Денеска, (20.10.2022) министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ја предводи делегацијата од Министерството за внатрешни работи која во Берлин, Сојузна Република Германија, ќе учествува на Состанокот на министри одговорни за внатрешна безбедност и миграција од земјите учеснички во Берлинскиот процес, на кој министерот Спасовски ќе има обраќање.
Пред неколку дена тој беше сликан од патник како лета со ниско буџетната Изи Џет. Овие компании нудат ефтини авио летови поради тоа што се нуди помал простор во кабините, нема луксуз во кабините, нема храна или ако има е брза и ефтина храна, се дополнително се доплаќа како багаж вода и слично…