Објавата на еден од армијата ботови во која е содржана клевета упатена на моја адреса е пракса или изблик само на една од разните форми на политичко социјалниот примитивизам на кои одамна навикнав и покрај борјните псоледици врз мене кои произлегоа од таквите објави. Сепак, со оглед на тоа што “ботот” Божидар Божиновски со неговата објава дека наводно сум влијаел врз уредништвото на Телевизија 24 да не се појавува на нивната прграма при тоа квалификувајќи ме како “фашист” e пренесена од некои портали кои се разбира не се обратиле до мене за да ја проверат веста должен сум да го дематирамн истото и да побарам од Здружение на новинарите на Македонија – ЗНМ да реагира соодветно.
Патем исто така во прилог на овој демант должен сум да упатам извинување до моите колеги во прокетот okruzenje.com на кој во март 2021 година им сугерирав да објават колумна од иститот Божидар во обид да му овозможам промоција пошироко во регионот. За истата колумна Божидар беше соодевтно хонориран. Се разбира за оваа моја одлука не барав да се заблагодари но најмалку очекував дека ќе ме клевети и дека ќе ме нарекува “фашист” . Целта на овој пост е апел до јавноста која е свесна за последиците од ширењето на клевети и лажни вести секогаш да реагира на таквите објави за да се спречи една од најмалигните феномени на денешницата.
Во прилог е линкот до колумната на овој млад човек со вежештен биохемески состав објавена на регионалниот портал okruzenje.com каде сум ангажиран како кооринадор за Македонија. https://okruzenje.com/…/mojo-kilington-skoplje-juvax…/
П.С Мирка и Миленко имаат пресуди за клеветнички објави против мене.