Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска посочи дека советниците не треба да ја блокираат работата на ЈП “Водовод и канализација” и дека треба да го постават прашањето како поранешниот директор Перински вработил 120 луѓе за два месеци без јавен оглас.
– Многу е чудно како никој од вас не праша како успеал овој вашиов директор на јавно претпријатие успеал да вработи над 120 луѓе за два месеци, а сега на овој новиов којшто притоа исто така можеби е ваш поддржувач, прејдуицирате дека во иднина ќе направи нешто и затоа на поддржувате работа на јавно претпријатие и на тоа што е негова програма.
Немојте потоа да барате овој човек тука да дава резултати ако не му дозволувате да работи како што треба. Ќе барате одогворност ак тој вработи над 100 лица за два месеци како што претходно вработил овој претходниот што го фативме со рачето во медот.
Тогаш се бара одговорност, не се прејудицира. Зошто не прашате како успеал, кај ги најде бе овие 120 луѓе да ги вработи за два месеци? Како ги најде? Јавен конкурс објави? Каде ги бараше? Погрешни прашања се поставуваат, погрешни констатации се даваат. Не можете некој којшто сега отпочнал и ќе треба да продуцира во наредните 6 месеци резултати, вие сега да ог осудувате за нешто што можеби ќе го направи, а можеби и не, во насока на тоа да обезбеди подобра раота на тоа претпријатие.