Се поизвесно е дека по вчера спроведените избори Италија за прв пат во историјата ќе ја добие првата жена премиер.
Според првичните резултати, десничарскиот блок предводен од „Браќата на Италија“, партијата предводена од Џорџа Мелони, треба да има убедливо мнозинство во двата дома на италијанскиот парламент. Мелони ако дојде на премиерската функција со нејзините сојузници ќе се соочи со долг список на предизвици во услови на зголемени цени во енергетиката и војната во Украина.
-Ако бидеме повикани да ја водиме власта во земјава, тоа ќе го направиме за сите Италијанци, за сите, со цел да ги обединиме луѓето и да се фокусираме на она што не обединува, а не на она што нè дели.изјави Мислам дека ситуацијата во која се наоѓа самата Италија, ситуацијата во која се наоѓа Европската Унија, ситуацијата во која се наоѓаме и треба да се справиме, е пред се комплексна и бара придонес од секого.изјави – Џорџа Мелони – „Браќата на Италија“.
Со пребројани резултати на повеќе од 90 отсто од избирачките места, Браќата на Италија водат со повеќе од 26 насто, за разлика нејзиниот главен сојузник кој претрпе катастрофална ноќ. Лигата на Матео Салвини доби околу 9 насто од гласовите.
-Денес е понеделник кога после толку години има Влада избрана од граѓаните со јасно мнозинство и во двата Дома, и десно – ориентираниот Сенат. И затоа сфаќам дека најмалку пет години ќе се оди директно без промени пресврти фокусирајќи се само на работа. Утринава околу 4 часот и пишав на Џорџа на која и честитав. Очигледно беше задоволна. Ќе разботиме заедно долго време.изјави – Матео Салвини – Лидер на италијанска десничарска Лига.
Третиот член на коалицијата, партијата Форца Италија на поранешниот премиер Силвио Берлускони, освои околу 8 отсто од гласовите, така што партијата Браќа на Италија е доминантна во коалицијата. Најголемата партија во коалицијата на левиот центар, Демократската партија, освои 19 отсто од гласовите.
-Ќе биде значајно да се биде во опозиција. Имаме голема одговорност пред Еврпа, пред земјава. Пред најделикатните чекори со кои се соочуваме.изјави – Дебора Серачиани.
Мелони е на чело на Браќа на Италија од 2014. Партијата беше формирана пред една деценија за да ги пренесува духот и наследството на крајната десница во Италија која има корени во Италијанското социјално движење формирано на местото на Фашистичката партија. Таа, сепак, ја отфрла фашистичката етикета на нејзината партија, тврдејќи дека оваа идеологија припаѓа на минатото.
-Италијанската десница го остави фашизмот во историјата веќе со децении.изјави – Џорџа Мелони – „Браќата на Италија“
Излезноста на изборите беше 64 насто наспроти 73 проценти пред четири години – рекордно ниско ниво во земја која историски има силно учество на гласачите.