12.8 C
Скопје
17/05/2024 08:06
МАКТЕЛ

  

     

 

Бесими: Новиот закон за буџети – реформа за поголема отчетност, дигитализација и подобро долгорочно планирање

      

   

Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес – да започнеме. Со мудрите зборови на нашата хуманитарка Мајка Тереза, која остави длабока трага во историјата, ја започнувам оваа колумна посветена на коренити реформи во јавните финансии. Можам да кажам дека веќе сме во напредна фаза на воспоставувањето на системот на „паметни“ финансии, кој се базира на јасна стратегија, одржливост, одговорност, реформи и трaнспарентност. Всушност, токму зад ова стои и акронимот СМАРТ (S-strategical, M-maintainable, A-accountable, R-reform oriented, T-transparent). Само со ваков, добропоставен систем на јавните финансии, можеме да обезбедиме нови инвестиции, нови работни места и подобар живот за граѓаните преку паметен, одржлив и инклузивен раст.

 

Со цел да го обезбедиме ваквиот систем, започнавме со подобрување на законодавството во неколку основни области, како планирање и буџетирање, јавни набавки, јавна внатрешна финансиска контрола и управување со јавниот долг. Структурата на најголемата реформа во јавните финансии е поставена. Значаен дел од системските закони се веќе усвоени, се изработуваат и донесуваат подзаконски акти и се оди кон нивна имплементација. Новиот Закон за буџети (Organic Budget Law), кој носи значајни реформи кај буџетските процеси, беше усвоен минатата недела. Измените на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, кој ја зајакнува фискалната децентрализација преку обезбедување на повеќе средства за општините, но и ја зголемува нивната отчетност и транспарентност, беше донесен пред околу еден месец. Законот за јавна внатрешна финансиска контрола е во собраниска процедура, додека сите подзаконски акти за Законот за јавни набавки се веќе донесени. Стратегијата за реформа на даночниот систем беше донесена од страна на Владата во декември 2020 година и изработен е Концепт за даночна реформа, за кој имавме широки консултации. Акцискиот план за спроведување на препораките за проценка на управувањето со јавните инвестиции (Акциски план за ПИМА) беше усвоен од страна на Владата во декември 2020 година, а истиот се однесува на активности кои треба да се спроведат заклучно 2024 година. Во финална подготовка се новите закони за зајакнување на институционалните капацитети на важни институции во областа на јавните финансии и државната ревизија, односно Законот за управата за јавните приходи и Законот за државна ревизија, во насока на зголемување на нејзината независност.

   

     

Реформи во време на криза

Во изминатите три години светот, вклучително и нашата економија, се соочуваат со кризи од досега невидени размери. Покрај мерките кои ги преземаше Владата за да ги ублажи ефектите од кризите (7 пакети на антикризни мерки од почетокот на пандемијата, наваму), не се откажавме ниту од градењето на подобар систем на јавни финансии и паралелно работевме на реформите. Ова беше препорака и од страна на сите релевантни меѓународни финансиски институции, кои ја поздравија заложбата на Владата во еден исклучително тежок период да работи на системските реформи. Добропоставениот систем на јавни финансии може да овозможи побрзо закрепнување на економијата од кризата, како и да обезбеди одржливост на економскиот раст и развој. Затоа, одговорот на прашањето на некои од општествените чинители – дали во време на криза е вистинскиот момент за спроведување на реформи во јавните финансии, е дека СЕГА е најдоброто време, за да можеме да имаме подобро УТРЕ.

Реформите во јавните финансии имаат за цел подолгорочно и поквалитетно планирање на буџетските програми и буџетите, одржливост и континуитет во спроведување на политиките, поправичен модел гледано од аспект на приходите, расходите и начинот на финансирање, односно како се полни буџетот и како и каде се трошат парите на граѓаните, како и следење и мерење на резултатите. Фокусот во СМАРТ-системот е ставен на замена на традиционалното буџетирање со буџетирањето според остварените резултати и воведување на повеќегодишна буџетска рамка. Еден од главните столбови на реформите во јавните финансии се транспарентноста и отчетноста, како и алоцирањето на јавните средства таму каде што даваат најголеми резултати според приоритетите на утврдување на оптималните политики во интерес на граѓаните и стопанството, како и воведувањето на концептот на „Вредност на парите“ (Value for money) при формирање на буџетот и воведување на т.н. клучни индикатори на успешност (Key Performance Indicators).

Новиот Закон за буџети го зајакнува кредибилитетот на процесот на буџетско планирање

Од сето ова кажано, читателот може лесно да заклучи колку суштински значаен е новиот Закон за буџети за воведување на новиот систем на јавните финансии. Законот, на мое големо задоволство, беше усвоен од страна на Собранието минатата недела и тоа со широк консензус. Буџетот е инструмент за спроведување на економските политики. Оттаму доаѓа и тежината на новиот Закон за буџети, кој е доста комплексен поради опфатот и влијанието кој го има врз целокупниот економски и општествен систем. Претходното законско решение беше на сила скоро две децении. Трендовите, директивите како и препораките на меѓународните финансиски институции, упатуваа дека има потреба од ново законско решение кое ќе го замени претходното. Новиот закон ја следи добрата европска практика, но ги користи и придобивките на модерната технологија во функција на унапредувањето на процесите. Тој обезбедува рамка за водење на здрава, предвидлива и одржлива фискална политика, но и зголемување на буџетската дисциплина и одговорност.

Со Законот за буџети се воведуваат голем број на суштински промени, кои се однесуваат на планирање, понатаму управување и извршување со приходите и расходите, како и фискална транспарентност и отчетност. Една од главните реформи кои ги носи законот е среднорочното проектирање, односно среднорочното буџетирање и петгодишната фискална стратегија. Со законот се делува во насока на подобрување на структурата и содржината на буџетот и на управувањето со јавните финансиски и нефинансиски средства, вклучително и објавување на регистар на јавни субјекти. Значаен дел од реформата е поставувањето на фискалните правила и фискалните принципи, како и воспоставување на Фискален совет, кој треба да обезбеди независни и професионални анализи и мислења за макроекономските и фискалните претпоставки, фискалната стратегија, буџетот, извештаите за реализација на буџетот, фискалните ризици и слично. Во насока на зголемување на отчетноста на Владата, се воведува изјава за фискалната политика која, треба да ги содржи насоките за фискалната стратегија за времетраење на мандатот. Истовремено, преку подобрување на квалитетот и квантитетот на извештаите ќе се делува кон унапредувањето на фискалната транспарентност. Исто така, преку интегрираниот информационен систем за управување со јавни финансии – ИФМИС, ќе се овозможи подобро планирање и следење на реализацијата на приходите и на расходите во буџетот.

Циклусот на подготовка на буџетот се проширува со цел да се даде повеќе време за добро планирање и инклузивност во процесот на подготовка, со воведување на задолжителна јавна расправа на предлог-буџетот, пред истиот да влезе во собраниска процедура. Исто така, процесот на подготовка на буџетот се вклопува со подготовката на тригодишната Програмата за економски реформи, која се разгледува од страна на Европската Комисија од каде следат препораки за идните политики и реформи на земјата. Со тоа се обезбедува уште една цврста алка на нашите економски политики и реформи со процесот на интегрирање кон ЕУ.

Накусо, поставивме рамка за водење на здрава, предвидлива и одржлива фискална политика, како и за зголемување на буџетската дисциплина и одговорност. Со новото законско решение, очекуваме фискалната политика да биде насочена кон консолидација на јавните расходи, преку постепено намалување на нивото на дефицитот, како и редизајнирање на јавните расходи преку зголемени инвестиции во инфраструктурата.

Во оваа колумна ќе се посветам на новините кои ги носи новиот Закон за буџети. Зошто постојано го потенцирам значењето на овој Закон? – Бидејќи тој ги поставува најголем дел од столбовите во системот на паметните финансии, односно економската анализа и макроекономската рамка, планирањето на буџетот, интегрираните јавни финансии и контролата.

Зајакнување на аналитиката и проекциите

Да започнеме од поставувањето на рамката – анализата и проекциите. Преку унапредувањето на капацитетите за анализа, воведувањето на нови алатки за макроекономско предвидување и проектирање на подолг рок, како и сеопфатната оценка на фискалниот ризик, ќе се зајакне претпазливоста на фискалните политики, а воедно и отчетноста. Дополнително преку воспоставувањето на фискални правила и Фискален совет ќе обезбеди подобрување на одржливоста на јавните финансии преку независна оценка на фискалната политика, економските стратегии и нивното спроведување, како и оценка на основните и макроекономски и буџетски проекции употребени во изработката на стратешки документи поврзани со јавните финансии.

Преку повеќе активности ќе се делува кон достапноста на податоците за анализа на приходите, подготовка на извештаи согласно најдобрите ЕУ практики и зголемување на капацитетите за моделирање. Понатаму, ќе се работи на зголемувањето на опфатот на економските анализи и проценка на влијанието на ризиците, развивање на нови алатки за макроекономско предвидување (вклучително и CGE модел) и јакнење на капацитетот за процена на фискалните ризици. Преку обуки на вработените во Министерството за финансии од релевантни институции ќе се унапредуваат анализите за движењата во одредени области од домашната економија, како пазарот на труд, неформалната економија, проценка на продуктивноста и конкурентноста на економијата итн. Исто така, ќе се врши проценка и на влијанието на одредени економски политики, реформи или мерки.

Фискален совет – независно тело кое ќе ја оценува фискалната политика

Фискалниот совет во голема мерка ќе влијае на раст на одржливоста на јавните финансии, преку независна оценка на фискалната политика и стратегиите, како и на проекциите, а воедно ќе го надгледува и спроведувањето на фискалните правила и ќе донесе дополнителна транспарентност во фискалниот дел. Согласно новиот Закон за буџети, ова независно тело, ќе биде составено од 3 члена предложени од МАНУ, Државниот завод за ревизија и Народната банка, а истите ќе ги избира Собранието. Членовите ќе бидат експерти од областа на јавните финансии, макроекономијата или економијата. Суштината на ова тело е неговата самостојност и независност во изготвувањето на мислења и анализи за проекциите и податоците во Буџетот и фискалната стратегија, како и во другите документи.

Сега, откако се создадени условите, односно откако е донесен Законот за буџети, започнуваме со подготовка на подзаконските и други акти кои ќе овозможат воспоставување на Фискалниот совет. Во соработка со меѓународните финансиски институции ќе ги анализираме најдобрите практики од регионот и ЕУ, кои ќе обезбедат целосно воспоставување и операционализација на советот.

Среднорочна фискална стратегија со проекции со секторски пристап

Со зајакнувањето на аналитичките капацитети, се поставува основа за следниот и најважен чекор – буџетското планирање. Новиот Закон за буџети овозможува подолгорочно планирање и планирање кое ќе биде пореално и ќе се базира врз претходните оставрувања. Многу важен аспект од овој процес е унапредувањето на среднорочната рамка. Тоа ќе се озвоможи преку среднорочната фискална стратегија базирана на секторски пристап.

Фискалната стратегија ќе биде основниот документ кој ќе овозможи предвидлива и одржлива фискална политика. Овој среднорочен документ ќе содржи широк опсег на податоци за сите нивоа на власт и проекции, кои ќе бидат согласно утврдените стратешки приоритети и макроекономски параметри. Понатаму, ќе се пристапи кон секторско планирање врз основа на квалитетни податоци и анализи, ќе се користи поширок опсег на податоци со нови табели и графикони за централниот буџет и буџетот на локалната самоуправа, како и податоци за проекти финансирани со средства од ИПА. Ќе биде дадени и компаративна анализа на проекциите со претходната фискална стратегија и споредба со проекциите на други домашни и меѓународни институции.

Во следниот период среднорочните фискални проекции ќе се базираат на среднорочно основно сценарио и нови иницијативи. Во основно сценарио се фискалните проекции согласно вообичаените надлежности на буџетските корисници, кои се резултат на веќе одобрени повеќегодишни обврски, договори и тековни проекти. Новите иницијативи пак, се однесуваат на нови проекти и нови финансиски обврски, значителна промена на временска и финансиска рамка на проектите, како и промени во законодавство кои би предизвикале фискални импликации по буџетот. На ваков начин ќе се обезбеди поголема кредибилност на проекциите, а воедно и поголема отчетност и транспарентност преку алтернативносто сценарио. Исто така ќе се пристапи кон унапредување на среднорочното планирање кај јавните претпријатија и трговски друштва на централно ниво.

Буџетирање врз основа на резултати

Преку буџетирањето врз основа на резултати, односно успешност, ќе се подобри ефикасноста и ефективноста на јавните расходи. Буџетирањето базирано на резултати има за цел да осигура дека клучните носители на одлуки и креатори на одделни политики систематски ќе ги земат во предвид резултатите што треба да се постигнат со реализација на расходите, односно најдобар начин за да се подобри креирањето на политики за расходи е да се користат информациите за успешност на резултатите. За да може истото да се реализира треба јасно да се дефинираат општите цели (поврзани со политиките), специфичните цели (поврзани со одделните програми) и резултатите кои се сака да се постигнат, односно индикаторите (поврзани со потпрограмите). Исто така, се утврдуваат и сумите потрошени на одредна цел – инпут индикатор. На овој начин ќе може на прегледен и транспарен начин да се следи колку за одредена цел е потрошено и кои се резултати по основ на истата. Исто така, очекувањата се дека ваквиот начин на планирање ќе придонесе кон фискалната консолидација која е една од целите на фискалната политика, но и кон подобрување на реализацијата на капиталните проекти.

Централизирана дигитална платформа за водење на јавни финансии – ИФМИС

Финалната алка во синџирот е Интегрираниот информациски систем за управување со финансии (ИФМИС), кој има за цел да ја подобри ефикасноста и транспарентноста во управувањето со јавните финансии преку поврзувањето на постоечките фрагментирани и неповрзани системи, на една централизирана дигитална платформа. ИФМИС ќе го овозможи воспоставувањето на повеќегодишната буџетска рамка, управување со јавните инвестиции, автоматизиран надзор над обврските, управување со основните средства, и управување со долгот. ИФМИС е и во насока на залагањата на владата за GovTech, односно имплементирање на напредни технологии во работењето. За време на Конституенцата на ММФ и Светска банка, која годинава се одржа во Сараево, при средбите го актуелизиравме прашањето на финансирањето на имплементацијата на ИФМИС, со цел што побрзо ефектуирање на законот.

Градење на капацитетите за имплементација на законската рамка и реформите

Постигнавме за релативно краток и исклучително турбулентен период многу, но имаме уште многу напорна работа пред нас. Ќе посочам и дека со цел да се овозможи целосно спроведување на буџетските реформи неопходно е зајакнување на човечките капацитети во Министерството за финансии и кај буџетските корисници, вклучително и преку обуки и стручно доусовршување за примена на новите методологии, алатки и процеси при изработка на буџетот и среднорочните проекции.

Несомнено, за успешна имплемнатација на реформите во јавните финансии неопходно е модернизација и реорганизација на администрацијата и зајакнување на институционалните капацитети. Тоа всушност, било и една од водечките премиси при основањето на Европската Унија, како што тогаш кажал Жан Моне „Луѓето ги прават промените, но институтциите ги прават промените да бидат оддржливи“. Односно, без кредибилни институции, нема ни одржливи политики и реформи. Водејќи се од тој принцип, за да горенаведените реформи бидат одржливи, направена е нова систематизација и дигитализација на процесите во Министерството за финансии со воведување на нови организациони единици за зајакнување на управувањето со јавните финансии. Организационите промени ќе значат подобро буџетското планирање и анализи, подобрување на системот за управување и проектирање на готовинските текови на трезорот, формирање на нов сектор за управување со средствата на државно ниво (финансиски и нефинансиски средства, вклучително и недвижностите), нов сектор за управување со јавните инвестиции (со цел оценка, следење и подобрување на реализацијата на јавните инвестиции), нова единица за концесии и јавни приватни партнерства, како и зајакнување на единиците за јавно-внатрешна финансиска контрола и финансиска инспекција на јавниот сектор (со цел подобрување на финансиската контрола и дициплина). Исто така, се зајаканува секторот за даночни политики со воведување на новини во однос на хармонизација со ЕУ и основање на Академија на јавни финансии како посебна организациона единица во Министерството. Со цел зајакнување на човечките капацитети и зголемување на ефикасноста на процесите и работењето на министерството се подигнува нивото на секторот за управување со човечките ресурси и се издвојува единицата за ИТ како посебен сектор. Промени и унапредување ќе има и во секторот за макроекономски политики, кој ќе прерасне во сектор за економски политики и развој, со цел подобрување на економското моделирање и проекции, а како посебна позиција, како новитет, е воведувањето на позицијата на главен економист во Министерството за финансии. Унапредувањето на институционалните капацитети, модернизација и дигитализација ќе следи и во останатите органи во состав на Министерството за финансии, односно Управата за јавни приходи, Царинската управа, Бирото за јавни набавки, Управата за финансиска полиција, Управата за финансиско разузнавање, Државниот девизен инспекторат и Управата за имотно-правни работи.

Покрај реформите со Законот за буџети, кои ја даваат базата, претстојат и други реформи кои треба да ја заокружат целината во градењето на СМАРТ системот, но за нив повеќе во некоја од следните колумни. Усвојувањето на овој системски закон е голем успех во градењето на подобар систем на јавни финансии и јавноста треба да биде информирана за тоа. Останува со исто толкава посветеност и елан да продолжиме да работиме и понатаму, бидејќи со градењето на подобар систем, градиме и подобар живот за нашите граѓани.

Колумна на министерот за финансии Фатмир Бесими

    

Најново

ХРВАТСКИ КРИТИЧАР: МАКЕДОНСКИОТ ЏЕЗ ОРКЕСТАР Е МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ ВО СВЕТОТ

Sase Ivanovski

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судски совет и Совет на јавни обвинители, наша цел е комплетна автономија на правниот систем без влијание од политика

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОВСКИ ОТКРИ ЗОШТО МУ ТРЕБА ВЕДНАШ 1 МИЛИЈАРДА ЕВРА ЗАЕМ ОД ЕВРОПСКА ЗЕМЈА: САКАМЕ ДА ГО ОТКАЧИМЕ БЕХТЕЛ И ЕНКА ОД БУЏЕТОТ ЗАТОА ШТО СЕКОЈА ГОДИНА ЌЕ ПРАВИ ДУПКА ОД ОКОЛУ 300 МИЛИОНИ ЕВРА ОД БУЏЕТОТ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОВСКИ: НАЈГОЛЕМА ПРЕДНОСТ МИ Е ШТО НЕМАМ БРАТ ИЛИ СЕСТРА БИЗНИСМЕНИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ ДО НОВИНАРОТ ЕРОЛ РИЗАОВ: ЛОШО СИ МЕ РАЗБРАЛ, НИ НА КРАЈ ПАМЕТ НЕ МИ ПАЃА ДА БИДАМ УРЕДНИК НА ВЕСТИТЕ НА ТЕЛЕВИЗИИТЕ

Sase Ivanovski

Демири: На Токсикологија нема хаос, економската директорка не го прекршила законот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ НА САМИТОТ МАКЕДОНИЈА 2025: ВО ПОЛИТИКАТА ВЛЕГОВ НЕ ЗА ДА СЕ ЗБОГАТАМ, ТУКУ ДА ВЛЕЗАМ ВО ИСТОРИСКИТЕ ЧИТАНКИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОВСКИ: АКО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО ОТИДЕ КАЈ ВЛЕН, ТОА ЌЕ БИДЕ ПОНИЖУВАЊЕ ЗА ВМРО ДПМНЕ А ТОА НЕ Е ДОБРО

Sase Ivanovski

„Вреди“ ја повлече тужбата на почетокот од јавната седница на Управниот суд

Sase Ivanovski

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник, целта ни е со коалицирање да стигнеме до 80

Sase Ivanovski

Грчки медиуми: По Силјановска Давкова, и Мицкоски го користи оспореното име

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БОМБА НА МИЦКОВСКИ: ВЕЌЕ ПОСТИГНАВМЕ ДОГОВОР СО ЕВРОПСКИ ЕНЕРГЕТСКИ ГИГАНТ ЗА ГОЛЕМА ИНВЕСТИЦИЈА ВО ЕНЕРГЕТИКАТА, ЌЕ ГО ПРЕЗЕНТИРАМЕ ДОГОВОРОТ ВО ПРВИТЕ СТО ДЕНА ОД НОВАТА ВЛАДА

Sase Ivanovski

Џафери: Управнот суд и институциите да ја заштитат кредибилноста на изборите

Sase Ivanovski

Кирил Петков имал страшна сообраќајка, загинал неговиот возач и уште две лица

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОВСКИ: НЕМА ДА И ЗАМЕРИМЕ НА ГРЦИЈА ШТО ЗА РАЗЛИКА ОД НАС УШТЕ НЕ ГО СПРОВЕЛА ВО ЦЕЛОСТ ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА, ЌЕ СЕ ОДНЕСУВАМЕ ПРИЈАТЕЛСКИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОВСКИ ДО ГРЦИЈА: НЕМА ДА СЕ ОДНЕСУВАМЕ КАКО ГРУЕВСКИ, НЕМА ДА ГРАДИМЕ СПОМЕНИЦИ ОД АНТИЧКА ИСТОРИЈА И ДА ПРЕИМЕНУВАМЕ АВТОПАТИ

Sase Ivanovski

Ученици во Тетово, фрлиле во височина друг малолетник, кој при падот тешко се повредил

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА ЗА АВТОПАТИТЕ НЕМА ДА ГО РАСКИНЕМЕ, ТУКУ ЌЕ ГО РЕПРЕГОВАРАМЕ, СЕГАШНИОТ Е НА ШТЕТА НА ДРЖАВАТА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОВСКИ: ДРЖАВАТА НЕ ТРЕБА ДА ИМ КАЖУВА НА БИЗНИСИТЕ СО КОЈА ЦЕНА ДА ГИ ПРОДАВААТ СВОИТЕ ПРОДУКТИ ИЛИ СЕРВИСИ

Sase Ivanovski

„Свечената заклетва на Силјановска беше достоинствена, наше право како во јавноста ќе ја нарекуваме државата“ вели Мицкоски

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОВСКИ: ВО ЈАВНИ НАСТАПИ НЕМА ДА ГО КОРИСТИМЕ НОВОТО ИМЕ, ГРЦИЈА ДА НЕ ПОКАЖУВА МУСКУЛИ, НИЕ ЌЕ РАБОТИМЕ НА ДОБРИ СОСЕДСКИ ОДНОСИ

Sase Ivanovski

Се врзал со чаршаф и се обесил – во кумановскиот затвор се самоуби притвореникот кој си ги уби сестрата и внукот во Габреш

Sase Ivanovski

Вилдерс тврди дека е постигнат договор за формирање на десничарска влада на Холандија

Sase Ivanovski

Цели 5 часа траела операцијата на словачкиот премиер Фицо – имал повеќе прострални рани

Sase Ivanovski

Атентат врз Фицо: шок со предисторија

Sase Ivanovski

(АРХИВА) Како Токсикологија „падна во раце“ на анонимна економска директорка и кадар без соодветно образование?!

Sase Ivanovski

Речиси 3.500 жени од Шуто Oризари немаат избрано матичен гинеколог

Sase Ivanovski

Партијата на Палевски бара тој да биде изолиран од ризици по живот како убиство и труење со храна

Sase Ivanovski

„Институтот Алексис Ципрас“ и „Фондацијата Зоран Заев“ ќе организираат меѓународна конференција за Мир и одржлив развој

Sase Ivanovski

Меџити: Остануваме на барањето за уставни измени и спикер во парламентот

Sase Ivanovski

Мијалков веќе не е на листата на должници на УЈП

Sase Ivanovski

КЛИМАТСКИОТ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОНД ОБЕЗБЕДУВА 85 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ТРАНЗИЦИЈА ВО БИТОЛА И КИЧЕВО

Sase Ivanovski

НА ТРУПОВИТЕ НА АВИОНИТЕ НАОЃАВ И 200 НЕДОСТАТОЦИ, НЕДОСТИГАА И ДЕЛОВИ, ИЗЈАВИ СВИРКАЧ ОД „БОИНГ“

Sase Ivanovski

НА 98 ГОДИНИ ПОЧИНА АКТЕРКАТА ГУДРУН ЈУР, ЅВЕЗДАТА НА СЕРИЈАТА „СУПЕРБАБИЧКА“

Sase Ivanovski

КОПАЛЕ ДУПКА НА ГРОБОТ НА ПОЗНАТИОТ ГЕРМАНСКИ ПОЛИТИЧАР ВОЛФГАНГ ШОЈБЛЕ, НО НЕ СТИГНАЛЕ ДО КОВЧЕГОТ

Sase Ivanovski

НЕМАМ ДЕН РАБОТЕН СТАЖ, КАКО МЛАД БЕШЕ ТЕШКО, НО ДЕНЕС УЖИВАМ ВО ТЕШКОТИЈАТА, ВЕЛИ МАСИН ПРЕД ГОЛЕМАТА ИЗЛОЖБА ВО ДАУТ ПАШИН АМАМ

Sase Ivanovski

СО 6 ГЛАСА „ЗА” И 5 „ПРОТИВ” УТВРДЕНА Е КАНДИДАТСКАТА ЛИСТА ЗА ЧЛЕН НА СУДСКИОТ СОВЕТ ОД ВРХОВНИОТ СУД, СО СУДИИТЕ ЦВЕТАНКА ПЕРИЌ И ИСАМЕДИН ЛИМАНИ

Sase Ivanovski

ЗА НАЈАВЕНИОТ КРЕДИТ НА МИЦКОСКИ ОД МИЛИЈАРДА ЕВРА ОД НЕКОЈА СТРАНСКА ВЛАДА, ГУВЕРНЕРКАТА НА НАРОДНА БАНКА КАЖА ДЕКА ТОЈ ТРЕБА ДА Е ОПРАВДАН И ДА БИДЕ ПОД НАЈДОБРИТЕ УСЛОВИ

Sase Ivanovski

СЕ БАРА НАЧИН ДА БИДЕ БЕСПЛАТЕН ХПВ СКРИНИНГОТ КОЈ ЧИНИ ОД 700 ДО НАД 3.000 ДЕНАРИ

Sase Ivanovski

СЕ ФАТИЈА МНОГУ НЕРАБОТНИ ДЕНОВИ И МНОГУ ВРНЕШЕ, ВЕЛАТ ОД „ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО“ ЗА ТОА ШТО СКОПЈЕ ОБРАСНА СО ТРЕВА

Sase Ivanovski

Шампионот останува на тронот – Ѓорче Петров слави нова титула!

Sase Ivanovski

Прв македонец во евро клуб на кардиолози

Sase Ivanovski

„ОПЕНАИ“ ПРЕТСТАВИ НОВ МОДЕЛ СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА, ПОБРЗ Е ОД ЧЕТГПТ И БЕСПЛАТЕН ЗА СИТЕ

Sase Ivanovski

Ленче Николовска: Идеја за инвестиција преку Мерка 7: Изградете апартмани во Струга или Валандово со грант од ИПАРД

Sase Ivanovski

Саша Богдановиќ: Супер бабичка на нашето детство. Почивај во мир.

Sase Ivanovski

Мицотакис за обидот за атентат врз Фицо: Грозоморно – ваквите акти на насилство немаат место во нашите општества

Sase Ivanovski

Путин: Колку поефикасно работиме на фронтот, толку повеќе имаме шанси ја решиме војната на мирен начин

Sase Ivanovski

Бајден планира да испрати 1 милијарда долари воена помош за Израел – кога?!

Sase Ivanovski

Во албанското МЕНР повикан српскиот амбасадор во врска со изјавата на вицепремиерот Вулин

Sase Ivanovski

БЕХТЕЛ и ЕНКА бара 4.000 градежни работници од Македонија

Sase Ivanovski

СИРИЗА ги достави во Парламентот меморандумите со Македонија, ја обвини власта дека ја негира промоцијата на Преспанскиот договор

Sase Ivanovski

Курти за вонредни избори во Косово: Опозицијата да се подготви, ние сме секогаш подготвени

Sase Ivanovski

Дали ќе се наруши Бадентеровиот принцип на гласање во Судскиот совет ако врховниот судија Исамедин Лимани стане член?

Sase Ivanovski

Русите се поблиску до Харков, Зеленски ги одложи сите патувања

Sase Ivanovski

Украинците уапсиле шестмина осомничени дека ѝ помагале на Русија да изврши напад врз зграда во Доњецк

Sase Ivanovski

Маричиќ од Котор повика на исполнување на обврските во рамки на Планост за раст на ЗБ

Sase Ivanovski

Марфи: САД го сметаат Додик за безбедносна закана

Sase Ivanovski

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

Sase Ivanovski

Уставен одлучи да не поведе постапка за измените на законите за платите на судиите и на членовите на Судскиот совет

Sase Ivanovski

МОН: Започна печатењето на одобрените учебници од прво до седмо одделение

Sase Ivanovski

Горан Стојановски: ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД ВО ОПШТИНА ЧАШКА!

Sase Ivanovski

ЗЕЛЕНСКА И ВУЧИЌ КАКО МОДНИ ИКОНИ Средба во Белград на првите дами на Украина и на Србија

Sase Ivanovski

Се очекува Касами да го врати пратеничкиот мандат, заедно со Таравари ќе продолжат да ги водат Тетово и Гостивар

Sase Ivanovski

ВНУКОТ НА ЏИМИ КАРТЕР ЈА ИЗВЕСТИ ЈАВНОСТА ДЕКА ПОРАНЕШНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ Е НА СМРТНА ПОСТЕЛА, ИМА 99 ГОДИНИ

Sase Ivanovski

ПРВИ ПР ГРЕШКИ НА НОВАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА, СЕ ГЛЕДА ДЕКА ОДАМНА НЕ БИЛА ВО ПОЛИТИКАТА: Премногу се доближува до луѓето со кои има средба, им влегува во личниот простор

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТАРАВАРИ: ЌЕ ИНСИСТИРАМЕ ДА ГИ ДОБИЕМЕ ИНСТИТУЦИИТЕ ЗА ПРОГОН ЗА ДА СЕ ПРЕСМЕТАМЕ СО КРИМИНАЛЦИТЕ ВО ДУИ

Sase Ivanovski

Маричиќ од Котор: Европеизацијата на државата со Планот за раст мора да продолжи за просперитет на секој граѓанин

Sase Ivanovski

VIVATECH 2024: СО HYPERSQUARE УПРАВУВАЧОТ, PEUGEOT ЈА ДИЗАЈНИРА ИДНИНАТА ВО НАСОКА КОН ЦЕЛОСНО УЖИВАЊЕ ПРИ ВОЗЕЊЕТО

Sase Ivanovski

ДУИ и Вреди со тужби до Управниот суд во врска со одлуките на ДИК за гласањето на изборите

Sase Ivanovski

Во Србија уапсен човек поради закани кон Вучиќ

Sase Ivanovski

Мајка и татко дошле во училна во основно училиште во Битола и ги истепале соученик на синот и наставничката

Sase Ivanovski

Кабинетот на Давкова му изразил загриженост на амбасадорот Маркуш за здравствената состојба на Фицо

Sase Ivanovski

Царинска управа: Запленети 4,8 килограми злато при влез на ГП Богородица

Sase Ivanovski

Левица: Изборниот систем сите нас нè краде, скратени сме за најмалку два мандата

Sase Ivanovski

ПОЧНАА ПРВИТЕ ПРОБЛЕМИ СО НОВАТА ВЛАСТ КОЈА ЈА ВРАТИ ГОРДОСТА Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите од договорот од Преспа

Sase Ivanovski

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

Sase Ivanovski

Истражување кое би помогнало при регулирање на вештачката интелигенција

Sase Ivanovski

67 санкционирани возачи на мотоцикли

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОРАТОРСТВОТО Е МОЌНО ОРУЖЈЕ ВО ПОЛИТИКАТА: ХИТЛЕР ОДРЖАЛ 1500 ГОВОРИ ВО РОК ОД 26 ГОДИНИ ДОДЕКА БЕШЕ ЛИДЕР НА НАЦИ ПАРТИЈАТА

Sase Ivanovski

125 санкционирани возачи во Скопје

Sase Ivanovski
Вчитувам....