Голдман ја зголеми веројатноста за рецесија во следните 12 месеци од претходната проценка од 35 отсто поради остро стеснување на финансиските услови и зголемување на политичката неизвесност. „Голдман Сакс“ ги зголеми шансите за рецесија во САД на 45 отсто во следните 12 месеци, придружувајќи се на други инвестициони банки во ревидирањето на своите прогнози, откако стравовите од трговска војна го погодија пазарот по широките тарифни мерки на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува Ројтерес.
Голдман ја зголеми веројатноста за рецесија во следните 12 месеци од претходната проценка од 35 отсто поради остро стеснување на финансиските услови и зголемување на политичката неизвесност, што веројатно ќе го намали капиталното трошење повеќе отколку што претходно претпоставуваше Голдман. Неколку инвестициони банки ги зголемија своите проценки за ризик од рецесија минатата недела, со J.P. Morgan која ги стави шансите за рецесија во САД и глобално на 60%. Голдман ги зголеми шансите за рецесија во САД на 35% од претходните 20% само минатиот месец, укажувајќи на тоа дека економските основи не се толку силни како во претходните години. Извор: Новинска агенциј МЕТА