28.8 C
Скопје
22/06/2025 11:10
МАКТЕЛ

   

Битиќи: Средните стручни училишта столбови за развој на образованието

      

Над 90 отсто од невработените во земјава се функционално неписмени или нефункционално писмени, а 63 отсто од нив се без основно или незавршено основно образование. Ова е фактичката состојба, ова е кадарот кој жедниот пазар за труд не може да го впие зашто е несоодветен. За ова мора да зборуваме, ова е децениски проблем и исклучително важно. Концептот на доживотно учење, на доквалификација и преклвалификација е реалност која секој мора да ја прифати. Тоа е можеби тешко, имајќи го предвид системот од кој излеговме, но поминаа три децении и редно е да го фатиме чекорот. Треба да се свртиме кон вработливоста, да го мериме кадарот со квалификации потребни за современиот пазар на труд кој веќе не подразбира тешка индустрија, туку роботика, мегатроника и вештачка интелигенција.

   

Ова го истакна вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во обраќањето на денешната Национална конференција „Подобрување на системот за СОО во 5 региони – потенцијал и проценка на капацитетите на средните стручни училишта во регионите“.

Битиќи напомена дека средните стручни училишта се можеби столбот за развој на образованието, а младите, пазарот на трудот и миграцијата се трите меѓусебно поврзани фактори кои мора така, холистички, да се гледаат.

Според вицепремиерот, за ситуацијата треба да се зборува отворено и проблемите јасно да се кажат зашто во спротивно, прогрес не може да се постигне. Сега кога сме во скрининг процес, треба точно, фактички и искрено да измапираме каде сме јаки, а каде слаби, на што треба да работиме со многу интенција, но и да разбереме дека сето тоа не го правиме за некој друг, туку за нас, за нашата иднина и нашиот развој.

– Млади, пазар на труд и миграција – сите се поврзани и меѓусено зависни и ако не ги гледаме холистички и не успееме да ја адресираме нивната комплексност, ќе имаме и следни 30 години во кои ќе се прашуваме што правиме погрешно. Фактите се непријатни и не звучат политички позитивно. Веројатно се очекува од некој што е на позиција како мојата да ги каже на јавен настан само добрите вести. Но, се додека не зборуваме со факти, со вистината или реалноста на ситуацијата, нема да го постигнеме прогресот што ни треба, нагласи Битиќи.

Заменик-министерот за образование и наука Љуљзим Алиу посочи дека еден од најголемите предизвици за земјава е зајакнувањето на човечкиот капитал за инклузивен економски развој.

– Квалитетот на образованието е основа за развојот на човечкиот капитал, реформски процеси во националниот образовен систем, меѓутоа потребни се дополнителни инвестиции за подобрување на процесот на учење. Една од иновациите е националната процена на тестирањето со што ќе се исполнат условите на следењето, еволуцијата на успехот на учениците во основните училишта на национално ниво, рече Алиу.

Нагласи дека во стручното образование започна суштинска реформа со цел да се оформат млади луѓе кои се подготвени да ги пресретнат барањата на пазарот на трудот. Минатата учебна година во сите средни стручни училишта, како што нагласи, имавме 97 дуални паралелки и повеќе од 1.400 ученици во истите. Оваа година имаме над 200 дуални паралелки и 2.700 ученици, лани имаше 250 вклучени компании, а годинава има над 400 компании вклучени во овој процес.

– Дел од промените што се преземаат со воспоставување на регионалните центри за стручно образование на национално ниво се насочени кон иновациска култура на регионално и национално ниво. Во фокусот е да инвестираме во развивање на заедници што учат со здружување на учениците, студентите, наставниците, професорите, родителите и бизнис заедницата. За таа цел во април оваа година официјално се усвои концептот за развивање на регионални центри за стручно образование и обука согласно стратегијата за образование 2018/20225 година. Концептот беше подготвен на иницијатива на МОН, а започна преку спроведување на истражувања за образовната понуда и побарувачката на работни вештини на пазарот на трудот. Дополнително се одржуваа консултации со меѓународните и националните чинители. Во таа насока верувам дека и денешните анализи се засновани на голем број консултации со сите засегнати страни што се вклучени во овој процес, рече Алиу.

Важноста на размената на информации, додаде тој, се увиде и во рамки на социјалниот дијалог што МОН го води со бизнис заедницата, стручните училишта и локалните самоуправи.

– Преку кампањата „Учи паметно, работи стручно“ што во континуитет се спроведува изминативе две години се идентификувани локалните потреби за одредени стручни профили кои веќе се дел од уписната политика за средните стручни училишта. Токму во соработка со деловната заедница и Стопанската комора се повтори вредноста на концептот на дуално образование. Тоа е ефикасен и ефективен пристап за учење директно на работното место во компанијата што овозможува стекнување практично применливи знаења и вештини и создавање на добро подготвена работна сила за настап на пазарот на трудот веднаш по завршување на образованието, посочи Алиу и нагласи дека регионалните центри за стручно образование и обука треба да се лидери во промовирањето на овој образовен концепт.

Регионалните центри за стручно образование и обука, како шт кажа, може да играат суштинска улога за унапредување на образовниот систем со иницијативите за иновации, економски развој и конкурентност и додаде дека денешните согледувања од обемната истражувачка работа направена во проектот за петте региони – Скопски, Пелагониски, Источен, Југоисточен и Вардарски регион ќе преставуваат солидна основа за зајакнување на реформските процеси во делот на стручното образование и обука.

Национална конференција „Подобрување на системот за СОО во 5 региони – потенцијал и проценка на капацитетите на средните стручни училишта во регионите“ е дел од активностите на проектот „Зголемување на атрактивноста, инклузивноста и релевантноста на стручното образование и обука и образованието на возрасни“ чија цел е усогласување на вештините на младите и возрасните согласно потребите на пазарот на труд преку зголемување на пристапот до квалитетно стручно образование, обука и образование за возрасни.

   

Најново

Израел тврди дека убил тројца команданти на иранската Револуционерна гарда

Sase Ivanovski

Марш за ангелите“ во Кочани – родителите на починатите деца побараа одговори од МВР, УЈП и од Обвинителството

Sase Ivanovski

Американски бомбардери Б-2 полетаа од американска база и се движат кон запад над Тихиот Океан

Sase Ivanovski

Силни експлозии во централниот и северниот дел на Техеран

Sase Ivanovski

Шеста Парада на гордоста во Скопје со јасен фокус на заедништвото, отпорот и борбата

Sase Ivanovski

Во Кочани од Словенија стигна донација од 4.070 лепенки за третман на изгореници

Sase Ivanovski

Работна посета на Заменик министерот Исени на СВР Битола

Sase Ivanovski

Дебата „Кажи си ја маката“ во Тетово – треба посилен граѓански притисок врз партиите

Sase Ivanovski

Филипче: Мицкоски фантазира за успеси, граѓаните бројат денови до плата

Sase Ivanovski

Бугарија има јасен план за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година, соопшти бугарската Влада

Sase Ivanovski

Глобалната потрошувачка на пиво се намалува

Sase Ivanovski

Хутите се закануваат дека ќе нападнат американски бродови ако Вашингтон се вклучи во израелските напади врз Иран

Sase Ivanovski

Лишени од слобода двајца возачи на подрачје на СВР Штип затоа што управувале возила под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

ЗАКИНТОС СЕ ТРЕСЕ: Земјотрес од 4,8 степени удри во Јонското море

Sase Ivanovski

Интернет конекциите во Иран се очекува да бидат обновени во 20 часот по локално време, пренесуваат медиумите

Sase Ivanovski

Ирански хакери ѝ се закануваат на Албанија: Иран има право со ракети да го нападне кампот на муџахедините кај Драч

Sase Ivanovski

Ирански официјален претставник: Европските предлози презентирани на состанокот во Женева се нереални

Sase Ivanovski

Од една до 10 години затвор му се закануваат на пријателот на Палчо, осомничен дека го сокрил пиштолот со кој биле убиени Вања и Панче

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Судиите и обвинителите се сè уште тие што СДС ги избра, доколку има нешто против законски за Христовски први ќе го повикаат за разговор

Sase Ivanovski

Иран поднесе жалба против шефот на МААЕ: Гроси ја загрози неутралноста и кредибилитетот на агенцијата

Sase Ivanovski

Бил Клинтон: Нетанјаху одамна сака војна со Иран за да може остане на власт засекогаш

Sase Ivanovski

Макрон: Иран никогаш не смее да добие нуклеарно оружје

Sase Ivanovski

Топ 5 намирници за кои мислевме дека се нездрави – но науката вели поинаку

Sase Ivanovski

Момче на 14 години избодено до смрт во Велика Британија: „Постојано велеше дека не сака да умре“

Sase Ivanovski

„Околу три по полноќ“ од Димитрие Дурацовски – хибридно прозно патување низ книжевноста, музиката и филмот

Sase Ivanovski

ОВА НЕ Е ШВАЈЦАРИЈА, ТУКУ ПИРАВА, ВАЛАНДОВО

Sase Ivanovski

БОГОЈЕСКИ: Направени се десетици лажни профили со украден идентитет на сите социјални мрежи и од нив системски се испраќаат пораки кон вас.

Sase Ivanovski

Ирански хакери ја нападнаа официјалната веб-страница на општина Тирана

Sase Ivanovski

„ВЕЌЕ ПЛАЌАМЕ КАМАТИ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ ОД КОЈ НЕМАМЕ ДОБИЕНО НИШТО“: Костадинов вели цената е веќе кажана – 2 милијарди евра!

Sase Ivanovski

ДИМИТРИЕСКА КОЧОСКА Е ПОБОРНИК ЗА ЛИНЕАРНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ: Во септември доаѓа ново покачување

Sase Ivanovski

НИШТО ОД НОВ ВЛАДИН АВИОН: Новиот буџет не дозволува набавка на ново летало

Sase Ivanovski

НЕМА ВЕЌЕ РАЗВОЗУВАЊЕ НА ДРЖАВНА СМЕТКА: Од септември сите службени возила ќе добијат таблици во боја

Sase Ivanovski

„ПРОДОЛЖУВАМ ДА ГИ КОРИСТАМ СИТЕ КОНТАКТИ ЗА ДА ЈА РАСКАЖАМ МАКЕДОНСКАТА ВИСТИНА“: Мицкоски телефонски разговараше со Пленковиќ

Sase Ivanovski

ГРЧКИ МЕДИУМ: Двајца капачи се удавија во морето, жена од Македонија и српски државјанин

Sase Ivanovski

ФОКУС: Милијардите како заразна „болест“ кај политичарите: Од времето на Циле, па до сега – ветени 23 милијарди евра, реализирани 0  

Sase Ivanovski

ПРЕСВРТ | Од Преспа преку Кочани до избори, како СДСМ ќе се бори за доверба кај гласачите

Sase Ivanovski

Новото раководство на кошаркарската федерација размислува за промена на името

Sase Ivanovski

МУ ЈА ДАЛ КОЛАТА, А ЗНАЕЛ ДЕКА НЕМА ПОЛОЖЕНО Двајца осомничени за трагичната несреќа во Охрид

Sase Ivanovski

Иран: Разговорите во Женева беа сериозни, подготвени сме да продолжиме

Sase Ivanovski

ОД ВЕЧЕРВА ЌЕ ВОЗИМЕ ПО ДЕЛНИЦАТА ПОДМОЉЕ-ОХРИД Еве како изгледа реконструираниот автопат

Sase Ivanovski

ТЕМНИ ОБЛАЦИ НАД ОХРИД Паѓаше град со големина на орев

Sase Ivanovski

ВО ТЕК СЕ ПРЕГОВОРИТЕ СО ВМРО-ДПМНЕ ЗА ЗАЕДНИЧКИ НАСТАП ВО НЕКОИ ОПШТИНИ Движењето ЗНАМ ја почна процедурата за кандидати за советници и за градоначалници

Sase Ivanovski

Земјотрес во Албанија, почувствуван e и во Македонија

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Сплитските пожарникари објавија драматични снимки од пожарите

Sase Ivanovski

Папата Лав 14-ти повикува на донесување етичка рамка за вештачка интелигенција

Sase Ivanovski

Иран: Повеќе од 400 луѓе се убиени од почетокот на војната со Израел

Sase Ivanovski

Советот на Европа бара од Хрватска поголема заштита на мигрантите

Sase Ivanovski

Стручната комисија на министерот за здравство, не најде пропуст за смртта на детето од Кавадарци

Sase Ivanovski

Нутриционистите предлагаат 5 навики кои го олеснуваат внесувањето доволно течности во летниот период

Sase Ivanovski

Лишен од слобода возач во Куманово, управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода

Sase Ivanovski

МАЛКУ ПРЕТЕРАЛА: АВСТРАЛИЈКА СО ОТРОВНИ ПЕЧУРКИ ГИ ОТРУЛА РОДИТЕЛИТЕ НА СОПРУГОТ

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Пред било кој прес да го направат за РЕК Битола, нека кажат каде е Васко Ковачевски кој е во бегство поради криминалите во РЕК

Sase Ivanovski

ЕКСКЛУЗИВНО: Помагачот на Палчо кој се сомничи дека го уништил ранецот со пиштол и мотороли бил вработен во Народна Банка како портир, бил проблематичен вработен со многу дисциплински постаки и пред отказ

Sase Ivanovski

УНИШТУВАЧОТ НА СИНИОТ РАНЕЦ НА ПАЛЧО ОСТАНА БЕЗ ПАСОШ Зоран Давитков ќе треба редовно да се јавува во Судот

Sase Ivanovski

Приведена бегалка од затвор, вратена е во надлежната установа за доиздржување на казната

Sase Ivanovski

АД ЕСМ: При испадот на Блок 2 од мрежата немаше хаварија, извесно е дека ни се случи саботажа

Sase Ivanovski

Претреси на две локации, откако Велибор Манев кажа дека вработен во Народна Банка по налог на Палевски го фрлил пиштолот

Sase Ivanovski

Важни информации за учениците што се запишуваат во средно училиште пристигнаа од МОН

Sase Ivanovski

Се бара притвор за скопјанецот што пијан со чадор ја удираше сопругата до онесвестување

Sase Ivanovski

Вечерва се пушта за сообраќај делницата Подмоље-Охрид

Sase Ivanovski

Ахмети ги поделил општините со Села и Таравари, се очекува договор за соработка?

Sase Ivanovski

И ХИТЛЕР ВАКА ЗБОРУВАШЕ НА ВРЕМЕТО Путин: Цела Украина е наша

Sase Ivanovski

Меџити за Ахмети и Таравари: Не се здружија за Албанците, туку за „Лотарија“ и „Соравиа“

Sase Ivanovski

Турските влечни хаубици БОРАН испорачани во Македонија

Sase Ivanovski

ВРЕДИ: ДУИ со зборови албански, со дела против албанскиот јазик

Sase Ivanovski

Генерал-полковник Замир: Израелците треба да се подготват за „продолжена кампања“ против Иран

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ковачки пред претседателите на Собранијата на земјите членки на НАТО: Македонија е доверлив и одговорен сојузник

Sase Ivanovski

Милевски: Преку дигитализацијата градиме модерна држава со транспарентни институции и достапни електронски услуги за сите граѓани  

Sase Ivanovski

Хајрулахи:Единствена причина за хајката против мене се бонусите на СЈО

Sase Ivanovski

ФЕИТ промовираше 180 дипломирани инженери и 40 магистри

Sase Ivanovski

Средба Димитриеска-Кочоска – Вуковиќ во Подгорица: Македонија го презема претседавањето со ЦЕФ

Sase Ivanovski

СДСМ: РЕК Битола е во колапс. Фирма на молер со кривична историја во Германија го „чисти“ комбинатот

Sase Ivanovski

СДСМ: Скандалот со сертификатот на Христовски од АНБ се прошири, бараме нова истрага од Обвинителството

Sase Ivanovski

СДСМ: ОЈО да отвори постапка, РЕК Битола е во колапс поради криминалните зделки на ВМРО ДПМНЕ

Sase Ivanovski

ФОКУС РЕПОРТАЖА ОД ВАРШАВА: Најуспешна приказна на ЕУ активно се спрема за војна со Русија, храната и е најслаба страна

Sase Ivanovski

Историска средба меѓу Пашинјан и Ердоган за нормализација на односите меѓу Ерменија и Турција

Sase Ivanovski

Нов бран израелски напади во Иран

Sase Ivanovski

Руската војска за еден ден собори 97 украински дронови

Sase Ivanovski

ФОТО НА ДЕНОТ: Добро утро од Фармата на Тони🌞🌞

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПРАШАЊЕ НА ВРЕМЕ Е КОГА ОВА ЌЕ ЗАВРШИ ТРАГИЧНО: МЕЧКА КОПА ВО КОНТЕЈНЕР ВО СЕЛО ТРЕБИШТЕ ОПШТИНА МАВРОВО

Sase Ivanovski
Вчитувам....