Сопственикот на Адора Инжењеринг Чифлиганец е оптимист дека деновиве ќе се договорат со ЕСМ за топланите Исток и Запад. Ванчо Чифлиганец ги купи овие две топлани од Топлификација уште во септемрви 2021 година по цена од 9,26 милиони евра. Но сега е неопходно ЕСМ да склучи со Адора или догоор за закуп или за сопственост на овие два објекти за да може да ја добие и третата лиценца, за производство на топлинска енергија за да може да набавува гас и да произведува топлина.
Адора инженеринг пред 13 месеци на јавна транспарентна лицитација ги купи Топланите Исток и Запад за 9,26 милиони евра со сите даноци и за оваа година претрпе огромни штети, бидејќи иако Адора инженеринг стана сопственик на Топланите, нема добиено ниту владение врз купениот имот од страна на Топлификација АД во стечај и БЕГ, ниту има наплатено надомест за нивното користење. Се очекува деновиве двете страни да постигнат согласност за најавената купопродажба на Топланите Исток и Запад. Адора инженеринг е согласна да го продаде имотот по истата цена по која го купила и секако очекува да и бидат исплатени досегашните побарувања за користење и амортизација на имотот што законски следувааат, се вели во дописот од компанијата.
Во моментов ЕСМ ги има лиценците за снабдување и дистрибуција, а откако ќе падне договор со АДОРА, ќе биде објавен нов оглас за добивање на лиценцата за производство на топлинска енергија.
Грејната сезона почнува на 15 октомври, најрано пак парното може да се вклучи на 1 октомрви, ако температурите се ниски. Сепак, се уште нема одговор од властите, од каде и кога ќе се набават потребните количини на гас.
Нема се уште ниту информација дали ТЕТО ќе се согласи да покрива 70 проценти од потребите на топлинска енергија и дали ќе работи 24 часа и ќе генерира струја.
ЕСМ се согласи да го преземе парното греење, откако БЕГ ги загуби трите лиценци. За да може да ја врши работата на Балкан Енерџи, државните електрани формираа и три компании, за снабдување, дистибуција и произвдоство. Во моментов се врши екипирање на фирмите. Според информациите од 300 те вработени во БЕГ, ЕСМ ќе ангажира околу 130 лица. А вкупната бројка на вработнеите во трите претпријатија на електрани ќе биде 310 работници. Најголем дел ќе бидат ангажирани во ЕСМ дистрибуција.