Вчера бевме во Тетово, каде што на обуката присуствуваа 20-тина наставници од Тетово и околните општини.
Блaгoдaрност до Zoran Stojcevski, Nazmidin Imeri и Komuna e Tetovës / Општина Тетово
Останаа уште неколку поголеми градови во Македонија во кои треба да се одржат обуки во наредниот период.
Досега се обучени повеќе од 100 наставници, од кои 50 не контактираа дека ќе почнат со часовите по шах.
Шаховската Федерација на Македонија им достави материјали за реализација на часот, наскоро ќе им бидат доставени и дополнителни „алатки“ кои ќе може да ги користат со цел да се направи часот поинтересен, поефикасен и покорисен за децата.
Остануваме отворени за соработка за сите заинтересирани.