„Првото прашање се однесува на минималната плата и она што некои од синдикатите го бараат, односно минимална плата од 500 евра и изјавуваат дека не се задоволни со сегашното покачување на минималната плата. За јавноста концептот на минимална плата е донесен во 2012 година, а во 2022 година е донесен посебен Закон за минимална плата, со кој што се утврдува еднаш во годината во месец март, да се пресметува минималната плата во висина од 50% од просечната исплатена плата и 50% од трошоците за живот од минатата година и според еден член од законот не смее да биде помала од 57% од просечната плата. Согласно последното законско усогласување во март, минималната нето плата во Република Македонија изнесува 24.379 денари, 36.037 денари бруто. Покачувањето е негде за 1.812 денари. Од една страна, некои од синдикатите го имаат тоа барање, од друга страна според Организацијата на работодавачи, минималната плата треба да се покачува со пораст на продуктивноста, потреба за поголем обем на рбаота, вложување во инвестиции, поголем извоз итн. Моето конкретно прашање на оваа тема ќе биде, кој е вашиот став во однос на барањето на синдикатот за зголемување на минималната плата“, истакна пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Ангелевска на денешната собрнаиска седница за пратенички прашања.
Ангелевска постави дополнително уште две пратенички прашања кои се однесуваа до претседателот на Влада. Второто прашање се однесуваше на потрошувачката кошница, односно како економските мерки кои што ги спроведе Владата за замрзнување на цените, влијаеле на трошоците за храна. Трето прашање кое го постави Ангелевска е поврзано со правосудниот систем и како претседателот на Влада ја коментира работата на Судскиот совет. „Второто прашање е поврзано со првото прашање, се однесува на потрошувачката кошница. Во февруари била 63.773 денари, според Сојузот на синдикати на Македонија, кој што и ја изработува оваа синдикална кошничка. Во март 61.855 денари, во април 62.691 денари и тоа опозицијата го искористи да каже дека е зголемување за 836 денри. Меѓутоа која е вистината? Како економските мерки коишто ги спроведе Владата за замрзнување на цените, влијаеле на трошоците за храна? Според пресметките на ССМ трошоците за храна се намалиле“ , истакна Ангелевска и додаде:
„Третото прашање е од правосудниот систем. Тоа е казната која што беше изречена за младата Теодора и пресудата која што ја изрече Основиот суд во Тетово од две години затвор, вие премиере јавно реагиравте на таквата одлука на Основниот суд во Тетово. Фамозниот Судски совет излезе со изјава дека на некој начин ја оправдува таа пресуда од две години од Основниот суд. Моето прашање е во врска со Судскиот совет. Низа на скандали, доверба на народот од 2% во судско-обвинителскиот систем. Почнувајќи од една изјава на една членка, која што се уште е член на Судскиот совет, која изјави дека си дава оставка како претседателка на Судски совет, заради притисок од бизнис политички елити. Понатаму, имавме избор на претседателка која де факто е советник, нејзино разрешување, низа на скандали. Ова Собрание, телото кое предлага пет од членовите во Судскиот совет изгласа недоверба, имавме интерпелации поединечно за членовите на Судски совет, меѓутоа тие не сметаа дека е морално да си поднесат оставки, и еве до ден денес си седат и донесуваат одлуки, вакви какви што донесуваат. Вие споменавте во медиумите дека најитни реформи се реформите во судството, без тоа другите реформи се бесмислени. Моето конкретно прашање е како вие ја коментирате работата на Судскиот совет и дали малата казна за Теодора ја сметате како една од причини за итно раззрешување на членовите на Судски совет?“ , заклучува Ангелевска.