11.8 C
Скопје
16/06/2025 04:56
МАКТЕЛ

   

Андоновски: Извештајот на ЕК констатира недостаток на напредок во 35 области

      

Има причина зошто Димитар Ковачевски повеќе би сакал да зборува за опозицијата, отколку за Извештајот на Европската комисија.
Има причина зошто Бојан Маричиќ ќе зборува за собраниски процедури, од чиј надзор Владата бега, а нема да зборува за забелешките од Извештајот.

   

Тоа е затоа што овој Извештај ја обелодени системската негрижа на владата за спроведување на реформите. На сите сега им е јасно дека кај владата во Македонија нема сериозна и суштинска посветеност на реформите за кои само зборуваат.

Се гледа дека со години не се обрнува внимание на клучните области кои и се проблем на Македонија.
Оценката на Европската комисија, во многу делови, е дека нема никаков напредок во спроведувањето токму на препораките од Комисијата во претходниот извештај. Тоа значи дека Владата воопшто не ги земала предвид препораките на Европската комисија.

Извештајот го забележува повеќемесечно незакажување на седници за пратенички прашања во собранието што покажува евидентен страв од дебата во собранието, од надзор, од дискусија без клевети и навреди.

Извештајот ги забележува и законите со лажно европско знаменце со кои се сака да се протуркаат измени кои одговараат на власта на ДУИ и СДСМ: Во 81 таков случај.
Но, додека Власта зборува со флоскули, ние да зборуваме со факти.

Прво ЕУ и забележува на Владата дека сите препораки од минатата година не се адресирани во доволна мера, особено во делот на реформата на јавната администрација. Во реформата на истата нема напредок, а Македонија е само умерено подготвена.

Извештајот забележува и дека не е постигнат значителен напредок во однос на децентрализацијата на услугите и реорганизацијата на надлежностите меѓу централно и локално ниво.

Во делот на економијата, преовладува мислењето дека регионалната криза само ја продлабочи лошата состојба во општеството, со изразито висока инфлација, високи цени на добрата, храната и енергенсите, како и потресите на синџирите на снабдување.

Извештајот ја нагласува потребата мерките за справување со последиците од енергетската криза да бидат насочени кон ранливите слоеви од населението и компаниите. Тоа е во целосна спротивност со идејата на владата да ги финансира само бизнис партнерите на нејзиниот лидер.

Извештајот укажува и дека државната помош доделена на компаниите преку Планот за економски раст, како главен инструмент за хоризонтална помош, е нејасна, а државата не спровела оценка на нејзиното влијание.

Според овој Извештај, деловното опкружување продолжува да биде закочено поради огромната присутност на неформалната економија и бавниот напредок во рационализацијата на парафискалните давачки.
Извештајот наведува дека мерките и стратегиите за подобрување на бизнис окружувањето не се доволно систематски и конзистентни.
Извештајот дава критика и за отсуството на каков било напредок во справувањето со сивата економија.

Големото присуство на сивата економија го кочи бизнисот. Според Извештајот во својата остра критика наведува дека „предизвиците наметнати од големата неформална економија не се адресирани на одлучен начин”.

Почитувани,
ЕУ повикува и дека потребно е подобрување на управувањето со јавните инвестиции. Според Извештајот, овие прашања, како и големите празнини во транспортната и енергетската инфраструктура, ниските инвестиции и трошоците за иновации го кочат потенцијалот за раст на земјата.
Во делот пак на безбедносните служби се повторува критиката од претходните години дека земјата треба да го зајакне капацитетот за парламентарен надзор над разузнавачките служби. Во оваа област не е направен чекор напред ниту оваа година.

Иста е ситуацијата и со правосудството, каде што оценката е дека тоа е само на одредено ниво на подготовка односно е умерено подготвено. Според ЕК, забавено е темпото на имплементација на стратегиите за човечки ресурси.

Во иста ситуација е и борбата со корупцијата и организираниот криминал, каде што недостасуваат средства и кадровска екипираност. Тука Извештајот вели „Треба да се направи повеќе за да се подобри ефективноста на спроведувањето на законот во борбата против одредени форми на криминал, како што се перење пари и финансиски криминал.”

Ако ги сумираме оценките, Владата во Македонија има и најнизок степен на напредок има во вкупно 35 позиции, два пати повеќе од оние во кои има барем некаков степен на напредок, а особено ваква е ситуацијата во делот на политики на компетитивност, упростување на административните процедури, финансиските и буџетските регулативи, регионални политики и координација на структурните инструменти, правната рамка за алтернативното казнување, признавањето на професионални квалификации, пристап до пазарот на трудот, заштитата на потрошувачите, машинството, контролата и инспекцијата на води, итн.

Почитувани,
Очигледно е дека Владата е изгубена во просторот и времето. Затоа нема реформи и подобрување на состојбите.
Областите каде се забелешките од ЕК за застој не зависат од потпишување договори кои значат капитулација. Тие зависат од напорна работа, борба со корупција, ефикасност и чесна посветеност.

А реформите на општеството ни се потребни заради нас самите. Подобрувањето на состојбите не е заради ЕУ, туку е само заради Македонија.
Затоа на Македонија и се потребни промени.

   

Најново

БОГДАНОВИЌ: Деновиве актуелна тема по електронските медиуми е затворање на улиците во Дебар Маало за динамичен сообраќај и претворање на улиците во пешачки и велосипедски патеки

Sase Ivanovski

РУСИЈА Ѝ ПРЕДАДЕ УШТЕ 1.200 ТЕЛА НА УКРАИНА Москва не добила ниеден загинат руски војник за возврат

Sase Ivanovski

Седумдесет и осумгодишниот планинар Стојанче Костовски викендов се искачи на Олимп

Sase Ivanovski

406 ЛУЃЕ ЗАГИНАА ВО ИЗРАЕЛСКИТЕ НАПАДИ ВРЗ ИРАН, МЕЃУ НИВ И 14 НУКЛЕАРНИ НАУЧНИЦИ Главниот град Техеран е честа мета на удари

Sase Ivanovski

Иранскиот парламент го одобри договорот за стратешко партнерство со Русија

Sase Ivanovski

Ердоган: Турција сака да биде посредник во решавањето на спорот меѓу Иран и Израел

Sase Ivanovski

Шефот на иранската разузнавачка служба убиен во израелските напади

Sase Ivanovski

Германската полиција ќе користи алтернативни оружја против вооружени напаѓачи

Sase Ivanovski

Во завршна фаза проширувањето на 400 киловолтниот далновод помеѓу Албанија и Македонија

Sase Ivanovski

Асистентот на Диди откри што му купувал на раперот за „кралските ноќи“: Кондоми, лубриканти, мед…

Sase Ivanovski

Демонстрации против Израел во Хаг и Брисел

Sase Ivanovski

Иранците ја гаѓале и приватната резиденција на Нетанјаху

Sase Ivanovski

ТАЈНАТА ЗА ДОЛГ ЖИВОТ БИЛО ДА ЈАДЕМЕ ЈАЈЦА, МРСНА МОРСКА РИБА И МНОГУ КАФЕ

Sase Ivanovski

БОГОЈЕСКИ: СРАМОТА Е ДА СЕ РАДУВАМЕ НА БОМБИТЕ ШТО ПАЃААТ ВРЗ ИЗРАЕЛ

Sase Ivanovski

ДАНЕЛА ЈА ПРАШАА НА ФЕЈСБУК ЗА УНИВЕРЗАЛНА САЛА

Sase Ivanovski

Израелците соборија ирански ракети надвор од атмосферата вечерва, погледнете го видеото

Sase Ivanovski

За три до четири недели треба да заврши реконструкцијата на одделението за физикална терапија во кочанската болница, вели директорката

Sase Ivanovski

ИРАН: СОБОРИВМЕ ИЗРАЕЛСКИ Ф-35

Sase Ivanovski

НАМЕСТО ДА ГИ КРЕНЕ ТРКАЛАТА, ТОЈ СЕ ФАТИЛ ЗА РАЧКАТА ЗА ПРОДОЛЖЕНИТЕ КРИЛА: ФАТАЛНА ГРЕШКА НА КОПИЛОТОТ НА ИНДИСКИОТ АВИОН НАЈВЕРОЈАТНА ПРИЧИНА ЗА КАТАСТРОФАТА НА ЛЕТОТ ЗА ГЕТВИК

Sase Ivanovski

ЗЕЛЕНСКИ: НАПАДОТ НА ИЗРАЕЛ НАД ИРАН ЌЕ И ПОМОГНЕ НА РУСИЈА ПОРАДИ РАСТОТ НА ЦЕНАТА НА НАФТАТА

Sase Ivanovski

ВО УКРАИНА ПОЧНА СУДЕЊЕТО НА РУСКИОТ ВОЈНИК ОБВИНЕТ ЗА ЕГЗЕКУЦИЈА НА УКРАИНСКИ ЗАРОБЕНИЦИ, МУ СЕ ЗАКАНУВА СМРТНА КАЗНА

Sase Ivanovski

Магдебург ја освои титулата во ракометната Лига на шампионите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВУЧИЌ ВО ПАРК: Време е да ги подобрам физичките карактеристики, да бидам малку помалку дебел

Sase Ivanovski

Доминација на македонскиот кајакар Ане Петрушевски во Европскиот куп

Sase Ivanovski

Гатузо како селектор на Италија ќе дебитира против Естонија

Sase Ivanovski

Македонските граѓани и натаму се изложени на трошоци за зелениот картон

Sase Ivanovski

Пронајдена и втората црна кутија од авионот на „Ер Индија“ што се урна во Ахмедабад

Sase Ivanovski

ЗМЕП Трајков од Меѓународната научна конференција за ЕУ во Дубровник: Патот до ЕУ не е лесен, да покажеме дека припаѓаме во Европа

Sase Ivanovski

Ројтерс: Трамп не му дозволил на Израел да го убие иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи

Sase Ivanovski

МВР: Одобренија за патување во странство за малолетници ќе се издаваат од 8 до 18 часот

Sase Ivanovski

Полицајци нападнати во кафуле во 3 часот по полноќ

Sase Ivanovski

Проданоски: Владата направи меѓународни чекори што оваа држава не памети за толку краток временски период

Sase Ivanovski

КОМПАС: Мониторинг на Владините ветувања 2024–2028, наоди од првата година

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАКИМОВСКИ: Општината обезбеди нови ПП апарати за сите училишта и градинки

Sase Ivanovski

ОВИЕ ЗЕМЈИ ЕКОНОМСКИ ЌЕ ВЛАДЕАТ СО СВЕТОТ ДО 2039 ГОДИНА: На листата има и изненадувања

Sase Ivanovski

Дмитриев: Русија би можела да стане посредник меѓу Израел и Иран

Sase Ivanovski

Интервју со Наташа Бојчева, ветеринарка: Бричењето на крзното во лето може да му наштети на кучето

Sase Ivanovski

ИНЦИДЕНТ ВО ТЕТОВСКО: Meчка нападнала домашни животни, едното го изела, другото е повредено

Sase Ivanovski

НА ВЕЧЕРА СО СЕМЕЈСТВОТО ПОКРАЈ БАЗЕН: Градоначалникот на Гази Баба го прослави својот роденден

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПОРАКА ДО МЛАДИТЕ МАЖИ: 10 ЛАГИ ЗА ЖЕНИТЕ КОИ НЕ УЧАТ ВО ФИЛМОВИТЕ, ПЕСНИТЕ, МЕДИУМИТЕ…

Sase Ivanovski

Мицевски: Фрапантно е како ЈО молчи за аудито од 130 илјади евра на Филипче, а за ист случај веќе има отворено постапка за Пеце Мирчевски

Sase Ivanovski

НАЈДЕНИ СЕ 5 НОВИ КАМЕНИ ГРОБНИЦИ ОД ВРЕМЕТО НА КРАЛЕВИТЕ ФИЛИП ПЕТТИ И ПЕРСЕЈ Археолозите го откриваат древниот погребен свет на Маркови Кули

Sase Ivanovski

(Видео) СДСМ: Без одговорност на Тошковски и Јанев – нема правда за Кочани

Sase Ivanovski

Кирков: Хоророт во Скопје ЗОО и натаму продолжува

Sase Ivanovski

ОЈО ќе организира средба со родителите на загинатите во Кочани

Sase Ivanovski

Алиу открил 57 предизвици во здравството, фокус на онкоболните пациенти

Sase Ivanovski

Алиу најави: Секој граѓанин над 40 години ќе има право на бесплатни прегледи

Sase Ivanovski

ИРАН ГО ЗАМОЛИЛЕ КИПАР ДА ПРЕНЕСЕ ПОРАКИ ДО ИЗРАЕЛ

Sase Ivanovski

ИДФ: Бараж ирански ракети пресретнати во северен и централен Израел

Sase Ivanovski

Индекс: Јадранoт преполн со „ничии“ банкомати што наплаќаат огромни провизии

Sase Ivanovski

Татковците во Македонија слабо си играат со децата

Sase Ivanovski

Израел го бомбардираше аеродромот Мехшед во североисточен Иран

Sase Ivanovski

ВИДЕО Нетанјаху го посети нападнатиот град, толпата му ја пееше „Биби, крал на Израел“

Sase Ivanovski

Албанската Влада го усвои договорот со Србија за социјално осигурување

Sase Ivanovski

Жителите на „Марко Крале“ во Бутел со денови се гушат во смрдеа од ѓубре

Sase Ivanovski

ПУТИН ЧУВСТВУВАЛ ДЕКА КОНФЛИКТОТ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ТРЕБА ДА ЗАВРШИ Трамп се согласил, но му рекол дека и војната во Украина треба да заврши

Sase Ivanovski

ТЕХЕРАН ЌЕ ЈА ПОЧУВСТВУВА СИЛАТА НА ИЗРАЕЛСКАТА РАКА Нетанјаху најави жестока одмазда, Израел нападна објект на иранското Министерство за одбрана

Sase Ivanovski

Мерц: Не смее да му се дозволи на Иран да има нуклеарно оружје

Sase Ivanovski

Трамп: Наскоро ќе има мир меѓу Израел и Иран

Sase Ivanovski

Затворска казна за четворица обвинети за пожарите во близина на Атина во 2018 година – задоволство кај семејствата на жртвите

Sase Ivanovski

Нордиските и балтичките земји идни лидери на ЕУ

Sase Ivanovski

Петрушевски: Апсењата на ЈО во случајот Кочани се на база на документацијата од МВР, обврска да постапува и презема дејствија е исклучиво на ЈО

Sase Ivanovski

Реакција на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ: Целиот имот на Филипче е уредно и транспарентно пријавен во анкетните листови

Sase Ivanovski

Лишен од слобода возач од дебарско, управувал возило со 2,69 промили алкохол во крвта 

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Поранешниот претседател Стево Пендаровски учествуваше на 20тиот јубилеен Глобсек форум, кој се одржува во Прага, Чешката Република, под наслов “Управување (со) хаосот: Време е Европа да истапи напред”

Sase Ivanovski

Во Скопје се одржа протест за кучето Феликс, граѓаните бараат правда и затвор за убијците на животни

Sase Ivanovski

Витаминот Д може да спречи 30.000 смртни случаи од рак годишно, покажуваат истражувања

Sase Ivanovski

Шестата Парада на гордоста во Скопје ќе се одржи на 21 јуни под мотото „Ќе (оп)стоиме заедно!“

Sase Ivanovski

Таксист му зел 7.800 денари на Швајцарец од Центар до Средно Водно

Sase Ivanovski

Ѓоргиевски се жали: Властите во Македонија испраќаат порака до сите Бугари дека секој го очекува ова

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицевски со коментар на барањата на СДСМ за кривична и политичка одговорност на Тошковски, Јанев, Мицкоски: СДС за одговорност прво нека се обрати кај Филипче, Заев, Спасовски, Ахмети, сега има правда која се темели на наоди на институции кои работат слободно

Sase Ivanovski

Уште се трага по убиецот на американската претставничка од Минесота и нејзиниот сопруг – ФБИ понуди награда

Sase Ivanovski

ОНКОЛОГИЈА ЛИЧИ НА СЀ, ОСВЕН НА БОЛНИЦА Министерот Алиу најави крај на тендерските доцнења и на чекалниците без столчиња

Sase Ivanovski

РУСИЈА ИЗВРШИ МАСОВЕН НАПАД ВРЗ УКРАИНА СО 200 ДРОНОВИ И РАКЕТИ Киев цела ноќ соборувал „кинжали“, „искандери“ и беспилотни летала

Sase Ivanovski

Митева и Лефков: Направивме увид на одмoралиштето Пониква, кое станува рехабилитациски центар

Sase Ivanovski

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Sase Ivanovski

Направиле покрив на училиште во Богданци што при земјотрес може да им падне на глава на учениците

Sase Ivanovski

Кочани ни е во фокусот – ќе почнам оттаму, вели новиот министер за здравство

Sase Ivanovski

Герасимовски: Есенва симболот на Центар ,,КК Работнички” ќе игра во нова современа сала

Sase Ivanovski

Каракачанов: Додека Владата на Мицкоски е на позиција, Бугарија треба јасно да изјави дека во случај на уште еден антибугарски настан, ќе стави вето

Sase Ivanovski
Вчитувам....