Граѓанското движење Аваја потсетува дека Балансерот не придонесе за исполнување на принципот на паравична и соодветна застапеност на Ромите во државната и јавната администрација. Аваја веќе подолго време бара укинување на Балансерот поради недостатоците на софтверскиот систем, но и говори за злоупотребувањето на системот. Ја поддржуваме иницијативата за изнаоѓање на решение кое вистински ќе се грижи за соодветна и правична застапеност во државната и јавната адмнистрација.
Аваја истакнува дека подобрувањето на професионалноста во администрацијата е процес којшто мора да започне, меѓутоа нагласува дека тоа може да се постигне заедно со подобрување на системот на правична и соодветна застапеност на заедниците.
Од суштинско значење за ромската заедница е да имаме Роми вработени во државната и јавната администрација бидејќи нашите анализи укажуваат дека успешноста на спроведување на јавните политики и проекти за Роми како и давање на услуги е најголема во оние институции каде што има значаен број на Роми вработени во институциите.