanovski

Од девет чаирски училишта, седум биле без имотен лист, вели Ганиу

Sase Ivanovski

Јужните ЕУ-држави го отфрлија планот за заедничка одбрана на Фон дер Лајен

Sase Ivanovski

Ренци: Италија попусто потроши милијарда евра за прифатните центри во Албанија

Sase Ivanovski

Киев: Путиновиот пропагандист Соловјов поттикнува геноцид над Украинците

Sase Ivanovski

Зеленски: Русија подготвува две големи офанзиви напролет

Sase Ivanovski

Како Путин повторно го изманипулира Трамп: Маневар што ѝ даде предност на Русија за во иднина

Sase Ivanovski

Попов: Возможно е рестартирање на државниот систем, а институциите да ги вратиме барем на нивото кое го имаа при осамостојувањето

Sase Ivanovski

Саботажа сезона 11 бр. 48

Sase Ivanovski

Ќе ја растури ли Таравари Вреди пред локалните избори?

Sase Ivanovski

Десет добри причини зошто сè уште ни треба Вирџинија Вулф: „Ако не ја кажуваш вистината за себе, не можеш да ја кажеш ни за другите луѓе“

Sase Ivanovski

Се бараат седум години затвор за Саркози за земање поткуп од Гадафи

Sase Ivanovski

Одбиени 19 жалби од осомничени во пожарот во Kочани, за двајца градоначалници ОЈО поднесе жалба

Sase Ivanovski

Тумановски: Секоја брза правда носи и голем број на недостатоци

Sase Ivanovski

Внимание! Како размислуваат граѓаните по трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Секој треба да има елементарно познавање за противпожарна заштита, вели Илијев

Sase Ivanovski

Докторите по пластична хирургија апелираат да се внимава со мелемите за изгореници што се продаваат на социјалните мрежи

Sase Ivanovski

Зеленски по самитот во Париз: Русија не сака мир, туку уште територија

Sase Ivanovski

Апелација утре ќе одлучува за жалбите на ОЈО за куќниот притвор на двајцата екс градоначалници

Sase Ivanovski

Спорниот договор за обезбедување на патарини бил раскинат, но кичевската „2 СС“ наплатила 47 милиони денари од ЈПДП!

Sase Ivanovski

Пристигна одговорот на ЕУ за царините на Трамп, тие се подготвени на контрамерки

Sase Ivanovski

Захарова му се заканува на НАТО со војна

Sase Ivanovski

Канал 5 и Македонија за Кочани – изјава на Христијан Мицкоски

Sase Ivanovski

Канал 5 и Македонија за Кочани – Венко Филипче

Sase Ivanovski

Напад во Амстердам, најмалку пет лица избодени со нож

Sase Ivanovski

Јаневска во Аргумент плус: Не сме поврзани со политички партии, нашите барања се за системски промени

Sase Ivanovski

Владата распиша тендер за прес-клипинг, ќе ги оценува медиумите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Sase Ivanovski

Sase Ivanovski

Како да се заштитиме од напад на куче и зошто се појавува агресија кај домашните миленици

Sase Ivanovski

Путин: Трамп е сериозен за Гренланд, Русија ќе ги брани своите интереси на Арктикот

Sase Ivanovski

Голема измама во Штип тешка 3,5 милиони евра: изготвувале лажни формулари за отпад на стари акумулатори и наплаќале

Sase Ivanovski

(Видео) Додик мораше да ја напушти конференцијата во Израел:„Ми рекоа дека не сум добредојден“

Sase Ivanovski

Со чисти оџаци се чува буџетот, природата и животот

Sase Ivanovski

МВР го гони тепачот од Радовиш, партнерката не

Sase Ivanovski

Повеќе ноќни клубови под клуч – ќе останат затворени се додека не ги исполнат условите за работа

Sase Ivanovski

Одложено судењето за сообраќајната несреќа во која загина 22-годишната Теодора Ристовска

Sase Ivanovski

ПИСАНИЕ – Плусинфо како повод

Sase Ivanovski

Посебен режим на сообраќај на магистралниот пат ГП Блаце – Скопје

Sase Ivanovski

Филипче: На лидерска средба ќе предложам конкретен план, да го направиме тоа што треба за државата и за семејствата од Кочани

Sase Ivanovski

Македонија одбележува пет години како дел од НАТО Алијансата

Sase Ivanovski

Трамп воведува царини од 25% за увезени автомобили, очекувајќи да собере 100 милијарди долари од даночните приходи

Sase Ivanovski

Главните опозициски партии за истрагата за „Пулс“: Селективна правда и политички прогон

Sase Ivanovski

Приведен насилникот кој во живо на „ТикТок“ крвнички тепаше жена

Sase Ivanovski

Самит на „Коалицијата на подготвени“ за мир и безбедност на Украина

Sase Ivanovski

Дезинформација за бројот на малолетници загинати во пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

„Кој е следен?“ повикува на собир пред Собранието в сабота додека пратениците се на одмор

Sase Ivanovski

Потона подморница во близина на брегот на Египет, при што загинаа шест руски државјани и девет се повредени

Sase Ivanovski

МВР го приведе, па го пушти на слобода насилникот кој крвнички тепаше жена

Sase Ivanovski

Трошоците на градоначалниците од Полошкиот регион: Над 47 илјади евра за патни трошоци и службени патувања за само три години

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Новото аниме од серијалот Вичер насловено „The Witcher Sirens of the Deep“

Sase Ivanovski

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Sase Ivanovski

Министерство за одбрана, Средба Мисајловски – Хејбет: Македонско – турската одбранбена соработка пример за силно сојузништво, благодарност за медицинската поддршка во згрижувањето на повредените во Кочани

Sase Ivanovski

ВЛАДА: Фотогалерија од пречекот на туристи од првиот лет на „Туркиш ерлајнс“ од Истанбул на аеродромот „Свети Апостол Павле“- Охрид

Sase Ivanovski

Потона туристичка подморница кај Хургада – најмалку шест лица загинаа

Sase Ivanovski

(АРХИВА) Вевчанската компанија на семејството Мукоски наплатила 1,5 милион евра од ПУИК со дампинг-цени за одржување објекти!

Sase Ivanovski

Пленковиќ: Трамп сака да се претстави како миротворец, праведниот мир му е помалку важен

Sase Ivanovski

ТАВ Аеродроми и Владата го пречекаа првиот лет на Туркиш ерлајнс од Истанбул на охридскиот аеродром

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Палестинците на протест со порака до Хамас – „Вие сте терористи“

Sase Ivanovski

Филмови од „Киненова“ во Кисела Вода, приходите ќе одат за настраданите во Кочани

Sase Ivanovski

Милановиќ: Декларацијата за воена соработка со Косово не е сојуз и нема правна тежина

Sase Ivanovski

„Протече“ ДНК на Путин? Се тврди дека е по потекло од Балканот

Sase Ivanovski

Русија тврди: Над 3.300 платеници од 70 земји се борат на страната на Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Зеленски: Путин наскоро ќе умре

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПРЕСВРТ – Давитковски: Само со професионалци, а не со партиски војници се ресетира гнилиот систем

Sase Ivanovski

Двајца од повредените во пожарот во Кочани се вратија дома од Белгија

Sase Ivanovski

Папата Франциск закрепнува, објавен датумот кога ќе се појави во јавноста

Sase Ivanovski

Измама со стари акумулатори во Штип, направена е штета од три и пол милиони евра

Sase Ivanovski

Мисајловски се заблагодари за турската медицинска поддршка со повредените во Кочани

Sase Ivanovski

ОН: Во Газа има храна за уште две недели

Sase Ivanovski

„Туркиш ерлајнс“ воведува четири лета неделно на релацијата Истанбул-Охрид

Sase Ivanovski

Не верувајте им на мастите за изгореници кои се продаваат на интернет, порачуваат лекарите

Sase Ivanovski

Дачиќ: Испративме протестна нота до Интерпол во врска со барањето за налог за апсење на Додик и Стевандиќ

Sase Ivanovski

Одложен „историскиот митинг“ кој го најави Вучиќ

Sase Ivanovski

Крива Река затруена со олово, арсен и цијанид откако пукнала цевка во рудникот „Тораница“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Драма во Тузла: Полицајци и осомничени криминалци завршија во надојдена река

Sase Ivanovski
Вчитувам....